ISSN
ISSN (од англ. International Standard Serial Number = Меѓународен стандарден сериски број) — единствен осумцифрен број кој служи за препознавање на печатени или електронски периодични списанија.[1] Оние што се издадени во печатен и електронски облик може да имаат по два ISSN-броја: печатен ISSN (p-ISSN) и електронски ISSN (e-ISSN или eISSN). Системот на ISSN е првично разработен како меѓународен ISO-стандард во 1971 и објавен во 1975 како ISO 3297.[2] Во организацијата на ISO, за стандардот е одговорен поткомитетот TC 46/SC 9.
Формат на кодот
Форматот на ISSN е осумцифрен број, поделен со цртичка на два четирицифрени броја.[1] Последната цифра (која може да биде 0–9 или X) е контролна цифра. Стручното списание Hearing Research има ISSN 0378-5955, што значи контролната цифра е 5.
Контролната цифра ја пресметуваме со следниов алгоритам:
- Да се пресмета збирот на првите седум цифри од ISSN-кодот помножени со нивната положба во бројот, сметајќи од лево — т.е. 8, 7, 6, 5, 4, 3 и 2, односно:
- .
- Потоа се пресметува со модулот на 11 на овој збир: збирот се дели со 11 и така се определува остатокот.
- .
- Доколку нема остаток, контролната бројка е 0. Во друг случај остатокот се одзема од 11 за да се добие контролната бројка:
- контролната бројка е 5.
- Големата буква X во контролниот број означува контролен број 10.
За да ја потврдите контролната цифра, го пресметуваме збирот на сите осум цифри на ISSN-бројот помножени со нивната положба во бројот, сметајќи од десно (ако контролната цифра е X, тогаш на збирот му додаваме 10). Модулот за 11 на збирот мора да изнесува 0.
Доделување на кодови
ISSN-кодовите ги доделува мрежа од национални центри, обично сместени во национални библиотеки под надлежност на ISSN Меѓународниот ISSN центар во Париз. Овој центар е меѓувладина организација основана во 1974 со договор помеѓу УНЕСКО и француската влада. Центарот води евиденција за сите ISSN-броеви во целиот свет во записникот наречен „ISDS-регистар“. Регистарот денес содржи 1.555.307 записи.[3]
Споредба со други назнаки
Кодовите на ISSN и ISBN се слични по замисла во случаи кога ISBN кодот е доделен на поединечна книга. ISBN може да се додели на поединечни броеви на научни периодични списанија, покрај ISSN-кодот на списанието во целина. За разлика од ISBN кодот, ISSN е анонимна назнака поврзан со извесно списание, и не содржи информации за издавачот и местото на издавање. Поради ова едно списание добива нов ISSN ако значително го смени насловот.
Бидејќи ISSN важи за целото списание, врз него е додадена дополнителна назнака SICI за наведување на изданија, томови, статии и други препознатливи делови (како на пр. преглед на содржината).
Приена во URN
ISSN-броевите можат да се кодираат и како URN-називи („еднообразно ресурсно име“) со претставката „urn:issn:“.[4] На пример, списанието Rail се наведува како „urn:issn:1534-0481“. Доколку констролниот знак е „X“, тоа значи дека во URN назнаката секогаш се кодира со големи букви.
ISSN Македонија
ISSN Центарот на Р Македонија врши услуги за добивање на број, каталогизација и работа со броевите. Работи како служба во склоп на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.[5]
Поврзано
Наводи
- ↑ 1,0 1,1 „Што е тоа ISSN?“ - Меѓународен ISSN центар (англиски)
- ↑ „ISSN и стандардите на ISO“ - Меѓународен ISSN центар (2008) (англиски)
- ↑ „Вкупен број на записи во регистарот“ (PDF). 2010. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-20. Посетено на 20 јуни 2011. (англиски)
- ↑ Употреба на ISSN како URN во рамките на именскиот простор ISSN-URN — RFC 3044 (англиски)
- ↑ ISSN агенција за Македонија - ISSN Центар Р Македонија Архивирано на 11 октомври 2011 г. (англиски)
Надворешни врски
Странски
- Меѓународен ISSN центар (англиски) (француски)
- Пронаоѓање на ISSN по наслов (англиски)
Македонски
- Заемен каталог на македонските библиотеки со можност за пребарување по ISSN Архивирано на 2 мај 2017 г. (македонски)
- Центар за меѓународни кодни назнаки за документи (ISSN, ISBN) - НУБ „Климент Охридски“ - Скопје (македонски)
|
|