Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Кико Касиља

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кико Касиља
Лични податоци
Полно име Франсиско Касиља Кортес[1]
Роден на 10 февруари 1986(1986-02-10)(38 г.)[2]
Роден во Алковер, Шпанија
Држава Шпанија Шпанија
Висина &100000000000001910000001,91 м[3]
Позиција голман
Клупски податоци
Сегашен клуб Слободен играч Слободен играч
Младинска кариера
Химнастик Химнастик
Реал Мадрид Реал Мадрид
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2004-2006 Реал Мадрид Ц Реал Мадрид Ц 8 (0)
2006-2007 Реал Мадрид Кастиља РМ Кастиља 5 (0)
2007-2008 Еспањол Б Еспањол Б 25 (0)
2012-2015 Еспањол Еспањол 115 (0)
2015-2017Кадис Кадис 66 (0)
2017-2019Картахена Картахена 35 (0)
2015-2019 Реал Мадрид Реал Мадрид 25 (0)
2019-2022 Лидс Јунајтед Лидс Јунајтед 56 (0)
2021-2022Елче Елче 14 (0)
2022-2023 Хетафе Хетафе 0 (0)
Репрезентација
2005 Шпанија Шпанија 19 3 (0)
2008 Шпанија Шпанија 21 1 (0)
2014 Шпанија Шпанија 1 (0)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Франсиско "Кико" Касиља Кортесшпански фудбалер, кој игра на позицијата голман.

Кариерата ја започнал во Реал Мадрид, но во почетокот служел само како играч на младинските екипи и подоцна на резервниот тим. Својата среќа ја пронашол во екипата на Еспањол, каде одиграл 126 натпревари во текот на шест сезони во Примера Дивисион, пред да се врати во Реал Мадрид во 2015 година. Во улогата на втор голман зад Кејлор Навас, Касиља поминал три сезони во Реал Мадрид, освојувајќи многу трофеи со клубот вклучително и три во Лигата на шампионите. Во подоцнежните години од кариерата, го чувал голот на Лидс Јунајтед, Елче и Хетафе.

Касиља има еден настап за шпанската репрезентација, остварен во пријателски натпревар во 2014 година.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Реал Мадрид

[уреди | уреди извор]

Роден во Алковер, Тарагона, Каталонија, Касиља не добивал доволно простор за игра во неговиот две-годишен престој во вториот тим на Реал Мадрид, Реал Мадрид Кастиља. Во сезоната 2005-2006, тој играл за Кастиља во втората дивизија по унапредувањето од Ц-тимот, но само како трет избор зад Жорди Кодина и Давид Кобењо.[4]

По само четири настапи со Касиља се очекувало да добие повеќе можности, по заминувањето на првиот избор Кобењо. Меѓутоа, Кодина станал стартер, а Антонио Адан млад унапреден колега, резерва, а Касиља ја завршил сезоната играјќи само во последниот натпревар од сезоната, по кој клубот испаднал во понизок ранг.[5][4]

Касиља во 2013

Во август 2007, Касиља со слободен трансфер му се приклучил на Еспањол. На 20 јануари 2008, го направил своето деби во Примера Дивисион во поразот со 2-1 на гостувањето кај Реал Ваљадолид, влегувајќи како замена за повредениот Ињаки Лафуенте, две минути по стартот на второто полувреме додека вообичаениот стартер Карлос Камени бил на репрезентативна должност со својата земја на Африканскиот куп на нации;[6][7] тој месец се појавила вест и дека Арсенал бил заинтересиран за ангажирање на услугите на младиот шпански голман.[8]

Без можност да застане повторно на голот, поради конкуренцијата од Камени и новото засилување Кристијан Алварес, Касиља му се приклучил на третолигашот Кадис на позајмица до крајот на сезоната 2008-2009.[9] Позајмицата била продолжен и за следната сезона, откако андалусијците се вратиле во втората дивизија, и тој повторно бранел во поголемиот дел од сезоната, но тимот на крајот испаднал.[10]

Касиља сè уште седел на клупата на првиот натпревар на Еспањол во 2010-11, но на 31 август 2010 повторно бил пратен на позајмица во клубот од втората дивизија Картахена.[11] По завршувањето на сезоната, тој се вратил во Еспањол, каде водел борба за статусот прв избор со Алварес.[12]

Откако Аргентинецот си заминал, Касиља станал неприкосновен стартер. На 1 февруари 2015, тој бил исклучен за време на натпреварот против Севиља бранејќи го шутот на Јаго Аспас со раце надвор од шеснаесеттникот, а неговата замена Пау Лопес не можел да го спречи поразот од 3-2.[13]

Враќање во Реал Мадрид

[уреди | уреди извор]

На 17 јули 2015, Касиља се вратил во Реал Мадрид, потпишувајќи пет годишен договор откако клубот на Еспањол му платил 6 милиони евра.[14] Своето деби во официјален натпревар го направил на 31 октомври, во победата со 3–1 над УД Лас Палмас.[15]

Во првата сезона, Касиља бил резерва на Кејлор Навас,[16] појавувајќи се само во седум натпревари од сите натпреварувања. Меѓу нив, биле и двата настапи во Лигата на шампионите,[17][18] каде Реал триумфирале.[19]

На 9 август 2016, Касиља бил на голот како замена за повредниот Навас во победата со 3-2 над Севиља во натпреварот од Суперкупот на УЕФА во Трондхејм.[20] Тој успеал повеќе да придонесе за успесите на клубот во својата втора година, во која кралевите го освоиле националното првенство по пет години чекање;[21][22] неговиот единствен настап во Лигата на шампионите, во сезоната во која ја одбраниле титулата, бил во победата со 2-1 над Спортинг Лисабон во групната фаза.[23]

Касиља забележал два настапи во Лигата на шампионите[24] и 17 вкупно во сите натпреварувања[25] за време на сезоната 2017–2018, кога Мадрид ја освоиле својата трета последователна и 13-та севкупна титула во најсилното европско клупско натпреварување.[26] Следната сезона, по доаѓањето на Тибо Куртоа од Челси во текот на летото, тој дополнително бил деградиран во хиерархијата, станувајќи трет голман.[27]

Лидс Јунајтед

[уреди | уреди извор]

На 17 јануари 2019, 32-годишниот Касиља ја напуштил Шпанија за првпат во својата кариера и заминал во странство потпишувајќи четиригодишен договор со англискиот Лидс Јунајтед, членот на Чемпионшип дивизијата.[28][29] Дебитирал на голот на Лидс девет дена подоцна, во победата со 2–1 на гостувањето кај Ротерам Јунајтед.[30]

Во септември 2019 година, Касиља бил обвинет за расистички напад врз напаѓачот на Чарлтон Атлетик, Џонатан Леко, во натпревар помеѓу двата клуба.[31] Тој бил обвинет од ФА, но останал достапен за избор во текот на истрагата.[32] На 28 февруари 2020 година, тој добил суспензија од осум натпревари и парична казна од 60.000 фунти откако бил прогласен за виновен.[33] Сезоната 2019-2020, за Касиља и Лидс Јунајтед завршила успешно откако клубот успеал да избори промоција во Премиер лигата, враќајќи се таму после 16 години отсуство, а голманот придонел за тоа со 17 настапи во Чемпионшип во текот на сезоната.

Касиља го одиграл својот прв натпревар во Премиер лигата на 16 јануари 2021 година, во поразот на домашен терен со 0–1 од Брајтон енд Хоув Албион.[34] Во текот на целата сезона, тој бил втор избор зад младиот французин Илан Мелје.[35]

На 12 јули 2021 година, Касиља бил позајмен на Елче за следната сезона во највисоката шпанската дивизија.[36] Првично тој бил стартер, но подоцна го загубил местото од Едгар Бадија.[37]

Договорот на Касиља со Лидс бил раскинат со взаемна согласност на 31 јули 2022 година.[38]

На 10 август 2022 година, Касиља му се приклучил на Хетафе, потпишувајќи едногодишен договор;[39] по завршувањето на сезоната го напуштил клубот играјќи само два натпревари и двата во Купот на Шпанија.

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Касиља ја претставувал младата шпанска репрезентација под 21 година, играјќи 29 минути во поразот со 2–0 во пријателски натпревар од Франција во Бенидорм.

На 29 август 2014, Касиља бил повикан од селекторот на сениорскатa репрезентација, Висенте дел Боске, во составот од 23 играчи за септемвриските натпревари против Франција и Македонија, како трет избор зад Икер Касиљас и Давид де Хеја.[40] Тој го направил своето деби на 18 ноември, заменувајќи го Касиљас во последните 14 минути во пријателскиот натпревар против Германија во Виго.[41]

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Шпанија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
18-11-2014 Виго Шпанија Шпанија 0 – 1 Германија Германија Пријателска -1 влегол во игра 77'
Вкупно Настапи 1 Голови -1

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 16 ноември 2024.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2007-2008 Шпанија Еспањол ПД 4 -4 КШ 0 0 - - - - - - 4 -4
2008-2009 Шпанија Кадис СДБ 35+2[42] -40 + 0 КШ - - - - - - - - 37 -40
2009-2010 СД 31 -48 КШ 0 0 - - - - - - 31 -48
Вкупно Кадис 66+2 -88 + 0 0 0 - - - - 68 -88
2010-2011 Шпанија Картахена СД 35 -49 КШ 0 0 - - - - - - 35 -49
2011-2012 Шпанија Еспањол ПД 16 -22 КШ 5 -6 - - - - - - 21 -28
2012-2013 ПД 21 -24 КШ 2 -6 - - - - - - 23 -30
2013-2014 ПД 37 -47 КШ 4 -4 - - - - - - 41 -51
2014-2015 ПД 37 -48 КШ 0 0 - - - - - - 37 -48
Вкупно Еспањол 115 -145 11 -16 - - - - 126 -161
2015-2016 Шпанија Реал Мадрид ПД 4 -6 КШ 1 -1 ЛШ 2 -3 - - - 7 -10
2016-2017 ПД 11 -10 КШ 6 -9 ЛШ 1 -1 СУ+Скп 1+0 -2 19 -22
2017-2018 ПД 10 -11 КШ 5 -4 ЛШ 2 -3 СУ+СШ+Скп 0 0 17 -18
2018-јан. 2019 ПД 0 0 КШ 0 0 ЛШ 0 0 СУ+Скп 0 0 0 0
Вкупно Реал Мадрид 25 -27 12 -14 5 -7 1 -2 43 -50
јан.-јун. 2019 Англија Лидс Јунајтед ФЛЧ 17+2 -18 + -4 ФАКуп+ЛК - - - - - - - - 19 -22
2019-2020 ФЛЧ 36 -31 ФАКуп+ЛК 0+2 -2 - - - - - - 38 -33
2020-2021 ПЛ 3 -2 ФАКуп+ЛК 1+1 -3+ -1 - - - - - - 5 -6
Вкупно Лидс Јунајтед 56+2 -51 + -4 4 -6 - - - - 62 -61
2021-2022 Шпанија Елче ПД 14 -17 КШ 2 0 - - - - - - 16 -17
2022-2023 Шпанија Хетафе ПД 0 0 КШ 2 -5 - - - - - - 2 -5
Вкупно во кариерата 315 -381 31 -41 5 -7 1 -2 352 -431

Реал Мадрид

[уреди | уреди извор]
2016-2017
2017[43]
2015-2016, 2016-2017, 2017-2018
2016, 2017
2016, 2017,[44] 2018

Лидс Јунајтед

[уреди | уреди извор]
2019-2020
  1. „Acta del partido celebrado el 13 de enero de 2019, en Sevilla“ [Minutes of the match held on 13 January 2019, in Seville] (шпански). Royal Spanish Football Federation. 13 January 2019. Посетено на 15 June 2019.[мртва врска]
  2. „FIFA Club World Cup UAE 2017: List of players: Real Madrid CF“ (PDF). FIFA. 30 November 2017. стр. 5. Архивирано од изворникот (PDF) на 1 December 2017. Посетено на 23 December 2017.
  3. „K. Casilla“ (шпански). Getafe CF. Посетено на 6 March 2023.
  4. 4,0 4,1 Lancho, Christian (2 October 2017). „¡Felicidades, Kiko!“ [Happy birthday, Kiko!] (шпански). Vavel. Посетено на 17 January 2019.
  5. Balderas, Miguel Ángel (26 November 2013). „La última plantilla que descendió con el Castilla. ¿Qué fue de ellos?“ [The last squad to be relegated with Castilla. What happened to them?] (шпански). Vavel. Посетено на 20 January 2020.
  6. Rivera, Almudena (20 January 2008). „Llorente tumba al Espanyol“ [Llorente downs Espanyol]. Marca (шпански). Посетено на 1 April 2014.
  7. „La ausencia de Kameni y la lesión de Lafuente hacen debutar a Casilla“ [Kameni's absence and Lafuente's injury enable Casilla's debut]. Marca (шпански). 21 January 2008. Посетено на 6 May 2016.
  8. „Arsenal interested in youngster“. Tribal Football. 2 January 2008. Архивирано од изворникот на 5 January 2008. Посетено на 2 January 2008.
  9. „Kiko Casilla, al Cádiz; Fredson, al Goias“ [Casilla, to Cádiz; Fredson, to Goiás]. Mundo Deportivo (шпански). 26 July 2008. Посетено на 14 January 2019.
  10. Carbonell, Alfonso (2 December 2015). „¿Cómo recibirá Carranza a Kiko Casilla?“ [How will the Carranza welcome Kiko Casilla?] (шпански). La Voz Digital. Посетено на 14 January 2019.
  11. „Casilla jugará en el Cartagena una temporada“ [Casilla will play with Cartagena one season]. Marca (шпански). 1 September 2010. Посетено на 5 June 2013.
  12. „Casilla: "La competencia con Cristian Álvarez es bonita" [Casilla: "The competition with Cristian Álvarez is a beautiful thing"]. Marca (шпански). 24 July 2012. Посетено на 5 June 2013.
  13. „Iago Aspas' late winner gives Sevilla vengeful win against Espanyol“. Fox Sports. 1 February 2015. Посетено на 1 February 2015.
  14. „Official announcement: Kiko Casilla“. Real Madrid CF. 17 July 2015. Посетено на 17 July 2015.
  15. „El Real Madrid se aferra al liderato y sigue invicto“ [Real Madrid cling on to first place and are still undefeated] (шпански). La Liga. 31 October 2015. Посетено на 31 October 2015.
  16. G. Medina, David (4 December 2015). 'Sanción' para Kiko Casilla“ [‘Sanction’ for Kiko Casilla]. Marca (шпански). Посетено на 8 January 2019.
  17. „Ronaldo-inspired Madrid hold off Shakhtar“. UEFA. 25 November 2015. Посетено на 30 May 2016.
  18. „Ronaldo rampant as Madrid put eight past Malmö“. UEFA. 8 December 2015. Посетено на 30 May 2016.
  19. „Spot-on Real Madrid defeat Atlético in final again“. UEFA. 28 May 2016. Посетено на 29 May 2016.
  20. „Dani Carvajal's late goal in ET helps Real Madrid win UEFA Super Cup“. ESPN FC. 9 August 2016. Посетено на 9 August 2016.
  21. „El Real Madrid, campeón de LaLiga Santander 2016/17“ [Real Madrid, LaLiga Santander champions 2016/17] (шпански). La Liga. 21 May 2017. Посетено на 22 May 2017.
  22. „Malaga 0–2 Real Madrid“. BBC Sport. 21 May 2017. Посетено на 22 May 2017.
  23. „Real Madrid 2–1 Sporting“ (португалски). Rádio e Televisão de Portugal. 14 September 2016. Посетено на 6 June 2017.
  24. „Así llegan Real Madrid y Liverpool a la final de la Champions“ [That is how Real Madrid and Liverpool arrive to the Champions final] (шпански). RCN Radio. 25 May 2018. Посетено на 29 May 2018.
  25. Castañeda, Ángela (26 August 2018). „Casilla rechazó al Auxerre para quedarse en España“ [Casilla rejected Auxerre to stay in Spain] (шпански). El Español. Посетено на 17 January 2019.
  26. „Madrid beat Liverpool to complete hat-trick“. UEFA. 26 May 2018. Посетено на 28 May 2018.
  27. Terroba, Patricia; Clancy, Conor (30 August 2018). „Zidane returns to Castilla while Casilla remains as third choice“. Marca. Посетено на 8 January 2019.
  28. „Leeds United sign Kiko Casilla“. Leeds United F.C. 17 January 2019. Посетено на 17 January 2019.
  29. „Official announcement: Casilla“. Real Madrid CF. 17 January 2019. Посетено на 17 January 2019.
  30. Hay, Phil (27 January 2019). „Rotherham United 1 Leeds United 2 – talking points: Mateusz Klich is scoring goals, Kiko Casilla stars as Whites left concerned over Pablo Hernandez“. Yorkshire Evening Post. Посетено на 27 January 2019.
  31. „Charlton v Leeds: Football Association investigates claim of racial discrimination“. BBC Sport. 1 October 2019. Посетено на 2 October 2019.
  32. „Club statement: Kiko Casilla“. Leeds United F.C. 4 November 2019. Посетено на 5 November 2019.
  33. „Leeds goalkeeper gets eight-match ban for racism“. BBC Sport. 28 February 2020. Посетено на 28 February 2020.
  34. Jurejko, Jonathan (16 January 2021). „Leeds 0–1 Brighton: Neal Maupay's goal ends Seagulls' winless league run“. BBC Sport. Посетено на 16 January 2021.
  35. Donnohue, Joe (26 April 2021). „Leeds United goalkeeper Illan Meslier breaks Joe Hart's 13-year Premier League record“. Leeds Live. Посетено на 1 May 2021.
  36. „Kiko Casilla makes Elche loan move“. Leeds United F.C. 12 July 2021. Посетено на 12 July 2021.
  37. Verdú, Pablo (9 December 2021). „Badía: "Siempre he mantenido la confianza en mí mismo" [Badía: "I never lost confidence in myself"]. El Español (шпански). Посетено на 21 April 2022.
  38. Marshment, James (31 July 2022). „Leeds say goodbye to Kiko Casilla with brief statement as decks are cleared for popular replacement“. TEAMtalk. Посетено на 31 July 2022.
  39. „Comunicado oficial | Kiko Casilla“ [Official announcement | Kiko Casilla] (шпански). Getafe CF. 10 August 2022. Посетено на 10 August 2022.
  40. „These are the players called up for the matches against France and Macedonia“. Royal Spanish Football Federation. 29 August 2014. Архивирано од изворникот на 31 August 2014. Посетено на 29 August 2014.
  41. Melero, Delfín (18 November 2014). „Experimento pasado por agua“ [Soggy experiment]. Marca (шпански). Посетено на 19 November 2014.
  42. Плејоф.
  43. „Real Madrid 2 Barcelona 0 (5–1 on aggregate): Woeful Barca dismissed as Zinedine Zidane's unstoppable side win Super Cup“. The Daily Telegraph. 16 August 2017. Посетено на 17 August 2017.
  44. „Cristiano Ronaldo free-kick fires Real Madrid to Club World Cup glory“. The Guardian. 16 December 2017. Посетено на 18 December 2017.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]