Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                

Движење Беса (албански: Lëvizja Besa) — политичка партија на Албанците во Македонија, основана на 22 ноември 2014 во Скопје.[1] Претседател на партијата е Биљал Касами. На парламентарните избори во 2016 година „Беса“ освоила пет пратеници, со што станала втора најголема албанска партија во Собранието.[2] На парламентарните избори во 2020 година, партијата учествувала во коалиција предводена од СДСМ и освојила 4 пратенички мандати. Во парламентарните избори во 2024, партијата била дел од албанската коалицијата ВРЕДИ и освојила 3 пратенички мандати.

Движење Беса
ВодачБиљал Касами
Основана22 ноември 2014
ШтабСкопје
Идеологијасоцијален конзервативизам
Боибела, црвена, црна
Собрание
2 / 120
Општини
3 / 80
Мрежно место
levizjabesa.mk
Знаме
Политика на Република Македонија
Политички партии
Избори

Финансиски извештаи

уреди

Според завршната сметка за 2016 година, партијата остварила приходи од 58.500 евра (од кои, приходите од членарини и донации изнесувале 57.000 евра), нејзините расходи изнесувале 70.000 евра, додека имотот на партијата вредел 12.500 евра.[3]

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. БЕСА – нов политички субјект на Албаците во Македонија Архивирано на 24 јануари 2020 г. Нова ТВ (22 ноември 2014)
  2. Победата на ДУИ во сенка на БЕСА и СДСМ Призма.мк (13 декември 2016)
  3. Влатко Стојановски, „ВМРО-ДПМНЕ трупа недвижности, а ДУИ собира сè помалку донации!“, Фокус, број 1124, 21 април 2017, стр. 18-22.