Око
Око — името на органот за вид на повеќеклеточните животни. Еволутивно, првите „очи“ претставуваат во суштина молекулска агрегација на фоторецепторите во едноклеточните организми. Со усложнување на градбата на организмите, фоторецепторите се преместуваат на одредено и константно место во организмот, градејќи ги првите сетилни органи за вид. Кај примитивните животни, очите се клучни за брзи реакции во движењата, предаторството или бегањето. Кај посложените животни, сетилото за вид е само едно од примачите на информации од надворешноста и овие информации се интегрираат во мозокот.
Еволуција на окото
Кај еволутивно најпримитивните животни, сунѓери, не постојат очи како органи. Возрасните сунѓери се силни организми кои имаат филтрирачки начин на исхрана и во нивниот живот фоторецепцијата нема голема улога. Младите сунѓери и ларвите се подвижни организми и ним сетилото за вид им е повеќе потребно, иако се до неодамна се сметало дека ни ларвите на сунѓерот немаат очи. Со експериментите на осветлување на ларвите, докажано е нејзиното бегање од осветлувањето (тоа понатаму водело до откривање на фоторецепторите групирани на едниот крај на ларвата, опколени со трепките кои ја раздвижуваат ларвата). Кај останатите без‘рбетници, очите по правило се развиени. Исклучок прават паразитски облици или организми во најголемите морски длабочини, но повеќето животни за кои би се рекло дека немаат очи, тие ги имаат. Така, очи постојат кај инсектите, раковите, пајакот, но и кај медузите, планаријата и школките.
Постојат разлики меѓу очите на одделни групи животни. Во прв ред, очите можат да бидат прости, односно изградени од една фоторецепторна клетка опкружена со потпорни клетки или сложени, кога има систем од повеќе рецепторни клетки кои се интегрираат во процесот на примање на дразби. Повеќето прости очи служат само за детектирање на светлина, но кај некои организми (пајаци и некои гасеници) овие очи создаваат и слики. Сложените очи се едни од важните карактеристики, изградени од многу фацети (мало просто око), по кои се одликуваат инсектите. Иако често се смета дека секоја фацета создава сопствена слика и дека инсектите гледаат умножено, оваа ситуација е ретка - најчесто е во прашање добра координација на фацетата која овозможува создавање на слика од голем агол на гледање и голема резолуција во мозокот. Фоторецепцијата има голема и важна улога во секојдневието кај животните. Кај животните кои зависат од сетилото за вид во потрагата по храна, очите се добро развиени. Најразвиени се очите кои ги поседуваат главоногите и ‘рбетниците. Во овие две групи на животни, очите низ различни еволутивни патеки доаѓаат на исто решение на градба и функционирање на органите за вид.
Очи на ‘рбетниците
Очите на ‘рбетниците можат да бидат:
- Непарни, кои ги имаат мал број ‘рбетници во вид на темено (круглоусти, некои риби и гуштери) и пинеално око (кај круглоусти, а кај останатите ‘рбетници тоа еволуирало во епифиза)
- Парни, кај најголемиот број ‘рбетници, вклучувајќи го и човекот.
Парните очи се изградени од типот на затворен очен меур (очно јаболко). Очното јаболко е обвиткано со три слоја:
- Белка — надворешна обвивка која на предниот дел образува проѕирна рожница
- Садовница — богата со крвни садови; на предниот дел образува должница, која на средината има отвор наречен зеница; зад должницата лежи очното сочиво
- Мрежница — внатрешна обвивка; таа е најсложен дел на окото и во неа се наоѓаат сетилните клетки односно фоторецепторите:
- Стапчиња — одговорни за разликување на светлина и темнина; кај цицачите тие се побројни од чунчињата
- Чунчиња — одговорни се за воочување на бои и детални предмети; најмногу ги има во средината на мрежницата (на линијата која поминува низ центарот на окото), на местото кое се нарекува жолта дамка - место на најостриот вид.
Функција на очите
Главната функција и намена на очите во човечкиот организам и воопшто кај 'рбетниците е прием на дразбите на светлината, нивно проследување и процесирање до мозокот, по што се создава слика. Односно, преку функционирањето на оптичкиот пат на приемот на дразбите на светлината, очите служат како рецептори и органи на сетилото за вид. Во очите се содржат фоторецепторите кои што се вид на невроцит кои се способни светлинската дразба да ја претвораат во акциски потенцијал. Поконкретно, фоторецепторот апсорбира фотони кои предизвикуваат промена во мембранскиот потенцијал во акциски кај невронот. Оваа нервна информација евентуално ќе биде искористена од визуелниот систем во черепниот мозок за да формира слика на визуелниот свет.
Очите како тема во уметноста и во популарната култура
Очите (најчесто, очите на некоја девојка или жена) се јавуваат како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура.
Очите како тема во книжевноста
- „Травник запален со очи“ (Травник запаљен очима) - српска народна песна.[1]
- „Очите соколови и ѓаволски“ (Очи соколове и ђаволове) - српска народна песна.[2]
- „Очите на непријателот“ (occhi nemici) - расказ на италијанскиот писател Итало Калвино.[3]
- „Блескави очи“ - кус расказ на италијанскиот писател Еуџенио Монтале.[4]
- „Очи за око“ - кус расказ на македонскиот писател Дејан Мирчески од 2012 година.[5]
- „Очи“ - песна на македонскиот поет Ацо Шопов.[6] [7]
- „Во очите на сињарките“ - песна на македонскиот поет Ацо Шопов.[8]
- „Очи“ - песна на српскиот поет Јован Дучиќ.[9]
- „Очи“ - песна на југословенскиот поет Мак Диздар.[10]
- „Очите нејзини“ - песна на југословенскиот поет Мак Диздар.[11]
- „Очите на сиромавиот“ - песна во проза на францускиот поет Шарл Бодлер.[12]
- „Твоите очи“ - песна на унгарскиот поет Шандор Петефи.[13]
Очите како тема во филмот
- „Златно око“ (англиски: Golden Eye) - филм од 1995 година во режија на Мартин Кембел.[14]
- „Очи без лице“ (Les yeux sans visage) - француски филм на режисерот Жорж Франжу од 1960 година.[15]
- „Очи широко затворени“ (Eyes Wide Shut) - филм на режисерот Стенли Кјубрик од 1999 година.[16]
- „Затворени очи“ (Occhi Chiusi) - филм на режисерот Џузепе Петито од 2017 година.[17]
Очите како тема во популарната музика
- „Свита: Сините очи на Џуди“ (Suite: Judy Blue Eyes) - песна на американската фолк-рок група „Крозби, Стилс и Неш“ (Crosby, Stills & Nash) од 1969 година.[18]
- „Светли сини очи“ (Pale Blue Eyes) - песна на американската рок-група „Велвет Андерграунд“ (Velvet Underground) од 1969 година.[19]
- „Ѓаволски очи“ (Devil Eyes) - песна на американскиот рок-музичар Тим Бакли (Tim Buckley) од 1972 година.[20]
- „Очите на Гари Гилмор“ (Gary Gilmore's eyes) - песна на британската панк-рок група „Адвертс“ (The Adverts) од 1977 година.[21]
- „Човекот со детето во неговите очи“ (The Man With The Child In His Eyes) - песна на англиската пејачка Кејт Буш (Kate Bush) од 1978 година.[22]
- „Очи на задната страна од твојата глава“ (Eyes in the back of your head) - песна на британската панк-рок група „Адиктс“ (The Adicts) од 1982 година.[23]
- „Да се биде во твоите очи“ (To Be in Your Eyes) - песна на австралиската рок-група „Чрч“ (The Church) од 1982 година.[24]
- „Очи без лице“ (Eyes Without a Face) - песна на британскиот рок-пејач Били Ајдол од 1983 година.[25]
- „Пар кафеави очи“ (А Pair of Brown Eyes) - песна на ирската рок-група „Поугс“ (The Pogues) од 1985 година.[26]
- „Замаглени очи“ (Foggy eyes) - песна на американската рок-група „Бит хепенинг“ (Beat Happening) од 1985 година.[27]
- „Очи со боја на мед“ (Очи боје меда) - песна на српската и југословенска рок-група „Екатарина Велика“ од 1985 година.[28]
- „Во твоите очи“ (In Your Eyes) - песна на британскиот музичар Питер Гeбриел (Peter Gabriel) од 1986 година.[29]
- „Очи од спалната соба“ (Bedroom Eyes) - песна на австралиската поп-пејачка Кејт Себерано.[30]
- „Во моите очи“ (In my eyes) - песна на американската хард-кор група „Мајнор Трет“ (Minor Threat).[31]
- „Комунистички очи“ (Communist eyes) - песна на американската хард-кор група „Џермс“ (The Germs).[32]
Наводи
- ↑ Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 43.
- ↑ Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 43-44.
- ↑ Italo Kalvino, Pre nego što kažeš „halo“. Beograd: Rad, 2001, стр. 37-40.
- ↑ Euđenio Montale, Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi. Beograd: Rad, 1979, стр. 37-42.
- ↑ Дејан Мирчески, Кристалните јами на пропаста, Темплум, Скопје, 2012.
- ↑ www.macedonium.org, Очи - Ацо Шопов (пристапено на 7.2.2016)
- ↑ Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 25-26.
- ↑ Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 127.
- ↑ Јован Дучић, Сабрана дела II, Песме љубави и смрти. Београд: Народна просвета (без дата), стр. 34-35.
- ↑ Мак Диздар, Горчин. Скопје, Македонска книга, стр. 119.
- ↑ Мак Диздар, Горчин. Скопје, Македонска книга, стр. 51-52.
- ↑ Charles Baudelaire, Spleen Pariza. Zgreb: Mladost, 1952, стр. 79-81.
- ↑ Šandor Petefi, Sloboda i ljubav. Beograd: Rad, 1969, стр. 35.
- ↑ „Бонд го спасува светот од катастрофа“, Антена, број 813, 24.1.2014, стр. 3.
- ↑ IMBD, Eyes Without a Face (1960) (пристапено на 7.2.2016)
- ↑ IMBD, Eyes Wide Shut (1999) (пристапено на 7.2.2016)
- ↑ IMBD, Occhi Chiusi (2017) (пристапено на 18.5.2017)
- ↑ Crosby, Stills & Nash – Crosby, Stills & Nash (пристапено на 23.1.2018)
- ↑ YouTube, The Velvet Underground \ The Velvet Underground, 1969 (Full Album)(пристапено на 17.2.2018)
- ↑ DISCOGS, Tim Buckley – Greetings From L.A. (пристапено на 17.10.2018)
- ↑ YouTube, The Adverts - Gary Gilmore's eyes (1977) (пристапено на 30.12.2016)
- ↑ YouTube, Kate Bush - The Man With The Child In His Eyes (пристапено на 30.8.2017)
- ↑ YouTube, Eyes in the Back of Your Head - The Adicts (пристапено на 28.12.2016)
- ↑ YouTube, The Church - The Blurred Crusade (1982) (Full Album) (пристапено на 15.10.2017)
- ↑ YouTube, Billy Idol - Eyes Without a Face (1960) (пристапено на 7.2.2016)
- ↑ YouTube, the Pogues - a Pair of Brown Eyes (пристапено на 22.8.2017)
- ↑ YouTube, beat happening - beat happening (full album) (пристапено на 23.8.2017)
- ↑ YouTube, EKV - Oci boje meda (1985 Spot) (пристапено на 31.12.2016)
- ↑ YouTube, In Your Eyes - Peter Gabriel (пристапено на 17.5.2017)
- ↑ YouTube, Kate Ceberano - Bedroom Eyes (with lyrics) - HD (пристапено на 29.9.2017)
- ↑ YouTube, Minor Threat - In My Eyes (пристапено на 14.3.2017)
- ↑ YouTube, The Germs - communist Eyes (пристапено на 17.3.2017)
|