Верзијата за печатење повеќе не е поддржана и може да дава грешки. Подновете си ги бележнците во прелстувачит и користете ја можноста за печатење од самиот прелистувач.
Со Виенскиот конгрес, подрачјето било припоено кон војводството Насау. Во 1866 Насау ѝ припаднало на Прусија, па така во 1867 е создаден административниот регион Висбаден, и во негов состав окрузите Рајнгау и Унтерлан. Во 1885 округот Рајнгау бил претворен во округот Санкт Гоарсхаузен. Во 1969, двата округа се споени, образувајќи го округот Рајна-Лана.
Географија
Како што може да се забележи од името, во округот течат две значајни реки. Рајна ја исцртува границата на запад, чија тесна долина е насадена со винова лоза. Реката Лана тече низ северниот дел на округот, па се влева во Рајна кај Ланштајн. Југот се одликува со ридест терен, и низ него се протега венецот Таунус.