Нов општ каталог
Вид попис | Астрономски каталог |
---|---|
Организација | Вилијам Хершел во Дансиншката опсерваторија на Кралското астрономско друштво |
Набљудувања | Вилијам Хершел, Џон Хершел, Џејмс Данлоп |
Производи | NGC каталог |
Мреж. место | Преработен нов општ каталог |
Поврзано на Ризницата | |
Нов општ каталог на маглини и ѕвездени јата (англиски: New General Catalogue of Nebulae and Clusters of Stars или NGC) — познат астрономски каталог на длабоконебесни тела. Содржи 7.840 објекти, наречени NGC-објекти или Дре(ј)ерови објекти (по составувачот). Ова е еден од најголемите и најопфатите каталози и ги содржи сите видови на длабоконебесни тела
Историја
[уреди | уреди извор]Каталогот е составен во текот на 1880-тите од Ј.Л.Е. Дрејер врз основа на набљудувањата на Вилијам Хершел, неговиот син Џон и други. Дрејер веќе објавил преработено издание на Хершеловиот „Каталог на маглини“, но Кралското астрономско друштво го одбило ова издание и му побарало на Дрејер да состави „Нов општ каталог“. Овој каталог е издаден во 1888 г.[1] Каталогот е подоцна проширен со два Индекс-каталога (IC I во 1896 и IC II во 1905), така додавајќи уште 5.386 објекти. Речиси сите подоцнежни објекти се откриени благодарение на фотографијата.
Објектите на небото на јужната полутопка не се толку темелно опфатени, но Џон Хершел или Џејмс Данлоп подоцна набљудувале многу од нив. NGC содржел многу грешки, кои се подоцна исправени со проектот NGC/IC Project, по делумните обиди на Сулентиќ и Тифт со „Преработен нов општ каталог“ (Revised New General Catalog, RNGC) во 1973, и Синот со NGC2000.0 во 1988.
Каталогот е издаден во делото „Мемоари на Кралското астрономско друштво“ како „Нов општ каталог на маглини и ѕвездени јата - каталогот на покојниот Сер Џон Ф.В. Хершел, Барт., преработен, исправен и проширен“ (Dreyer J. L. E., 1888, Mem. R. Astron. Soc., 49, 1-237).[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Нов општ каталог“ на Ризницата ? |
- NGC каталог[мртва врска] - SEDS (англиски)
- Проект NGC/IC Архивирано на 15 јануари 2013 г. (англиски)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Bradt, Hale (2004). Astronomy Methods: A Physical Approach to Astronomical Observations. United Kingdom: Cambridge University Press. стр. 52. ISBN 978-0-521-53551-9.
- ↑ Dreyer, J. L. E. (1888). „A New General Catalogue of Nebulae and Clusters of Stars,being the Catalogue of the late Sir John F.W. Herschel, Bart., revised, corrected, and enlarged“. Memoirs of the Royal Astronomical Society. 49: 1–237.
|