Око: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Ред 70: | Ред 70: | ||
* „Очи“ - песна на македонскиот поет [[Ацо Шопов]].<ref>http://www.macedonium.org/Macedonium.aspx?jazik=2&kid=4&pid=12&ppid=593&tid=1430 www.macedonium.org, Очи - Ацо Шопов (пристапено на 7.2.2016)</ref> |
* „Очи“ - песна на македонскиот поет [[Ацо Шопов]].<ref>http://www.macedonium.org/Macedonium.aspx?jazik=2&kid=4&pid=12&ppid=593&tid=1430 www.macedonium.org, Очи - Ацо Шопов (пристапено на 7.2.2016)</ref> |
||
* „Очи“ - песна на српскиот поет [[Јован Дучиќ]].<ref>Јован Дучић, ''Сабрана дела II, Песме љубави и смрти''. Београд: Народна просвета (без дата), стр. 34-35.</ref> |
* „Очи“ - песна на српскиот поет [[Јован Дучиќ]].<ref>Јован Дучић, ''Сабрана дела II, Песме љубави и смрти''. Београд: Народна просвета (без дата), стр. 34-35.</ref> |
||
⚫ | |||
⚫ | |||
⚫ | |||
* „Очи“ - песна на југословенскиот поет [[Мак Диздар]].<ref>Мак Диздар, ''Горчин''. Скопје, Македонска книга, стр. 119.</ref> |
* „Очи“ - песна на југословенскиот поет [[Мак Диздар]].<ref>Мак Диздар, ''Горчин''. Скопје, Македонска книга, стр. 119.</ref> |
||
* „Очите нејзини“ - песна на југословенскиот поет [[Мак Диздар]].<ref>Мак Диздар, ''Горчин''. Скопје, Македонска книга, стр. 51-52.</ref> |
* „Очите нејзини“ - песна на југословенскиот поет [[Мак Диздар]].<ref>Мак Диздар, ''Горчин''. Скопје, Македонска книга, стр. 51-52.</ref> |
||
* „Очите на сиромавиот“ - песна во проза на францускиот поет [[Шарл Бодлер]].<ref>Charles Baudelaire, ''Spleen Pariza''. Zgreb: Mladost, 1952, стр. 79-81.</ref> |
* „Очите на сиромавиот“ - песна во проза на францускиот поет [[Шарл Бодлер]].<ref>Charles Baudelaire, ''Spleen Pariza''. Zgreb: Mladost, 1952, стр. 79-81.</ref> |
||
* „Твоите очи“ - песна на унгарскиот поет [[Шандор Петефи]].<ref>Šandor Petefi, ''Sloboda i ljubav''. Beograd: Rad, 1969, стр. 35.</ref> |
|||
⚫ | |||
⚫ | |||
⚫ | |||
== Наводи == |
== Наводи == |
Преработка од 00:18, 5 декември 2016
Око — името на органот за вид на повеќеклеточните животни. Еволутивно, првите „очи“ претставуваат во суштина молекулска агрегација на фоторецепторите во едноклеточните организми. Со усложнување на градбата на организмите, фоторецепторите се преместуваат на одредено и константно место во организмот, градејќи ги првите сетилни органи за вид. Кај примитивните животни, очите се клучни за брзи реакции во движењата, предаторството или бегањето. Кај посложените животни, сетилото за вид е само едно од примачите на информации од надворешноста и овие информации се интегрираат во мозокот.
Еволуција на окото
Кај еволутивно најпримитивните животни, сунѓери, не постојат очи како органи. Возрасните сунѓери се силни организми кои имаат филтрирачки начин на исхрана и во нивниот живот фоторецепцијата нема голема улога. Младите сунѓери и ларвите се подвижни организми и ним сетилото за вид им е повеќе потребно, иако се до неодамна се сметало дека ни ларвите на сунѓерот немаат очи. Со експериментите на осветлување на ларвите, докажано е нејзиното бегање од осветлувањето (тоа понатаму водело до откривање на фоторецепторите групирани на едниот крај на ларвата, опколени со трепките кои ја раздвижуваат ларвата). Кај останатите без‘рбетници, очите по правило се развиени. Исклучок прават паразитски облици или организми во најголемите морски длабочини, но повеќето животни за кои би се рекло дека немаат очи, тие ги имаат. Така, очи постојат кај инсектите, раковите, пајакот, но и кај медузите, планаријата и школките.
Постојат разлики меѓу очите на одделни групи животни. Во прв ред, очите можат да бидат прости, односно изградени од една фоторецепторна клетка опкружена со потпорни клетки или сложени, кога има систем од повеќе рецепторни клетки кои се интегрираат во процесот на примање на дразби. Повеќето прости очи служат само за детектирање на светлина, но кај некои организми (пајаци и некои гасеници) овие очи создаваат и слики. Сложените очи се едни од важните карактеристики, изградени од многу фацети (мало просто око), по кои се одликуваат инсектите. Иако често се смета дека секоја фацета создава сопствена слика и дека инсектите гледаат умножено, оваа ситуација е ретка - најчесто е во прашање добра координација на фацетата која овозможува создавање на слика од голем агол на гледање и голема резолуција во мозокот. Фоторецепцијата има голема и важна улога во секојдневието кај животните. Кај животните кои зависат од сетилото за вид во потрагата по храна, очите се добро развиени. Најразвиени се очите кои ги поседуваат главоногите и ‘рбетниците. Во овие две групи на животни, очите низ различни еволутивни патеки доаѓаат на исто решение на градба и функционирање на органите за вид.
Очи на ‘рбетниците
Очите на ‘рбетниците можат да бидат:
- Непарни, кои ги имаат мал број ‘рбетници во вид на темено (круглоусти, некои риби и гуштери) и пинеално око (кај круглоусти, а кај останатите ‘рбетници тоа еволуирало во епифиза)
- Парни, кај најголемиот број ‘рбетници, вклучувајќи го и човекот.
Парните очи се изградени од типот на затворен очен меур (очно јаболко). Очното јаболко е обвиткано со три слоја:
- Белка — надворешна обвивка која на предниот дел образува проѕирна рожница
- Садовница — богата со крвни садови; на предниот дел образува должница, која на средината има отвор наречен зеница; зад должницата лежи очното сочиво
- Мрежница — внатрешна обвивка; таа е најсложен дел на окото и во неа се наоѓаат сетилните клетки односно фоторецепторите:
- Стапчиња — одговорни за разликување на светлина и темнина; кај цицачите тие се побројни од чунчињата
- Чунчиња — одговорни се за воочување на бои и детални предмети; најмногу ги има во средината на мрежницата (на линијата која поминува низ центарот на окото), на местото кое се нарекува жолта дамка - место на најостриот вид.
Функција на очите
Главната функција и намена на очите во човечкиот организам и воопшто кај 'рбетниците е прием на дразбите на светлината, нивно проследување и процесирање до мозокот, по што се создава слика. Односно, преку функционирањето на оптичкиот пат на приемот на дразбите на светлината, очите служат како рецептори и органи на сетилото за вид. Во очите се содржат фоторецепторите кои што се вид на невроцит кои се способни светлинската дразба да ја претвораат во акциски потенцијал. Поконкретно, фоторецепторот апсорбира фотони кои предизвикуваат промена во мембранскиот потенцијал во акциски кај невронот. Оваа нервна информација евентуално ќе биде искористена од визуелниот систем во черепниот мозок за да формира слика на визуелниот свет.
Очите како тема во уметноста и во популарната култура
Очите (најчесто, очите на некоја девојка или жена) се јавуваат како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:
- „Очи“ - песна на македонскиот поет Ацо Шопов.[1]
- „Очи“ - песна на српскиот поет Јован Дучиќ.[2]
- „Очи“ - песна на југословенскиот поет Мак Диздар.[3]
- „Очите нејзини“ - песна на југословенскиот поет Мак Диздар.[4]
- „Очите на сиромавиот“ - песна во проза на францускиот поет Шарл Бодлер.[5]
- „Твоите очи“ - песна на унгарскиот поет Шандор Петефи.[6]
- „Очи широко затворени“ (Eyes Wide Shut) - филм на режисерот Стенли Кјубрик од 1999 година.[7]
- „Очи без лице“ (Les yeux sans visage) - француски филм на режисерот Жорж Франжу од 1960 година.[8]
- „Очи без лице“ (Eyes Without a Face) - песна на британскиот рок-пејач Били Ајдол од 1983 година.[9]
Наводи
- ↑ http://www.macedonium.org/Macedonium.aspx?jazik=2&kid=4&pid=12&ppid=593&tid=1430 www.macedonium.org, Очи - Ацо Шопов (пристапено на 7.2.2016)
- ↑ Јован Дучић, Сабрана дела II, Песме љубави и смрти. Београд: Народна просвета (без дата), стр. 34-35.
- ↑ Мак Диздар, Горчин. Скопје, Македонска книга, стр. 119.
- ↑ Мак Диздар, Горчин. Скопје, Македонска книга, стр. 51-52.
- ↑ Charles Baudelaire, Spleen Pariza. Zgreb: Mladost, 1952, стр. 79-81.
- ↑ Šandor Petefi, Sloboda i ljubav. Beograd: Rad, 1969, стр. 35.
- ↑ IMBD, Eyes Wide Shut (1999) (пристапено на 7.2.2016)
- ↑ IMBD, Eyes Without a Face (1960) (пристапено на 7.2.2016)
- ↑ YouTube, Billy Idol - Eyes Without a Face (1960) (пристапено на 7.2.2016)
|