Министерство за земјоделство на САД
Министерство за земјоделство на САД | |
---|---|
United States Department of Agriculture | |
Печат на министерството | |
Лого на министерството | |
Знаме на министерството | |
Податоци за органот | |
Основан | 15 мај 1862 како министерство: 15 февруари 1889 |
Претходник | Земјоделско одделение |
Надлежност | Федерална влада на САД |
Седиште | Зграда „Џејми Л. Витен“ 1301 Independence Avenue, Вашингтон 38°53′16.58″N 77°1′48.12″W / 38.8879389° СГШ; 77.0300333° ЗГД |
Вработени | 105.778 |
Годишен буџет | $132,3 млрд |
Раководител | Сони Пердју (Министер за земјоделство) |
Мрежно место | |
usda.gov |
Министерство за земјоделство на САД (англиски: United States Department of Agriculture, USDA) — министерство на САД одговорно за осмислување и извршување на државната политика во полето на земјоделство, сточарство и храната. Има за цел да ги задоволи потребите на земјоделците и сточарите, да ја унапредува земјоделската трговија и производство, да држи контрола на безбедноста на храната, да ги штити природните ресурси, да се грижи за руралните заедници и да се бори против неисхранетоста и гладот во САД и во странство.
На чело на министерството стои министерот за земјоделство (наречен „Секретар за земјоделство“), кој е член на кабинетот.
Миинистерството оди потекло од службата за земјоделски работи основана 1862, која добила статус на министерство дури во 1889 г. Денес има 105.778 вработени[1] и годишен буџет од 132,3 милијарди долари.[2]
Одделенија и служби
[уреди | уреди извор]- Секретар (министер) за земјоделство
- Заменик-секретар (заменик-министер) за земјоделство
- Потсекретар за фармерски и странско земјоделство
- Служба за регулатива и запазување
- Служба за странско земјоделство
- Служба за управување со ризици
- Здружение за стоково кредитирање
- Федерално здружение за земјоделско осигурување
- Потсекретар за природни ресурси и животна средина
- Шумарска служба на САД
- Служба за заштита на природните ресурси
- Потсекретар за рурален развој
- Служба за рурално домување
- Служба за рурална инфраструктура
- Рурална деловно-кооперативна служба
- Потсекретар за храна, исхрана и потрошувачки услуги
- Служба за храна и исхрана
- Центар за политика и застапништво на исхраната
- Потсекретар за безбедност на храната
- Инспекторат за безбедност на храната
- Потсекретар за научна работа, образование и економија
- Служба за земјоделска научна работа
- Служба за заедничка државна научна работа, образование и надградба
- Служба за економско истражување
- Национална земјоделска библиотека
- Национална земјоделска статистичка служба
- Потсекретар за пласман и регулативни програми
- Служба за земјоделски пласман
- Здравствен инспекторат за животни и растенија
- Управа за инспекција на жито, пакување и складишта
- Потсекретар за фармерски и странско земјоделство
- Заменик-секретар (заменик-министер) за земјоделство
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Министерство за земјоделство на САД“ на Ризницата ? |
- Министерство за земјоделство на САД (англиски)
- Национална база на хранливи состојки (англиски)