Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                

Алах (арап. <span=2 style="font-size: 15pt">الله, ʔalˤːɑːh, изговор) — арапскиот збор за „Бог“.[1] Додека во Европа и на Западот поимот е познат по неговата употреба од муслиманите кога зборуваат за Бога, истиот се користи од арапските говорници од сите Аврамски вери, во кои спаѓаат и христијаните и Евреите.[1][2][3] Овој збор се користел и од паганските Меканци во однос на богот создател, веројатно врховниот бог во Предисламска Арабија.[4]

Концептите поврзани со зборот Алах (како божество) се разликуваат од предание до предание. Во Предисламска Арабија кај Арапите-многубошци, Алах не бил единствениот Бог, туку тој имал соработници и придружници, ќерки и синови — замисла која во огромна мера се коси со исламот. Во исламот, Алах е врховно и сеопфатно божествено име. Сите други божествени имиња се сметаат дека се имиња на истиот еден и единствен Бог.[5] Алах е уникатен, единствен Бог, трансцендентен создател кој е семоќен.[1][2] Денешните арапски христијани, не мајќи друг збор за 'Бог' освен Алах,[6] употребуваат поими како Алах ел-Аб (الله الآب) "Бог-Отецот". Постојат сличности и разлики помеѓу концептите за Бог во Куранот и Стариот завет.

Уникод има кодно место резервирано за Алах, = U+FDF2.[7] Многу арапски фонтови имаат специјални лигатури за Алах.[8]

Потекло на поимот

уреди
 
Медалјон со 'Алах' во Аја Софија, Истанбул, Турција.

Поимот Алах најверојатно е добиен како кованка од арапскиот член ал- (ел) и ʾилах „божество, бог“, па така настанал ал-лах со значење „Богот“ („единствениот Бог“).[4] Според друга теза, зборот потекнува од арамејскиот збор „Алаха“.[4] Истоветни зборови постојат и во другите семитски јазици, како хебрејскиот и арамејскиот.[3] Соодветната арамејска форма е אֱלָהָא ˀЕлаха на библиски арамејски и ܐܰܠܳܗܳܐ ˀАлаха или ˀАлохо на сириски.[9]

Кованката од ал- (ел-) и ˀилах го сочинува зборот Аллах (“божеството” во машки род), што е паралелно на кованката ал- (ел-) и ʾилаха, што го сочинува зборот Аллат (“божеството” во женски род).[10]

Употреба во арапскиот јазик

уреди

Предисламска Арабија

уреди

Во Предисламска Арабија, Меканците го употребувале зборот Алах за богот-создател, кој веројатно бил врховниот бог.[11] Алах не бил единственото божество и замислата за овој поим може да била прилично неодредена во меканската вера.[4] Алах имал придружници и соработници, кои предисламските ги сметале за потчинети богови. Меканците сметале дека меѓу Алах и џинот (дух) постоело сродство.[12] Алах имал синови[13], а негови ќерки биле локалните божици ел-Уза, Манат и ел-Лат.[14] Меканците веројатно ги поврзувале ангелите со Алах.[15][16] Алах се повикувал во време на неволја.[16][17] Мухамедовиот татко се викал Абдулах, што значи “роб на Алах”.[16]

Муслимани

уреди

Во Исламот, Алах е името на безимениот Бог,[10] стожерот на исламската вера.[1] "Тој е единствениот Бог, трансцендентед создател на космосот и судија на човештвото."[1][2] "Тој е уникатен (вахид) и инхерентно еден (ехад), сомилосен и семоќен."[1] Куранот тврди дека „стварноста за Алах, Неговата недостапна мистерија, Неговите разни имиња и Неговите дела во име на Неговите суштества“.[1]

 
Натпис „Алах“ на еден ѕид на Ески Џами (Стара Џамија) во Одрин, Турција.

Според исламските преданија, постојат 99 имиња на Бог (ел-есма ул-хусна букв. знач.: „Најубавите имиња“), а секое од нив е строга одлика на Алах.[2][18] Сите тие имиња се однесуваат на Алах, врховното и сеопфатното божествено име.[5] Меѓу тие 99 имиња за Бога, најпознатите и најчестите се „Милостивиот“ (Ер-рахман) и „Сомилосниот“ или „Сочувствителен“ (Ер-рахим).[2][18]

Највеќето муслимани го користат изразот „инша Алах“ (букв. „волен Бог“ или „со Божја волја“) кога зборуваат за идни настани.[19] Говорно, муслиманите се подучуваат да велат „Бисмиллах“ при започнување на нештата.[20]

Муслиманите се подучуваат да ги повторуваат исказите: „Субханаллах“ (Славен е Бог), „Елхамдулиллах“ (Слава на Бога), „Ла илахе иллаллах“ (Нема друг бог освен Аллах) и „Аллаху Екбар“ (Бог е најголем) како богослужбена вежба за сеќавање на Бога (зикр).[21] Во суфискиот обичај познат како зикруллах (букв. сеќавање на Бога), суфијата повторува и медитира со името Алах или други Божји имиња додека си го контролира дишењето.[22]

Други

уреди

Арапските говорници од сите Аврамски вери, меѓу кои и христијаните и Евреите, го користат зборот „Аллах“ со значење: „Бог“.[3] Денешните арапски христијани, не мајќи друг збор за 'Бог' освен 'Алах'.[6] Тие, на пример, ги користат поимите Алах ел-аб (الله الآب) - Бог-Отецот, Алах ел-ибн (الله الابن) - Бог-Синот и Алах ел-рух ел-кудус (الله الروح القدس) - Бог-Светиот Дух (Видете Бог во Христијанството за христијанската замисла за Бог).

Арапските христијани користат два облика на молитва (повик) придодаден кон почетокот на пишаните дела. Тие ја имаат прифатено исламската Бисмиллах, но исто така имаат создадено своја тројствена Бисмиллах во VIII век.[23] Исламската Бисмиллах гласи: „Во името на Бога, Милостивиот, Сомилосниот“. Тројствената Бисмиллах гласи: „Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, Еден Господ“. Молитвите на останатите христијани во светот не ги содржат зборовите „Еден Бог“ на крајот. Овој додаток е направен за да се нагласи монотеистичкото значење на тројството и за молитвата да биде поприфатлива за муслиманите.[23]

Според Маршал Хоџсон, во предисламско време некои арапски христијани оделе на аџилак во посета на Ќабата, која во тоа време била пагански храм во чест на Алах како Бог-Создател.[24]

Типографија

уреди
 
Грб на Исламската Република Иран, од 1979 до денес.

Уникод има кодна точка резервирана за Алах, = U+FDF2.[7] Овој знак, според официјалните уникодни спецификации може да се разложи на елиф-лам-лам-хе (الله‎ U+0627 U+0644 U+0644 U+0647).[25] Арапските фонтови често имаат специјални лигатури за [А]ллах и го испуштаат првичниот елиф.[8]

Калиграфската варијанта на зборот е употребена во грбот на Иран и е кодирана во Уникод, под „Разни симболи“, на кодна точка U+262B ().[26] Грбот на Иран стои и во средиштето на знамето на Иран. Може да се сфати или како стилизиран збор „Алах“, или како претстава на Земјината топка, или пак како две полумесечини.[27]

Белешки

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 "Allah." Енциклопедија Британика. 2007. Енциклопедија Британика Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Britannica“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Encyclopedia of the Modern Middle East and North Africa, Allah
  3. 3,0 3,1 3,2 Енциклопедија „Колумбија“, „Алах“ (Allah) Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Columbia“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 L. Gardet, "Allah", Encyclopedia of Islam Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „EoI“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  5. 5,0 5,1 Murata, Sachiko (1992), The Tao of Islam : a sourcebook on gender relationships in Islamic thought, Albany NY USA: SUNY, стр. 206, ISBN 0791409147
  6. 6,0 6,1 Lewis, Bernard; Holt, P. M.; Holt, Peter R.; Lambton, Ann Katherine Swynford (1977). The Cambridge history of Islam. Cambridge, Eng: University Press. стр. 32. ISBN 0-521-29135-6.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  7. 7,0 7,1 Unicode Standard 5.0, стр. 479,492
  8. 8,0 8,1 * Арапски фонтови и Мек ОС X Архивирано на 10 март 2008 г.
  9. Опсежен арамејски лексикон Архивирано на 26 ноември 2017 г. - под ˀlh
  10. 10,0 10,1 Böwering, Gerhard, God and His Attributes, Encyclopaedia of the Qurʾān, Brill, 2007.
  11. Видете Куран 13:16 ; 29:61-63; 31:25; 39:38)
  12. Видете Куран 37:158)
  13. Видете Куран (6:100)
  14. Видете Куран (53:19-22 ; 16:57 ; 37:149)
  15. Видете Куран(53:26-27)
  16. 16,0 16,1 16,2 Gerhard Böwering, God and his Attributes, Encyclopedia of the Qur'an
  17. Видете Куран 6:109; 10:22; 16:38; 29:65)
  18. 18,0 18,1 Bentley, David (1999). The 99 Beautiful Names for God for All the People of the Book. William Carey Library. ISBN 0-87808-299-9.
  19. Gary S. Gregg, The Middle East: A Cultural Psychology, Oxford University Press, стр. 30
  20. Carolyn Fluehr-Lobban, Islamic Society in Practice, University Press of Florida, стр. 24
  21. M. Mukarram Ahmed, Muzaffar Husain Syed, Encyclopaedia of Islam,Anmol Publications PVT. LTD, стр. 144
  22. Carl W. Ernst, Bruce B. Lawrence, Sufi Martyrs of Love: The Chishti Order in South Asia and Beyond, Macmillan, стр. 29
  23. 23,0 23,1 Thomas E. Burman, Religious Polemic and the Intellectual History of the Mozarabs, Brill, 1994, стр. 103
  24. Marshall G. S. Hodgson, The Venture of Islam: Conscience and History in a World Civilization, University of Chicago Press, стр. 156
  25. Unicode Character 'Arabic ligature Allah isolated form' (U+FDF2)
  26. Unicode Standard 5.0, стр. 209,210
  27. Encyclopædia Britannica, flag of Iran

Наводи

уреди

Поврзано

уреди
 
Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема:

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: