Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Покраина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 19:55, 4 септември 2023; направена од Dandarmkd (разговор | придонеси) (Откажано уредувањето 5062001 на Nikolovska Mia (разговор) Rump state не е покраина. Преведениот текст погрешно ја заменува старата правилна содржина на статијата Покраина.)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)

Покраина територијална и административна единица во рамките на некоја суверена држава.

Во многу земји оваа целина се нарекува „провинција“,[1] што потекнува од латинските поими pro- („во име на“) и vincere („победува, запоседнува“). Така, провинцијата претставувала територија под власта на римски магистрат кој ја управувале во име на неговата држава. Во тој облик, првите провинции се јавуваат во републиканскиот период и се однесуваат на поголеми подрачја под римско владение (на пр. провинцијата Македонија).

Во многу федеративни и конфедеративни држави, покраината не е јасно потчинета на централната власт, туку се смета за суверена во однос на разни уставни функции. Класичен случај од оваа категорија се Косово и Метохија и Војводина во СФРЈ.

Како засебни управни единици се јавуваат покраините на Филипините, Холандија, Белгија, Шпанија и Италија; и големи автономни области како оние во Канада, Конго и Аргентина.

Во Италија и Чиле, покраината е второстепена административна единица во состав на регионот, кој е првостепена (најкрупна) единица во земјата. Во тие случаи, покраините понатаму се делат на општини, окрузи и сл.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „провинција“ - Дигитален речник на македонскиот јазик