Мајсен
Мајсен (германски: Meißen; лужички: Mišno; латински: Misena, Misnia, Misnensium) — град со околу 30.000 жители на 25 километри северозападно од Дрезден на двата брега на реката Елба во Саксонија, во источна Германија. Мајсен е дом на прочуениот завод за мајсенски порцелан, замокот Албрехтсбург, готската катедрала и црквата Frauenkirche. Градот претставува административно седиште на истоимениот округ.
Мајсен
Meißen | |
Албрехтсбург и катедралата во Мајсен | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија |
Округ | Мајсен |
Градски единици | 12 |
Градоначалник | Олаф Рашке |
Основни податоци | |
Површина | 30,90 км2 |
Надм. височина | 106 м |
Население | 29.011 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 939 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | MEI |
Пошт. бр. | 01654–01662 |
Повик. бр. | 03521 |
Портал | stadt-meissen.de |
Местоположба на градот Мајсен во рамките на округот Мајсен | |
Координати | 51°9′49″N 13°28′39″E / 51.16361° СГШ; 13.47750° ИГД |
Историја
уредиМајсен понекогаш е нарекуван „Лулка на Саксонија“. Градот настанал од раната словенска населба Mis(s)ni, именувана по малата река Mis(s)na, денес Мајсабах (види Miesbach/Musbach/Mosbach), населена од словенското племе Гломаче и била основана како германски град од кралот Хенрик Птичарот во 929. Во 968, била основана Мајсенската епископија и Мајсен станал епископско седиште на епископот. Католичката епископија била потисната во 1581, откако епископијата ја прифатила протестантската реформација (1559), но била повторно создадена во 1921, најпрвин во Бауцен, а сега во католичката црква „Хофкирхе“ во Дрезден.
Грофовијата Мајсен било основано во 968 со градот како негов главен град. Како пазарен град во 1000, Мајсен преминал во Кралството Полска во 1018 под водство на Болеслав I, потоа во рацете на царот Конрад II во 1032 и на династијата Ветин во 1089. Градот бил на линијата на источното населување Ostsiedlung, или интензивното населување на Германци на руралните словенски земји источно од Елба. Градот ги добил градските права во 1332.
Изградбата на катедрлата во Мајсен била започната во 1260 на истиот рид, како и замокот Албрехтсбург. Поради недостатокот на простор, катедралата е една од најмалите катедрали во Европа. Црквата е исто така позната како една од најчистите примери на готска архитектура.
Во текот на Втората светска војна, во градот постоел подкамп на концентрациониот камп Флосенбирг.[2]
Порцелан
уредиМајсен е познат по производството на порцелан, засновано на големите месни резерви на глина (каолин) и потер глина. Порцеланот од Мајсен бил првиот висококвалитетен порцелан изработен надвор од Ориентот.
Првиот европски порцен бил произведен во Мајсен во 1710, кога била отворена кралската порцеланска фабрика во Албрехтсбург. Во 1861, била преместена во речната долина Triebisch, близу Мајсен, каде фабриката за порцелан се наоѓа и денес. Заедно со порцеланот, се изработувале и други керамики.
Главни знаменитости
уредиАлбрехтсбург, поранешна резиденција на династијата Ветин, е сметан како прв замок, кој бил користен како кралска резиденција го германското говорно подрачје. Изграден помеѓу 1472 и 1525, тој е прекрасен пример на готскиот стил. Бил обновен во 19-от век со разни мурали, посветени на саксонската историја. Денес, замокот е музеј. Во близина е готската катедрала во Мајсен од 13-от век (Meißner Dom), чија капела е една од најпознатите места за погребувања на семејството Ветин. Ридот на кој се наоѓаат замокот и катедрлата нуди извонреден поглед над покривите на стариот град.
Историскиот округ Мајсен се наоѓа главно околу главниот плоштад на подножјето на ридот. Содржи многу згради со ренесансна архитектура. Исто така, извонреден е погледот од 57-метри високата кула на Frauenkirche (Богородична црква), која се наоѓа на местото на стариот плоштад. Оваа црква, немојте да бидете збунети со Dresden Frauenkirche, била првпат спомената во декрет од 1205, издаден од бискупот Дитрих II и потоа околу 1450 била обновена во доцен готски стил. Нејзината кула го има првиот порцелан, произведен во 1929 во чест на прославата за 1000 годишнината на градот. Друга туристичка знаменитост е светски познатата фабрика за порцелан.
Во Мајсен се одржуваат неколку фестивали од пролетта до есента, како што се керамичкиот пазар или Weinfest, кој го прославува виното. Виното од Мајзен се произведува од виновите лози сместени до речната долина на Елба (Elbtal) околу градот, дел од саксонскиот вински регион, еден од најсеверните вински региони во Европа.
Познати жители
уреди- Свети Бено — бискуп од Мајсен, роден околу 1010 во Хилдесхајм, умрел 16 јуни 1106
- Хајнрих Фрауенлоб — поет, роден 1250/60, умрел 29 ноември 1318 во Мајнц
- Јохан Клај — поет, роден 1616, умрел 16 февруари 1656 во Кицинген
- Јохан Елиас Шлегел (1719–1749) — критичар и писател
- Јохан Адолф Шлегел (1721–1793) — писател и свештеник
- Самуел Ханеман (1755–1843) — доктор
- Хан Филип (1917–1943) — борбен пилот
- Ралф Шуман (р. 1962) — олимписки стрелец
Збратимени градови
уредиМајсен е збратимен со следниве градови:
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)
- ↑ Кристин О‘Киф. Концентрациони логори. tartanplace.com
Надворешни врски
уреди„Мајсен“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски)
- Гига-католик
- Музеј за порцелан Мајсен Архивирано на 28 декември 2009 г.
- Туристички информации Архивирано на 18 март 2009 г.
- Семрежна камера во Мајсен Архивирано на 17 декември 2008 г. (германски)