WR 148
WR 148 — спектроскопска двојна ѕвезда во соѕвездието Лебед. Примарната ѕвезда е Волф-Рајеова ѕвезда и една од најсјаните познати ѕвезди. За втората ѕвезда во системот се смета дека е црна дупка со ѕвездена маса, но може да биде и ѕвезда на главната низа од спектрален тип O.
Податоци од набљудување Епоха J2000,0 Рамноденица J2000,0 | |
---|---|
Соѕвездие | Лебед |
Ректасцензија | 20ч 41м [1] | 21,54644с
Деклинација | +52° 35′ [1] | 15,1565″
Прив. величина (V) | 10,3[2] |
Особености | |
Спектрален тип | WN8h + O5V?[3] |
Привидна величина (J) | 8,759[4] |
Привидна величина (K) | 8,318[5] |
U−B Боен показател | −0,45[6] |
B−V Боен показател | +0,57[6] |
Променлив тип | Единствена[2] |
Астрометрија | |
Радијална брзина (Rv) | −131,4 ± 2,7[3] км/с |
Сопствено движење (μ) | Рект: −5,707[7] млс/г Дек.: −3,175[7] млс/г |
Паралакса (π) | −0,0015 ± 0,0279[7] млс |
Оддалеченост | 8.280[8] пс |
Апсолутна величина (MV) | −7,22[9] |
Орбита[3] | |
Период (P) | 4,317336 days |
Голема полуоска (a) | 46 R☉ |
Занесеност (e) | 0 |
Наклон (i) | 18° |
Полузамав (K1) (главна) | 88,1 ± 3,8 км/с |
Полузамав (K2) (споредна) | 79,2 ± 3,1 км/с |
Податоци | |
WR | |
Маса | 33[3] M☉ |
Полупречник | 26,5[9] R☉ |
Сјајност | 1.600.000[9] L☉ |
Температура | 39.800[9] K |
Вртежна брзина (v sin i) | ≤ 150[3] км/с |
OB | |
Маса | 37[3] M☉ |
Вртежна брзина (v sin i) | 60+20 10[3] км/с |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
WR 148 покажува класичен WN8h спектар, но со дополнително слабао централно впивање на некои од оддавните линии.[10] Оддавните линии N III и N IV се посилни од N V, а линиите He I се посилни од He II, водородните линии на Балмеровата серија и некои други линии имаат P Лебед профили.[11]
WR 148 е неправилно променлива ѕвезда во временски периоди од неколку секунди до години, но пак покажува постојана сјајност и промени на радијална брзина во период од 4,32 денови. Не постои сомнеж дека е двоен систем, поради редовните промени и присуството на тврди рендгенски зраци од судирањето на ветровите, но секундарниот ветер не е јасно видлив во спектрите.[3] Даден е предлог за придружник кој би дал одговор на слабите одлики на впивање и би бил подџин од спектрален тип B3, но тоа не е соодвествува со орбитата. Претходно пресметаната орбита, заснована на слабоото впивање, дава релативно голем сооднос на масите, што пак наведува на многу поголема придружна маса, што значи црна дупка или неразумно мала маса на сјајната WR ѕвезда.[10] Други анализи на спектарот даваат впивачки особености кои се карактеристични за ѕвезда од спектрален тип O5, односно слични маси за двете составници, и мал наклон на орбитата.[3]
Поради своите непредвидливи промени во привидната величина на толку многу честоти WR 148 е класифицирана во Општиот каталог на променливи ѕвезди како единствен вид на променлива ѕвезда, односно не е припадник на веќе постоечките дефинирани класи.[2] Обликот на светлинската крива е невообичаен и е моделиран како да е добиена од продолжен секундарен објект што може да биде јонизирана шуплина во густиот ветер на примарна ѕвезда, добиена од секундарни орбити на растојание споредливо на полупречникот на главната ѕвезда.[10]
WR 148 се наоѓа невообичаено далеку од галактичката рамнина за Волф-Рајеова ѕвезда, на растојание од 500-800 парсеци. Младите масивни ѕвезди како WN8h WR се членови на популацијата на тенки дискови, во просек на само 60 pc од галактичката рамнина. Се претпоставува дека WR 148 е ѕвезда „бегалка“ од експлозија на супернова.[10] Пресметките засновани на нејзината голема брзина од 197 км/с, тековната двојна орбита и најверојатниот животен век од експлозијата на некоја супернова, се во согласност со исфрлување од многу помасивен троен систем.[3]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Van Leeuwen, F. (2007). „Validation of the new Hipparcos reduction“. Astronomy and Astrophysics. 474 (2): 653. arXiv:0708.1752. Bibcode:2007A&A...474..653V. doi:10.1051/0004-6361:20078357.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Samus, N. N.; Durlevich, O. V.; et al. (2009). "VizieR Online Data Catalog: General Catalogue of Variable Stars (Samus+ 2007-2013)". VizieR On-line Data Catalog: B/gcvs. Originally published in: 2009yCat....102025S. 1. Bibcode:2009yCat....102025S.
- ↑ 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 Munoz, Melissa; Moffat, Anthony F. J.; Hill, Grant M.; Shenar, Tomer; Richardson, Noel D.; Pablo, Herbert; St-Louis, Nicole; Ramiaramanantsoa, Tahina (2017). "WR 148: Identifying the companion of an extreme runaway massive binary*". Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 467 (3): 3105. arXiv:1609.08289. Bibcode:2017MNRAS.467.3105M. doi:10.1093/mnras/stw2283.
- ↑ Cutri, R. M.; Skrutskie, M. F.; Van Dyk, S.; Beichman, C. A.; Carpenter, J. M.; Chester, T.; Cambresy, L.; Evans, T.; Fowler, J.; Gizis, J.; Howard, E.; Huchra, J.; Jarrett, T.; Kopan, E. L.; Kirkpatrick, J. D.; Light, R. M.; Marsh, K. A.; McCallon, H.; Schneider, S.; Stiening, R.; Sykes, M.; Weinberg, M.; Wheaton, W. A.; Wheelock, S.; Zacarias, N. (2003). „VizieR Online Data Catalog: 2MASS All-Sky Catalog of Point Sources (Cutri+ 2003)“. VizieR On-line Data Catalog: II/246. Originally published in: 2003yCat.2246....0C. 2246. Bibcode:2003yCat.2246....0C.
- ↑ Van Der Hucht, K. A. (2006). „New Galactic Wolf-Rayet stars, and candidates. An annex to the VIIth Catalogue of Galactic Wolf-Rayet Stars“. Astronomy and Astrophysics. 458 (2): 453. arXiv:astro-ph/0609008. Bibcode:2006A&A...458..453V. doi:10.1051/0004-6361:20065819.
- ↑ 6,0 6,1 Ducati, J. R. (2002). „VizieR Online Data Catalog: Catalogue of Stellar Photometry in Johnson's 11-color system“. CDS/ADC Collection of Electronic Catalogues. 2237. Bibcode:2002yCat.2237....0D.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 Brown, A. G. A.; и др. (Gaia collaboration) (август 2018). „Gaia Data Release 2: Summary of the contents and survey properties“. Astronomy & Astrophysics. 616. A1. arXiv:1804.09365. Bibcode:2018A&A...616A...1G. doi:10.1051/0004-6361/201833051. Запис на DR2 од „Гаја“ за овој извор на VizieR.
- ↑ Zhekov, Svetozar A. (2012). „X-rays from colliding stellar winds: The case of close Wolf-Rayet+O binary systems“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 422 (2): 1332. arXiv:1202.1386. Bibcode:2012MNRAS.422.1332Z. doi:10.1111/j.1365-2966.2012.20706.x.
- ↑ 9,0 9,1 9,2 9,3 Hamann, W.-R.; Gräfener, G.; Liermann, A. (2006). „The Galactic WN stars. Spectral analyses with line-blanketed model atmospheres versus stellar evolution models with and without rotation“. Astronomy and Astrophysics. 457 (3): 1015. arXiv:astro-ph/0608078. Bibcode:2006A&A...457.1015H. doi:10.1051/0004-6361:20065052.
- ↑ 10,0 10,1 10,2 10,3 Marchenko, Sergey V.; Moffat, Anthony F. J.; Lamontagne, Robert; Tovmassian, Gaghik H. (1996). "The Wolf-Rayet Star HD 197406, with Its Strongly Ionizing Close Companion". Astrophysical Journal. 461: 386. Bibcode:1996ApJ...461..386M. doi:10.1086/177067.
- ↑ Smith, Lindsey F.; Shara, Michael M.; Moffat, Anthony F. J. (1996). "A three-dimensional classification for WN stars". Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 281: 163. Bibcode:1996MNRAS.281..163S. doi:10.1093/mnras/281.1.163.