Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Око: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 67: Ред 67:
Главната функција и намена на очите во човечкиот организам и воопшто кај 'рбетниците е прием на дразбите на светлината, нивно проследување и процесирање до [[мозок]]от, по што се создава слика. Односно, преку функционирањето на оптичкиот пат на приемот на дразбите на светлината, очите служат како рецептори и органи на сетилото за вид. Во очите се содржат [[фоторецептор]]ите кои што се вид на [[невроцит]] кои се способни [[Светлина|светлинската]] [[Нервен стимул|дразба]] да ја претвораат во [[акциски потенцијал]]. Поконкретно, [[Фоторецептор|фоторецепторот]] [[апосорпција|апсорбира]] [[фотон]]и кои предизвикуваат промена во [[Мембрански потенцијал|мембранскиот потенцијал]] во акциски кај [[неврон]]от. Оваа нервна [[информација]] евентуално ќе биде искористена од визуелниот систем во [[Черепен мозок|черепниот мозок]] за да формира слика на визуелниот свет.

==Очите како тема во уметноста и во популарната култура==
==Очите како тема во уметноста и во популарната култура==
Очите (најчесто, очите на некоја девојка или жена) се јавуваат како тема во бројни дела од [[уметност]]а и [[Популарна култура|популарната култура]], како:
Очите (најчесто, очите на некоја девојка или жена) се јавуваат како тема во бројни дела од [[уметност]]а и [[Популарна култура|популарната култура]].

===Очите како тема во поезијата===
* „Очи“ - песна на македонскиот поет [[Ацо Шопов]].<ref>http://www.macedonium.org/Macedonium.aspx?jazik=2&kid=4&pid=12&ppid=593&tid=1430 www.macedonium.org, Очи - Ацо Шопов (пристапено на 7.2.2016)</ref>

* „Очи“ - песна на српскиот поет [[Јован Дучиќ]].<ref>Јован Дучић, ''Сабрана дела II, Песме љубави и смрти''. Београд: Народна просвета (без дата), стр. 34-35.</ref>
* „Очи“ - песна на српскиот поет [[Јован Дучиќ]].<ref>Јован Дучић, ''Сабрана дела II, Песме љубави и смрти''. Београд: Народна просвета (без дата), стр. 34-35.</ref>
Ред 74: Ред 76:
* „Очите на сиромавиот“ - песна во проза на францускиот поет [[Шарл Бодлер]].<ref>Charles Baudelaire, ''Spleen Pariza''. Zgreb: Mladost, 1952, стр. 79-81.</ref>
* „Очите на сиромавиот“ - песна во проза на францускиот поет [[Шарл Бодлер]].<ref>Charles Baudelaire, ''Spleen Pariza''. Zgreb: Mladost, 1952, стр. 79-81.</ref>
* „Твоите очи“ - песна на унгарскиот поет [[Шандор Петефи]].<ref>Šandor Petefi, ''Sloboda i ljubav''. Beograd: Rad, 1969, стр. 35.</ref>
* „Твоите очи“ - песна на унгарскиот поет [[Шандор Петефи]].<ref>Šandor Petefi, ''Sloboda i ljubav''. Beograd: Rad, 1969, стр. 35.</ref>

===Очите како тема во филмот===
* „Очи широко затворени“ (''Eyes Wide Shut'') - [[филм]] на [[режисер]]от [[Стенли Кјубрик]] од [[1999]] година.<ref>[http://www.imdb.com/title/tt0120663/ IMBD, Eyes Wide Shut (1999) (пристапено на 7.2.2016)]</ref>

* „Очи без лице“ (''Les yeux sans visage'') - француски [[филм]] на [[режисер]]от [[Жорж Франжу]] од [[1960]] година.<ref>[http://www.imdb.com/title/tt0053459/ IMBD, Eyes Without a Face (1960) (пристапено на 7.2.2016)]</ref>

===Очите како тема во популарната култура===
* „Очи без лице“ (''Eyes Without a Face'') - песна на британскиот рок-пејач [[Били Ајдол]] од [[1983]] година.<ref>[https://www.youtube.com/watch?v=9OFpfTd0EIs YouTube, Billy Idol - Eyes Without a Face (1960) (пристапено на 7.2.2016)]</ref>

* „Очи на задната страна од твојата глава“ (''Eyes in the back of your head'') - песна на британската [[Панк рок|панк-рок]] група „Адиктс“ (''The Adicts'') од 1982 година.<ref>[https://www.youtube.com/watch?v=hZmaSAZ8Uk8 YouTube, Eyes in the Back of Your Head - The Adicts (пристапено на 28.12.2016)]</ref>

* „Очите на Гари Гилмор“ (''Gary Gilmore's eyes'') - песна на британската [[Панк рок|панк-рок]] група „[[Адвертс]]“ (''The Adverts'') од 1977 година.<ref>[https://www.youtube.com/watch?v=3uSNKvTqIGA YouTube, The Adverts - Gary Gilmore's eyes (1977) (пристапено на 30.12.2016)]</ref>

== Наводи ==
== Наводи ==

Преработка од 21:06, 30 декември 2016

Човечко око.

Око — името на органот за вид на повеќеклеточните животни. Еволутивно, првите „очи“ претставуваат во суштина молекулска агрегација на фоторецепторите во едноклеточните организми. Со усложнување на градбата на организмите, фоторецепторите се преместуваат на одредено и константно место во организмот, градејќи ги првите сетилни органи за вид. Кај примитивните животни, очите се клучни за брзи реакции во движењата, предаторството или бегањето. Кај посложените животни, сетилото за вид е само едно од примачите на информации од надворешноста и овие информации се интегрираат во мозокот.

Еволуција на окото

Мускули на окото
Сложените очи на вилинското коњче.

Кај еволутивно најпримитивните животни, сунѓери, не постојат очи како органи. Возрасните сунѓери се силни организми кои имаат филтрирачки начин на исхрана и во нивниот живот фоторецепцијата нема голема улога. Младите сунѓери и ларвите се подвижни организми и ним сетилото за вид им е повеќе потребно, иако се до неодамна се сметало дека ни ларвите на сунѓерот немаат очи. Со експериментите на осветлување на ларвите, докажано е нејзиното бегање од осветлувањето (тоа понатаму водело до откривање на фоторецепторите групирани на едниот крај на ларвата, опколени со трепките кои ја раздвижуваат ларвата). Кај останатите без‘рбетници, очите по правило се развиени. Исклучок прават паразитски облици или организми во најголемите морски длабочини, но повеќето животни за кои би се рекло дека немаат очи, тие ги имаат. Така, очи постојат кај инсектите, раковите, пајакот, но и кај медузите, планаријата и школките.

Постојат разлики меѓу очите на одделни групи животни. Во прв ред, очите можат да бидат прости, односно изградени од една фоторецепторна клетка опкружена со потпорни клетки или сложени, кога има систем од повеќе рецепторни клетки кои се интегрираат во процесот на примање на дразби. Повеќето прости очи служат само за детектирање на светлина, но кај некои организми (пајаци и некои гасеници) овие очи создаваат и слики. Сложените очи се едни од важните карактеристики, изградени од многу фацети (мало просто око), по кои се одликуваат инсектите. Иако често се смета дека секоја фацета создава сопствена слика и дека инсектите гледаат умножено, оваа ситуација е ретка - најчесто е во прашање добра координација на фацетата која овозможува создавање на слика од голем агол на гледање и голема резолуција во мозокот. Фоторецепцијата има голема и важна улога во секојдневието кај животните. Кај животните кои зависат од сетилото за вид во потрагата по храна, очите се добро развиени. Најразвиени се очите кои ги поседуваат главоногите и ‘рбетниците. Во овие две групи на животни, очите низ различни еволутивни патеки доаѓаат на исто решение на градба и функционирање на органите за вид.

Очи на ‘рбетниците

1: posterior chamber2: ora serrata3: ciliary muscle4: ciliary zonules5: canal of Schlemm6: pupil7: anterior chamber8: cornea9: iris10: lens cortex11: lens nucleus12: ciliary process13: conjuntiva14: inferior oblique muscule15: inferior rectus muscule16: medial rectus muscle17: retinal arteries and veins18: optic disc19: dura mater20: central retinal artery21: central retinal vein22: optical nerve23: vorticose vein24: bulbar sheat25: macula26: fovea27: sclera28: choroid29: superior rectus muscule30: retina
1:задна комора 2:ora serrata 3:цилијарен мускул 4:цилијарни зонули 5:шлемов канал 6:зеница 7:предна комора 8:cornea 9:шареница 10:обвивка на леќата 11:јадро на леќата 12:цилијарен процес 13:conjuntiva 14:инфериорен обличен мускул 15:инфериорен ректусен мускул 16:медијален ректусен мускул 17:ретинални артерии и вени 18:оптички диск 19:dura mater 20:централна мрежнична артерија 21:централна ретинална вена 22:оптички нерв 23:вортикозна вена 24:топчест слој 25:macula 26:fovea 27:sclera 28:choroid 29:горен ректусен мускул 30:мрежница

Очите на ‘рбетниците можат да бидат:

  • Непарни, кои ги имаат мал број ‘рбетници во вид на темено (круглоусти, некои риби и гуштери) и пинеално око (кај круглоусти, а кај останатите ‘рбетници тоа еволуирало во епифиза)
  • Парни, кај најголемиот број ‘рбетници, вклучувајќи го и човекот.

Парните очи се изградени од типот на затворен очен меур (очно јаболко). Очното јаболко е обвиткано со три слоја:

  • Белка — надворешна обвивка која на предниот дел образува проѕирна рожница
  • Садовница — богата со крвни садови; на предниот дел образува должница, која на средината има отвор наречен зеница; зад должницата лежи очното сочиво
  • Мрежница — внатрешна обвивка; таа е најсложен дел на окото и во неа се наоѓаат сетилните клетки односно фоторецепторите:
    • Стапчиња — одговорни за разликување на светлина и темнина; кај цицачите тие се побројни од чунчињата
    • Чунчиња — одговорни се за воочување на бои и детални предмети; најмногу ги има во средината на мрежницата (на линијата која поминува низ центарот на окото), на местото кое се нарекува жолта дамка - место на најостриот вид.

Функција на очите

Оптичкиот пат на функционирање на сетилото за вид кај човечките очи

Главната функција и намена на очите во човечкиот организам и воопшто кај 'рбетниците е прием на дразбите на светлината, нивно проследување и процесирање до мозокот, по што се создава слика. Односно, преку функционирањето на оптичкиот пат на приемот на дразбите на светлината, очите служат како рецептори и органи на сетилото за вид. Во очите се содржат фоторецепторите кои што се вид на невроцит кои се способни светлинската дразба да ја претвораат во акциски потенцијал. Поконкретно, фоторецепторот апсорбира фотони кои предизвикуваат промена во мембранскиот потенцијал во акциски кај невронот. Оваа нервна информација евентуално ќе биде искористена од визуелниот систем во черепниот мозок за да формира слика на визуелниот свет.

Очите како тема во уметноста и во популарната култура

Очите (најчесто, очите на некоја девојка или жена) се јавуваат како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура.

Очите како тема во поезијата

Очите како тема во филмот

Очите како тема во популарната култура

  • „Очи без лице“ (Eyes Without a Face) - песна на британскиот рок-пејач Били Ајдол од 1983 година.[9]
  • „Очи на задната страна од твојата глава“ (Eyes in the back of your head) - песна на британската панк-рок група „Адиктс“ (The Adicts) од 1982 година.[10]
  • „Очите на Гари Гилмор“ (Gary Gilmore's eyes) - песна на британската панк-рок група „Адвертс“ (The Adverts) од 1977 година.[11]

Наводи

  1. http://www.macedonium.org/Macedonium.aspx?jazik=2&kid=4&pid=12&ppid=593&tid=1430 www.macedonium.org, Очи - Ацо Шопов (пристапено на 7.2.2016)
  2. Јован Дучић, Сабрана дела II, Песме љубави и смрти. Београд: Народна просвета (без дата), стр. 34-35.
  3. Мак Диздар, Горчин. Скопје, Македонска книга, стр. 119.
  4. Мак Диздар, Горчин. Скопје, Македонска книга, стр. 51-52.
  5. Charles Baudelaire, Spleen Pariza. Zgreb: Mladost, 1952, стр. 79-81.
  6. Šandor Petefi, Sloboda i ljubav. Beograd: Rad, 1969, стр. 35.
  7. IMBD, Eyes Wide Shut (1999) (пристапено на 7.2.2016)
  8. IMBD, Eyes Without a Face (1960) (пристапено на 7.2.2016)
  9. YouTube, Billy Idol - Eyes Without a Face (1960) (пристапено на 7.2.2016)
  10. YouTube, Eyes in the Back of Your Head - The Adicts (пристапено на 28.12.2016)
  11. YouTube, The Adverts - Gary Gilmore's eyes (1977) (пристапено на 30.12.2016)