Општина Старо Нагоричане
Општина Старо Нагоричане — општина во северниот дел на Македонија. Центар на општината е селото Старо Нагоричане. Општина Старо Нагоричане како општина е формирана 1996 година,во неа гравитираат 39 населби. Во општината постојат 43 архиелошки наоѓалишта, 14 некрополи, 6 архелошки објекти и 2 осамени наоди. Археолошките наоѓалишта потекнуваат од следните хронолошки периоди: неолит, бакарно време, брозено време, железно време, рана антика, римски период, доцна антика и среден век. Градоначалник е Жаклина Јовановска. Претходно, територијата на Општина Старо Нагоричане била во рамките на Општина Куманово.
Општина Старо Нагоричане | |||
---|---|---|---|
Општина | |||
Држава | Македонија | ||
Регион | Североисточен | ||
Година кога е основана | 1913 (во рамки на Кралство Србија) | ||
Седиште | Старо Нагоричане | ||
Населени места | Список
| ||
Управа | |||
• Градоначалник | Жаклина Јовановска | ||
Површина | |||
• Вкупна | 433,41 км2 (167,34 ми2) | ||
Население (2021)[1] | |||
• Вкупно | 3.501 | ||
• Густина | 8,1/км2 (21/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+01:00) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02:00) | ||
Повикувачки број | +031 | ||
Регистарски таблички | KU | ||
Мреж. место | staronagoricane.gov.mk |
Географија
уредиОпштина Старо Нагоричане се наоѓа во североисточниот регион во Република Македонија. Во општина Старо Нагоричане се наоѓаат селата: Алгуња, Аљинце, Арбанашко, Бајловце, Брешко, Буковљане, Војник, Враготурце, Врачевце, Дејловце, Длабочица, Добрача, Драгоманце, Дренок, Жегљане, Жељувино, Канарево, Карловце, Коинце, Кокино, М’гленце, Макреш, Малотино, Младо Нагоричане, Никуљане, Облавце, Орах, Осиче, Пелинце, Пузајка, Рамно, Руѓинце, Старо Нагоричане, Степанце, Стрезовце, Стрновац, Цветишница, Цвиланце и Челопек (Кумановско).
Селото Младо Нагоричане според атарот кој го зафаќа е најголемо село во Македонија.
Планината Козјак (планина) е средновисока планина во североисточниот дел на Македонија, долж границата со Република Србија и опфаќа голем дел од територијата на Општината Старо Нагоричане. Највисок врв на планината е Перен со 1326 метри надморска висина. [2]
Најголема река која тече низ Општината Старо Нагоричане е Пчиња, а нејзина најголема притока е реката Петрошница.
Во атарот на село Орах се наоѓа Мокро Езеро природно езеро од вулканско-денудациско потекло, помеѓу народот познато како Карпинско Езеро.
Историја
уредиДо 1965 година на сегашната општинска територија постоела општина Старо Нагоричане којашто е укината од страна на тогашната власт. Со новиот закон за територијална организација од 1996 година, општина Старо Нагоричане е возобновена и како општински центар е земено с. Старо Нагоричане, односно искористена е истата општинска зграда во којашто функционирала општината до 1965 година.[3]
Стопанство
уредиНаселението во Општината Старо Нагоричане најчесто се занимава со земјоделие.
Фармерите кои егзистираат на ова територија најчесто имаат посеви со житни култури како што се пченица, јачмен, овес, пченка и рж.
Од сточарството најзастапено е одгледувањето на свињи, крави, овци и кози. Во минатото имало неколку живинарски фарми на кои се одгледувале кокошки и ноеви.
Застапено е и одгледување на винска лоза.
Демографија
уредиПопис на населението во Македонија (2002) на територија на Општина Старо Нагоричане имало 4840 жители од кои:[4]
Националности | Број на жители |
Македонци | 3906 |
Срби | 926 |
Албанци | 1 |
Роми | 1 |
Не кажале националност | 6 |
Попис на населението во Македонија (2021) бројката на население во Општината Старо Нагоричане е намалена на 3501 жители, што е намалување за огромни 27.6%.[5]
Националности | Број на жители |
Македонци | 2513 |
Срби | 585 |
Албанци | 13 |
Роми | 3 |
Не кажале националност | 9 |
Општествени установи
уредиНа територијата на Општината Старо Нагоричане функционираат 3 општински основни училишта и 1 градинка:
Самоуправа и политика
уредиГрадоначалник на општина Старо Нагоричане е Жаклина Јовановска од редовите на СДСМ. Таа била реизбрана на Локални избори во Македонија (2021) за нов мандат од четири години.[7] Советот на општина Старо Нагоричане е составен од 9 члена. Според последните локални избори од 2021 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2021-2025 се:
Претходни градоначалници:
Милован Трајковиќ (1996-2000)
Власте Димковиќ (2000-2009)
Миодраг Јовановиќ (2009-2013)
Милован Стојковски (2013-2017) [8]
Културни и природни знаменитости
уредиВо рамките на општината се наоѓаат следниве знаменитости:
- Зебрњак
- Костоперска карпа
- Црква „Св. Ѓорѓи Победоносец“ - Младо Нагоричане
- Црква „Св. Петка“ - Младо Нагоричане
- Црква „Св. Ѓорѓи“ - Старо Нагоричане
- Испосница на Свети Прохор Пчински
- Геотермална бања Стрновац
- Манастирска Црква Света Богородица во Забел
- Меморијален Центар АСНОМ
- Светиот даб
- Кокино
- Карпино
- Сув орах
Редовни настани
уредиЛичности
уреди- Карпош - водач на Карпошовото востание и легендарен македонски ајдутски војвода
- Станко Младеновски - македонски политичар
- Роса Пауновска - македонски изведувач на народни песни
- Тимотеј Дебарско-кичевски - митрополит на Дебарско-кичевската епархија
- Тоде Илиќ - градоначалник на Општина Куманово
- Марјан Димитријевски - македонски историчар
- Горазд Европски - архијереј на Македонска православна црква - Охридска архиепископија
Иселеништво
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
- ↑ „Врв 4/12: Перен на Козјак (1326 мнв)“. Архивирано од изворникот Проверете ја вредноста
|url=
(help) на 2020-06-25. Посетено на 2024-02-05. - ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-03-05. Посетено на 2015-05-24.
- ↑ „https://www.stat.gov.mk/Publikacii/knigaX.pdf“. Надворешна врска во
|title=
(help); Отсутно или празно|url=
(help) - ↑ https://popis2021.stat.gov.mk/%D0%90%D0%BA%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B8/%D0%9E%D0%B1%D1%80%D0%B0%D1%9C%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%B4%D0%B8%D1%80%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%94%D1%80%D0%B6%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%B7%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D0%B4-%D0%B7%D0%B0-%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B0-%D0%BF%D0%BE-%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D0%B4-%D0%B7%D0%B0%D0%B2%D1%80%D1%88%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D0%BD%D0%B0-%D0%9F%D0%BE%D0%BF%D0%B8%D1%81-2021/. Отсутно или празно
|title=
(help); Отсутно или празно|url=
(help) - ↑ https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/otvorena-prvata-gradinka-vo-staro-nagorichane/. Отсутно или празно
|title=
(help) - ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2024-02-05. Посетено на 2024-02-05.
- ↑ https://kumanovonews.mk/vesti/milovan-stojkovski-od-dpsm-kandidat-za-gradonacalnik-na-staro-nagoricane. Отсутно или празно
|title=
(help)
Надворешни врски
уреди- Портал на Општина Старо Нагоричане Архивирано на 13 март 2014 г.
- Општина Старо Нагоричане во „АБВ - деловен именик“ Архивирано на 6 март 2016 г.
- [1]