Византиски танц
Византиска култура |
---|
Византиски танц — развиен во периодот на доцната антика и во средниот век, бил првично во главниот град Византион, подоцна преименуван во Цариград. Византиската култура била мешавина од старогрчката култура и христијанството, отколку на римскиот паганство, при развојот на уметноста. Византија постоела повеќе од илијада години, од IV век па сè до 1453 година.
Историја
[уреди | уреди извор]Старогрчкиот танц во класичниот период се верува дека се одржувал за да има образовна вредност, како платоновите дијалози за оваа тема во Закони. Сепак, како што старогрчката култура постепено го освоила Рим, танцот имал се помала образовна вредност и се користел повеќе како вид на забава. Во овој период танчарите имале многу понизок статус од останатите уметници.
Влијанието на христијанството довело исто така до промени, првично како што Источното Римско Царство се обидело да го забрани танцот и истиот да го осуди поради своето паганско потекло. Сепак, како што Источната православна црква постепено почнала да дава дозволи на голем број на грци кој го прифатиле христијанството, дозволувајќи го танцот така што истиот станал духовен. Ова било слично на како со христијанските препреставувања на пред христијанските празници, легенди и симболи.
Видови на танци
[уреди | уреди извор]Танците кои биле одобрени од црквата биле групни танц, најчесто играње во круг во кои мажите се одвоени од жените, и изведувале само лесни движења. Сепак, информациите за танците од овој период се доста ретки. Всушност, бидејќи византиската уметност е воглавно верска, претставувањето со цртежи на танците е реткост. Некои слики од византиски и полувизантиски танци се зачувани како скулптури, минијатури и ракописи -нп најчесто на фреските меѓу верските теми.
Во својата книга Животот и културата на византијците, Федон Кукул ги собрал сите можни прикзи за танци во текстови од тој период. Од неговите записи, може да се дознае дека имало и женски танци за Велигден, ноќните сатирични танци во маски за време на календи, танци од патувачки групи од млади мажи за русалија. Имало танцување за време на свадбите, ановите, и за време на банкети. Богатите поканувале професионални харпистии и младичи и девојки кои ќе танцуваат, кои биле особено ценети поради својата телесна подвижност и спретни движења. Танцовите изведби кои се одвивале во театри во придружба на флејта и гитара исто така се спомнуваат.
Иако има малку описи на византиските танци, ние знаеме дека тие честопати биле 'испреплетени'. Водачот на танцот бил наречен корифај или хоролект и тој бил кој ја започнувал песната и се грижел за одржување на кругот.
Ефстатиј Солунски спомнува танц кој започнува така што танчерите се свртени еден кон друг. Кога не танцувале во круг танчарите ги држеле своите раце високо или пак мавтале со нив лево десно. Тие држеле чинали или пак марами во нивните раце и нивните движења биле нагласени одд нивните долги ракави. Како што танцувале, тие пееле, или подготвени песни или смислувале, понекогаш едновремено, понекогаш со задршка, повторувајжи го стихот отпеан од водачот на танцот. Се придружувале и гледачите, кои плескале следејќи го ритамот или пак пееле. Професионални пејачи, честопати и самите музичари, компонирале текстови за соодветните прилики.
Во Цариград, важните настани биле славени со големи јавни танци. По враќањето на победоносната византиска армија, на пример, граѓаните ги преплавувале улиците, танцувале со војниците и извикувале со восхит. Има примери каде луѓето танцувале во црквите, за време на Велигден или Божиќ, откако патријархот Теофилакт им дал дозвола.
Другпат тие танцувале и пееле измислени песни, исмевајќи го царот. Војниците танцувале како дел од нивните вежбои по одредени маневри како вид на забава. Возачите на двоколките танцувале на хиподромот кога тие победувале на трките, и морнарите играле немажествен танц, со многу движења и вртења, како да се имитирале кривините на лавирнинтите.
Популарни танци
[уреди | уреди извор]Византиски танци во популарната култура се:
- Сирто — бавен танц
- Хипорхема — кружен танц
- Мантила
- Саксимос
- Пириха — воен танц
- Кордак — недоличен танц
Дворски танци
[уреди | уреди извор]При врвот на своето постоење, дворскиот живот „наликувал на некаков вид на Балет“, со прецизни церемонии кои биле точно одредени за секоја пригода, за да се покаже дека „царската мож може да се одвива во хармонија и мир“, и „дека царството може да го отслика движењето на универзумот на начин на кој го осмислил Создателот“, според царот Константин VII, кој напишал книга Книга за церемониите опишувајќи со целосна деталност живото на царскиот двор.
Специјални облици на облекување за разните класи на луѓе биле определени за одедени прилики, за вечерата за именденот на царот или царицата различни групи на службеници изведувале церемонијални „танци“, една група носела „ сино-бела облека, со куси ракави, и златни траки, и прстени на нивите зглобови. Во нивните раце тие држеле нешто што го нарекувале фенгија“. Втората група го правела истото, но носела „зелено-црвена облека, одделно, со жолти траки“. Овие бои биле ознаки на старите тркачки фракции, четирите сега споени во сини и зелени, и биле вклучени во царската хиерархија.
Некои историчари за танци замислуваат дека овие дворски танци изведувани од високоранкирачки службеници најверојатно наликувале на „стилизиран од“.[1] Сепак, емајлирани плочи на круна испратена од византискиот цар во Унгарија во 1050 година[2] прикажува дворски дами кои танцуваат, со нивните раце над нивните грлави и едната нога е остро повлечена наназд. Прикажани се како мафтаат со долги ленти на платно над нивните глави, налик на 'скокачко јаже.'
Инструменти
[уреди | уреди извор]Инструментите на кои се свирела византиска музика се:
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- "Life and Culture of the Byzantines;" by Phaidon Koukoules.
- "Medieval Byzantine Dance in Sacred and Secular Places;" article in 'Archaeologia and Techne' - March 2004.
- "Byzantine Style and Civilization;" Steven Runciman; Penguin Books-1975.
- "L'iconografia della danza nell'arte bizantina; in "Venezia Arti e Storia. Studi in onore di Renato Polacc;" by Efthalia Rentetzi; Ateneo Veneto-2005; pp. 173–179.