Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Око: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Наводи: Отстранета категорија using AWB
Ред 114: Ред 114:
* „Токиско око“ (''Tokyo Eye'') - песна на американската рок-група „[[Соник Јут]]“ (''Sonic Youth'') од 1994 година.<ref>[https://www.discogs.com/Sonic-Youth-Experimental-Jet-Set-Trash-And-No-Star/master/9858 DISCOGS, Sonic Youth ‎– Experimental Jet Set, Trash And No Star (пристапено на 20.7.2019)]</ref>
* „Токиско око“ (''Tokyo Eye'') - песна на американската рок-група „[[Соник Јут]]“ (''Sonic Youth'') од 1994 година.<ref>[https://www.discogs.com/Sonic-Youth-Experimental-Jet-Set-Trash-And-No-Star/master/9858 DISCOGS, Sonic Youth ‎– Experimental Jet Set, Trash And No Star (пристапено на 20.7.2019)]</ref>
* „Зад сините очи“ (''Behind Blue Eyes'') - песна на англиската рок-група „[[Ху]]“ (''The Who'') од 1971 година.<ref>[https://www.discogs.com/The-Who-Whos-Next/release/487464 DISCOGS, The Who ‎– Who's Next (пристапено на 28.3.2020)]</ref>
* „Зад сините очи“ (''Behind Blue Eyes'') - песна на англиската рок-група „[[Ху]]“ (''The Who'') од 1971 година.<ref>[https://www.discogs.com/The-Who-Whos-Next/release/487464 DISCOGS, The Who ‎– Who's Next (пристапено на 28.3.2020)]</ref>
* „Зелени очи“ (''Green Eyes'') - песна на американската [[Рок-музика|рок]]-група „[[Хускер Ду]]“ (''Hüsker Dü'') од 1985 година.<ref>[https://www.discogs.com/H%C3%BCsker-D%C3%BC-Flip-Your-Wig/master/30072 Discogs, Hüsker Dü ‎– Flip Your Wig (пристапено на 1.7.2020)]</ref>
* „Да се биде во твоите очи“ (''To Be in Your Eyes'') - песна на австралиската [[Рок-музика|рок]]-група „[[Чрч]]“ (''The Church'') од 1982 година.<ref>[https://www.youtube.com/watch?v=-LxVfXowQGc&t=2378s YouTube, The Church - The Blurred Crusade (1982) (Full Album) (пристапено на 15.10.2017)]</ref>
* „Да се биде во твоите очи“ (''To Be in Your Eyes'') - песна на австралиската [[Рок-музика|рок]]-група „[[Чрч]]“ (''The Church'') од 1982 година.<ref>[https://www.youtube.com/watch?v=-LxVfXowQGc&t=2378s YouTube, The Church - The Blurred Crusade (1982) (Full Album) (пристапено на 15.10.2017)]</ref>
* „Комунистички очи“ (''Communist eyes'') - песна на американската хард-кор група „[[Џермс (рок група)|Џермс]]“ (''The Germs'').<ref>[https://www.youtube.com/watch?v=M0MHdECjCzo YouTube, The Germs - communist Eyes (пристапено на 17.3.2017)]</ref>
* „Комунистички очи“ (''Communist eyes'') - песна на американската хард-кор група „[[Џермс (рок група)|Џермс]]“ (''The Germs'').<ref>[https://www.youtube.com/watch?v=M0MHdECjCzo YouTube, The Germs - communist Eyes (пристапено на 17.3.2017)]</ref>

Преработка од 22:11, 1 јули 2020

Човечко око.

Око — името на органот за вид на повеќеклеточните животни. Еволутивно, првите „очи“ претставуваат во суштина молекулска агрегација на фоторецепторите во едноклеточните организми. Со усложнување на градбата на организмите, фоторецепторите се преместуваат на одредено и константно место во организмот, градејќи ги првите сетилни органи за вид. Кај примитивните животни, очите се клучни за брзи реакции во движењата, предаторството или бегањето. Кај посложените животни, сетилото за вид е само едно од примачите на информации од надворешноста и овие информации се интегрираат во мозокот.

Еволуција на окото

Мускули на окото
Сложените очи на вилинското коњче.

Кај еволутивно најпримитивните животни, сунѓери, не постојат очи како органи. Возрасните сунѓери се силни организми кои имаат филтрирачки начин на исхрана и во нивниот живот фоторецепцијата нема голема улога. Младите сунѓери и ларвите се подвижни организми и ним сетилото за вид им е повеќе потребно, иако се до неодамна се сметало дека ни ларвите на сунѓерот немаат очи. Со експериментите на осветлување на ларвите, докажано е нејзиното бегање од осветлувањето (тоа понатаму водело до откривање на фоторецепторите групирани на едниот крај на ларвата, опколени со трепките кои ја раздвижуваат ларвата). Кај останатите без‘рбетници, очите по правило се развиени. Исклучок прават паразитски облици или организми во најголемите морски длабочини, но повеќето животни за кои би се рекло дека немаат очи, тие ги имаат. Така, очи постојат кај инсектите, раковите, пајакот, но и кај медузите, планаријата и школките.

Постојат разлики меѓу очите на одделни групи животни. Во прв ред, очите можат да бидат прости, односно изградени од една фоторецепторна клетка опкружена со потпорни клетки или сложени, кога има систем од повеќе рецепторни клетки кои се интегрираат во процесот на примање на дразби. Повеќето прости очи служат само за детектирање на светлина, но кај некои организми (пајаци и некои гасеници) овие очи создаваат и слики. Сложените очи се едни од важните карактеристики, изградени од многу фацети (мало просто око), по кои се одликуваат инсектите. Иако често се смета дека секоја фацета создава сопствена слика и дека инсектите гледаат умножено, оваа ситуација е ретка - најчесто е во прашање добра координација на фацетата која овозможува создавање на слика од голем агол на гледање и голема резолуција во мозокот. Фоторецепцијата има голема и важна улога во секојдневието кај животните. Кај животните кои зависат од сетилото за вид во потрагата по храна, очите се добро развиени. Најразвиени се очите кои ги поседуваат главоногите и ‘рбетниците. Во овие две групи на животни, очите низ различни еволутивни патеки доаѓаат на исто решение на градба и функционирање на органите за вид.

Очи на ‘рбетниците

1: posterior chamber2: ora serrata3: ciliary muscle4: ciliary zonules5: canal of Schlemm6: pupil7: anterior chamber8: cornea9: iris10: lens cortex11: lens nucleus12: ciliary process13: conjuntiva14: inferior oblique muscule15: inferior rectus muscule16: medial rectus muscle17: retinal arteries and veins18: optic disc19: dura mater20: central retinal artery21: central retinal vein22: optical nerve23: vorticose vein24: bulbar sheat25: macula26: fovea27: sclera28: choroid29: superior rectus muscule30: retina
1:задна комора 2:ora serrata 3:цилијарен мускул 4:цилијарни зонули 5:шлемов канал 6:зеница 7:предна комора 8:cornea 9:шареница 10:обвивка на леќата 11:јадро на леќата 12:цилијарен процес 13:conjuntiva 14:инфериорен обличен мускул 15:инфериорен ректусен мускул 16:медијален ректусен мускул 17:ретинални артерии и вени 18:оптички диск 19:dura mater 20:централна мрежнична артерија 21:централна ретинална вена 22:оптички нерв 23:вортикозна вена 24:топчест слој 25:macula 26:fovea 27:sclera 28:choroid 29:горен ректусен мускул 30:мрежница

Очите на ‘рбетниците можат да бидат:

  • Непарни, кои ги имаат мал број ‘рбетници во вид на темено (круглоусти, некои риби и гуштери) и пинеално око (кај круглоусти, а кај останатите ‘рбетници тоа еволуирало во епифиза)
  • Парни, кај најголемиот број ‘рбетници, вклучувајќи го и човекот.

Парните очи се изградени од типот на затворен очен меур (очно јаболко). Очното јаболко е обвиткано со три слоја:

  • Белка — надворешна обвивка која на предниот дел образува проѕирна рожница
  • Садовница — богата со крвни садови; на предниот дел образува должница, која на средината има отвор наречен зеница; зад должницата лежи очното сочиво
  • Мрежница — внатрешна обвивка; таа е најсложен дел на окото и во неа се наоѓаат сетилните клетки односно фоторецепторите:
    • Стапчиња — одговорни за разликување на светлина и темнина; кај цицачите тие се побројни од чунчињата
    • Чунчиња — одговорни се за воочување на бои и детални предмети; најмногу ги има во средината на мрежницата (на линијата која поминува низ центарот на окото), на местото кое се нарекува жолта дамка - место на најостриот вид.

Функција на очите

Оптичкиот пат на функционирање на сетилото за вид кај човечките очи

Главната функција и намена на очите во човечкиот организам и воопшто кај 'рбетниците е прием на дразбите на светлината, нивно проследување и процесирање до мозокот, по што се создава слика. Односно, преку функционирањето на оптичкиот пат на приемот на дразбите на светлината, очите служат како рецептори и органи на сетилото за вид. Во очите се содржат фоторецепторите коишто се вид на невроцит кои се способни светлинската дразба да ја претвораат во акциски потенцијал. Поконкретно, фоторецепторот апсорбира фотони кои предизвикуваат промена во мембранскиот потенцијал во акциски кај невронот. Оваа нервна информација евентуално ќе биде искористена од визуелниот систем во черепниот мозок за да формира слика на визуелниот свет.

Очите како тема во уметноста и во популарната култура

Очите (најчесто, очите на некоја девојка или жена) се јавуваат како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура.

Очите како тема во книжевноста

Очите како тема во филмот

Очите како тема во музиката

  • „Твоите очи, Лено мори“ - македонска народна песна.[20]
  • „Кој ти ги даде тие црни очи“ - македонска народна песна.[21]
  • „Очите на Гари Гилмор“ (Gary Gilmore's eyes) - песна на британската панк-рок група „Адвертс“ (The Adverts) од 1977 година.[22]
  • „Очи на задната страна од твојата глава“ (Eyes in the back of your head) - песна на британската панк-рок група „Адиктс“ (The Adicts) од 1982 година.[23]
  • „Очи без лице“ (Eyes Without a Face) - песна на британскиот рок-пејач Били Ајдол од 1983 година.[24]
  • „Ѓаволски очи“ (Devil Eyes) - песна на американскиот рок-музичар Тим Бакли (Tim Buckley) од 1972 година.[25]
  • „Удар во очите“ (Kick in the Eye) - песна на британската рок-група „Баухаус“ од 1981 година.[26]
  • „Замаглени очи“ (Foggy eyes) - песна на американската рок-група „Бит хепенинг“ (Beat Happening) од 1985 година.[27]
  • „Човекот со детето во неговите очи“ (The Man With The Child In His Eyes) - песна на англиската пејачка Кејт Буш (Kate Bush) од 1978 година.[28]
  • „Светли сини очи“ (Pale Blue Eyes) - песна на американската рок-група „Велвет Андерграунд“ (Velvet Underground) од 1969 година.[29]
  • „Во твоите очи“ (In Your Eyes) - песна на британскиот музичар Питер Гeбриел (Peter Gabriel) од 1986 година.[30]
  • „Јас имам шарени очи“ (Ја имам шарене очи) - песна на српската рок-група „Дисциплина кичме“ од 1984 година.[31]
  • „Очи со боја на мед“ (Очи боје меда) - песна на српската и југословенска рок-група „Екатарина Велика“ од 1985 година.[32]
  • „Свита: Сините очи на Џуди“ (Suite: Judy Blue Eyes) - песна на американската фолк-рок група „Крозби, Стилс и Неш“ (Crosby, Stills & Nash) од 1969 година.[33]
  • „Во моите очи“ (In my eyes) - песна на американската хард-кор група „Мајнор Трет“ (Minor Threat).[34]
  • „Отвори ми ги очите“ (Open My Eyes) - песна на американската рок-група „Наз“ (Nazz).[35]
  • „Пар кафеави очи“ (А Pair of Brown Eyes) - песна на ирската рок-група „Поугс“ (The Pogues) од 1985 година.[36]
  • „Далечни очи“ (Far Away Eyes) - песна на англиската рок-група „Ролинг Стоунс“ (Rolling Stones) од 1978 година.[37]
  • „Очи од спалната соба“ (Bedroom Eyes) - песна на австралиската поп-пејачка Кејт Себерано.[38]
  • „Убавината лежи во очите“ (Beauty Lies In The Eye) - песна на американската рок-група „Соник Јут“ (Sonic Youth) од 1987 година.[39]
  • „Токиско око“ (Tokyo Eye) - песна на американската рок-група „Соник Јут“ (Sonic Youth) од 1994 година.[40]
  • „Зад сините очи“ (Behind Blue Eyes) - песна на англиската рок-група „Ху“ (The Who) од 1971 година.[41]
  • „Зелени очи“ (Green Eyes) - песна на американската рок-група „Хускер Ду“ (Hüsker Dü) од 1985 година.[42]
  • „Да се биде во твоите очи“ (To Be in Your Eyes) - песна на австралиската рок-група „Чрч“ (The Church) од 1982 година.[43]
  • „Комунистички очи“ (Communist eyes) - песна на американската хард-кор група „Џермс“ (The Germs).[44]

Наводи

  1. Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 43.
  2. Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 43-44.
  3. Italo Kalvino, Pre nego što kažeš „halo“. Beograd: Rad, 2001, стр. 37-40.
  4. Gabrijel Garsija Markes, Oči plavog psa. Beograd: Sezam Book, 2015, стр. 67-73.
  5. Euđenio Montale, Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi. Beograd: Rad, 1979, стр. 37-42.
  6. Дејан Мирчески, Кристалните јами на пропаста, Темплум, Скопје, 2012.
  7. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 10.
  8. www.macedonium.org, Очи - Ацо Шопов (пристапено на 7.2.2016)
  9. Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 25-26.
  10. Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 127.
  11. Јован Дучић, Сабрана дела II, Песме љубави и смрти. Београд: Народна просвета (без дата), стр. 34-35.
  12. Мак Диздар, Горчин. Скопје, Македонска книга, стр. 119.
  13. Мак Диздар, Горчин. Скопје, Македонска книга, стр. 51-52.
  14. Charles Baudelaire, Spleen Pariza. Zgreb: Mladost, 1952, стр. 79-81.
  15. Šandor Petefi, Sloboda i ljubav. Beograd: Rad, 1969, стр. 35.
  16. „Бонд го спасува светот од катастрофа“, Антена, број 813, 24.1.2014, стр. 3.
  17. IMBD, Eyes Without a Face (1960) (пристапено на 7.2.2016)
  18. IMBD, Eyes Wide Shut (1999) (пристапено на 7.2.2016)
  19. IMBD, Occhi Chiusi (2017) (пристапено на 18.5.2017)
  20. Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 71.
  21. Macedonian Folklore Classics, Anka Gieva. Macedonian Radio and Television, MP 41048.
  22. YouTube, The Adverts - Gary Gilmore's eyes (1977) (пристапено на 30.12.2016)
  23. YouTube, Eyes in the Back of Your Head - The Adicts (пристапено на 28.12.2016)
  24. YouTube, Billy Idol - Eyes Without a Face (1960) (пристапено на 7.2.2016)
  25. DISCOGS, Tim Buckley ‎– Greetings From L.A. (пристапено на 17.10.2018)
  26. YouTube, BAUHAUS ~ Kick in the Eye (пристапено на 18.2.2019)
  27. YouTube, beat happening - beat happening (full album) (пристапено на 23.8.2017)
  28. YouTube, Kate Bush - The Man With The Child In His Eyes (пристапено на 30.8.2017)
  29. YouTube, The Velvet Underground \ The Velvet Underground, 1969 (Full Album)(пристапено на 17.2.2018)
  30. YouTube, In Your Eyes - Peter Gabriel (пристапено на 17.5.2017)
  31. YouTube, Disciplina Kičme Ja imam šarene oči 1984 (пристапено на 18.2.2019)
  32. YouTube, EKV - Oci boje meda (1985 Spot) (пристапено на 31.12.2016)
  33. Crosby, Stills & Nash ‎– Crosby, Stills & Nash (пристапено на 23.1.2018)
  34. YouTube, Minor Threat - In My Eyes (пристапено на 14.3.2017)
  35. YouTube, Nuggets: Original Artyfacts from the First Psychedelic Era, 1965-1968 CD 1 ALBUM COMPLETO (пристапено на 8.12.2018)
  36. YouTube, the Pogues - a Pair of Brown Eyes (пристапено на 22.8.2017)
  37. YouTube, Rolling Stones-Far Away Eyes (пристапено на 15.2.2019)
  38. YouTube, Kate Ceberano - Bedroom Eyes (with lyrics) - HD (пристапено на 29.9.2017)
  39. Discogs, The Sonic-Youth ‎– Sister (пристапено на 18.7.2019)
  40. DISCOGS, Sonic Youth ‎– Experimental Jet Set, Trash And No Star (пристапено на 20.7.2019)
  41. DISCOGS, The Who ‎– Who's Next (пристапено на 28.3.2020)
  42. Discogs, Hüsker Dü ‎– Flip Your Wig (пристапено на 1.7.2020)
  43. YouTube, The Church - The Blurred Crusade (1982) (Full Album) (пристапено на 15.10.2017)
  44. YouTube, The Germs - communist Eyes (пристапено на 17.3.2017)