10 јуни
датум
<< | јуни | >> | ||||
---|---|---|---|---|---|---|
П | В | С | Ч | П | С | Н |
1 | ||||||
2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
30 |
10 јуни — 161-виот ден во годината според грегоријанскиот календар (162-ри во престапна година). Остануваат 204 дена до крајот на годината.
Настани:
1786 | Во покраината Сечуан во Кина, попуштила природната брана на реката Даду создадена од земјотрес десет дена порано, по што во поплавите настрадале околу 100.000 луѓе. |
1793 | Паркот на растенијата (Jardin des Plantes) е отворен во Париз, а по една година станал и првата јавна зоолошка градина во светот. |
1940 | Втора светска војна: Италија им објавила војна на Франција и Обединетото Кралство, а Франклин Рузвелт го осудил овој чин како „нож во грбот“ од Италија. |
1940 | Втора светска војна: Канада ѝ објавила војна на Италија, поради претходната објава на војна на Обединетото Кралство од страна на Италија. |
1940 | Втора светска војна: германските сили под команда на Ервин Ромел стигнале до каналот Ламанш. |
1941 | Втора светска војна: Авионот на заменикот на Хитлер, Рудолф Хес се урнал во Шкотска во мисија за преговори за окончување на војната со Британија. Бил уапсен, осуден во Нирнбершките процеси, и останал во затвор до 1987 г. кога наводно се самоубил на 93-годишна возраст. |
1942 | НОВ: Почнала Битката на Козара, дел од повоената митологија на СФРЈ, помеѓу краишките партизани и германските војски помогнати од Усташите. Во битката, која траела до 18 јули 1942 година, загинале околу 2200 краишки партизани, а во логори биле однесени голем број цивили. |
1943 | Дирекцијата на бугарската полиција во Софија им наредила на обласните началници на полицијата строго сроведување на наредбата на Владата за конфискација на целиот имот на партизаните и нивните семејства, како и на поддржувачите на партизаните во Македонија. |
1967 | Шестдневната војна завршила со прекинот на огнот помеѓу Израел и Сирија. |
Родени:
1819 | Гистав Курбе — француски сликар. |
1887 | Владимир Смирнов — руски математичар. |
1912 | Ванчо Николески — македонски писател. |
1915 | Сол Белоу — канадско-американски писател, нобеловец и пулицеровец. |
1921 | Принц Филип — војвода од Единбург и сопруг на кралицата Елизабета II. |
1921 | Иван Кожариќ — хрватски вајар. |
1922 | Џуди Гарланд — американска глумица и пејачка. |
1927 | Ладислав Кубала — унгарски фудбалер. |
1928 | Морис Сендак — американски писател за деца и илустратор. |
1932 | Љупка Апостолова — македонски изведувач. |
1952 | Пенг Бо — кинески кану-спринтер. |
1956 | Зоран Шапуриќ — македонски политичар и публицист. |
1959 | Карло Анчелоти — италијански фудбалер и тренер. |
1961 | Ким Дил — американска рок-музичарка, членка на групата „Пиксис“. |
1965 | Елизабет Харли — британска глумица, модел и кинематографски продуцент. |
1966 | Дејвид Плат — англиски фудбалер. |
1972 | Радмила Шекеринска Јанковска — македонски политичар. |
1979 | Светлана Захарова — руска балерина. |
1980 | Александра Пилева — македонска пејачка. |
1981 | Александар Липатов — руски слалом-кајакар. |
1985 | Василис Торосидис — грчки фудбалер. |
1999 | Рафаел Леао — португалски фудбалер. |
Починале:
323 п.н.е. | Александар III Македонски — крал на Македонија, еден од најголемите војсководци и освојувачи на сите времиња. |
1836 | Андре Мари Ампер — француски физичар и математичар. |
1912 | Антон Ашкерц — словенечки поет, претставник на реализмот во словенечката литература. |
1926 | Антони Гауди — каталонски архитект. |
1940 | Маркус Гарви — јамајски политички активист. |
1967 | Спенсер Трејси — американски филмски глумец. |
1982 | Рајнер Вернер Фасбиндер — германски режисер. |
1985 | Стефан Русјаков — еден од основоположниците на македонската опера и учесник во првата опера изведена на македонски јазик - „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи. |
1988 | Неџати Зекерија — македонски детски писател од турска националност. |
1991 | Веркор — француски писател. |
2004 | Реј Чарлс — американски музичар. |
2008 | Чингиз Ајтматов — киргиски и советски писател. |