Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                

Вилнус (литвански: Vilnius; полски: Wilno) — главен град на Литванија. Се наоѓа во југоисточниот дел на земјата, близу границата со Белорусија. Има многу зелени површини и паркови.

Вилнус
Vilnius
град, општина
Знаме на ВилнусГрб на Вилнус
Местоположбата на Вилнус
Местоположбата на Вилнус
Координати: 54°41′N 25°17′E / 54.683° СГШ; 25.283° ИГД / 54.683; 25.283
Површина
 • град, општина401 км2 (155 ми2)
Население (2011)
 • град, општина554 060
 • Густина1.391,9/км2 (36,050/ми2)
 • Метро838,852
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Мреж. местоПортал
Панорама на стариот дел од градот
Остробрамска улица во стариот Вилнус
Православна Богородичина црква во Вилнус
Реката Вилна

Историја

уреди

Населбата на местото на Вилнус, првпат се споменува во 1252 година под името Ворут, легендарен главен град на Миндаугас, а под денешното име во 1323 година. Веќе во 1387 година населбата на Вилнус ги добива градските права. Во прво време градот се наоѓал во рамките на Големо Кнежевство Литванија. Во почетокот од 16 век оваа државата доживува свој зенит, а средновековниот Вилнус својот процут. Градот се одликува со бадемите од 1503 до 1522 со дури девет градски врати и три кули. Владетелот Сигисмунд Август имал свој двор во Вилнус во 1544 година. Универзитето Вилнус го основал градот Стефан Батор во 1579 година. Меѓутоа, постојаните војни со Русија на ситокот на државата довеле до пад на градот под нивна власт и пустошење кон крајот на 17 век. Градот брзо се опоравил и наскоро повторно бил еден од најголемите градови од овој дел на Европа.

Во 1795 година Вилнус потпаднал под власт на Царска Русија. Градот и понатаму ја задржал положбата на важно стопанско средиште, но востанијата и бунтите на Литванија довеле до низа мерки.

Втората светска војна донела бројни последици по Вилнус. Во 1939 година раководството на Литванија прифатила присуство на војска на СССР на својата територија во замена на приклучување на Вилнус кон Литванија. Но, веќе во 1940 година Вилнус и поголемиот дел на Литванија е приклучен на СССР.

До 1991 година со Вилнус раководела дотогашната Литванска Советска Социјалистичка Република изгласано е осамостојување на Литванија. Во 2009 година градот добил статус на европска престолнина на културата.

Географија

уреди

Вилнус се наоѓа во југоисточниот дел на Литванија, на некои 20 км од белоруската граница. Од Балтичко Море на западот од земјата градот е оддалечен околу 320 км. Вториот град на Литванија, Каунас, се наоѓа на 102 км западно од Вилнус.

Вилнус се наоѓа во западниот дел на пространата Источноевропска Низина. Градот е сместен на 112 м надморска височина, во долината на реката Нерис. Градското подрачје зазема 402 км2. Градот Вилнус се формирал на местото на влевањето на реката Вилне во значајната река Нерис. Реката меандрира низ градот. На подрачјето на градската управа се наоѓа и низа од мали езерца од ледничко потекло, околу кои денес се сместени градските паркови.

Климата во областа на Вилнус е умерено континентална.

Само 20% од градската површина е изградено подрачје, а останатиот дел се паркови, шуми, полјани и обработливо земјиште. Поради тоа Вилнус е еден од „најзелените“ главни градови во Европа.

Демографија

уреди

Во градиот живеат околу 533.000 жители (податок од 2003 година), додека густината на населеност изнесува 1350 ж/км2.

Според последниот попис поголемиот дел од населението го сочинуваат Литванци со 58%, но градот има и хетерогена национална и верска структура. Покрај тоа, значаен дел од населението се Полјаци (19%), Руси (15%) и Белоруси (4%). Полјаците до Втората светска војна биле претежно население во градот и околината. До таа војна во град живееле и Евреи и Германци.

Со падот на комунизмот присутно е стално опаѓање на бројот на населението во Вилнус (како и во цела Литванија). Иако последните години процесот е успорен, тој и понатаму е присутен.

Стопанство

уреди

Иако во Вилнус живее 15% од целокупното население на Литванија, тој дава дури 35% од државниот приход. Денес Вилнус е главен економски центар на земјата, иако некогашната индустрија била значително помалку присутна во однос на она од пред 20 години. Од друга стра,а терцијалниот сектор диживел вистински процут, најмногу благодарејќи на добивање статус на престолнина и на туризмот, засновам на добро сочуваниот градски алштат.

Спорт

уреди

Образование

уреди

Култура

уреди

Сообраќај

уреди

Знаменитости на градот

уреди

Градот Вилнус е препознатлив по добро сочуваниот стар градски алштат, еден од најголемите во цела Европа (на површина од околу 3,05км2). Стариот град и ден денес е опкружен со стари ѕидови и капии, а во средишниот дел се наоѓа катедралата и градската куќа. Посебно интересно доживување за посетителите е сплетот од верски храмови (католички, православни и протестантски цркви, синагоги...), како одраз на бурното минато, кои всушност се наоѓаат на многу мали меѓусеби растојанија.

Збратимени градови

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди