Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                

Сојуз на Ромите од Македонија

Сојуз на Ромите од Македонија (СРМ) — македонска политичка партија чиј претседател е Амди Бајрам. Партијата е основана во 1996.

Сојуз на Ромите од Македонија
ВодачГабриел Бајрам
Основана1996
ШтабСкопје, Република Македонија
ИдеологијаЗаштита на правата на Ромите во Македонија
Боивиолетова, жолта, бела
Политика на Република Македонија
Политички партии
Избори

Историја и учество на избори

уреди

Партијата по своето формирање во 1996 за првпат самостојно учествувала на парламентарните избори во 1998, каде што освојува 3.577 гласови (0,3%) во првиот, односно 7.294 (0,9%) гласови во вториот круг со тоа освојувајќи 1 пратеничко место, кое претставува прво пратеничко место кое што е освоено од партија на Ромите во Република Македонија.[1] Партијата го губи пратеничкото место на следните парламентарни избори во 2002.[2] На парламентарните избори 2006 партијата се приклучила на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и повторно освојува едно пратеничко место.[3] Партијата продолжила да учествува во коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и на парламентарните избори во 2008, 2011, 2014 и 2016. На сите овие избори партијата освојувала по едно пратеничко место.[4][5][6][7]

Во 2017 година, по повеќегодишно учество во коалициите предводени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, водачот на партијата, Амди Бајрам изјавил дека партијата нема повеќе да учествува во коалицијата.[8]

На парламентарните избори во 2020 година, партијата учествувала во коалиција предводена од СДСМ.

Наводи

уреди