Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

46

Од Википедија — слободната енциклопедија
< 1 век п.н.е. 1 век 2 век >
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27 28 29 30
31 32 33 34 35 36 37 38 39 40
41 42 43 44 45 46 47 48 49 50
51 52 53 54 55 56 57 58 59 60
61 62 63 64 65 66 67 68 69 70
71 72 73 74 75 76 77 78 79 80
81 82 83 84 85 86 87 88 89 90
91 92 93 94 95 96 97 98 99 00
46 во разни календари
Грегоријански календар46
XLVI
Ab urbe condita799
Асирски календар4796
Балиски календарн/п
Бенгалски календар−547
Берберски календар996
Будистички календар590
Бурмански календар−592
Византиски календар5554–5555
Кинески календар乙巳(дрв. змија)
2742 или 2682
    — до —
丙午年 (огн. коњ)
2743 или 2683
Коптски календар−238 – −237
Етиопски календар38–39
Еврејски календар3806–3807
Хиндуистички календари
 - Викрамска ера102–103
 - Сачка еран/п
 - Кали-југа3146–3147
Холоценски календар10046
Ирански календар576 п.п. – 575 п.п.
Исламски календар594 п.х. – 593 п.х.
Јавански календарн/п
Јулијански календар46
XLVI
Корејски календар2379
Мингуо-календар1866 пред Р. Кина
民前1866年
Нанакшахи−1422
Селевкидски календар357/358 г.г.
Тајландски сончев календар588–589
Тибетски календар阴木蛇年
(женско дрво-змија)
172 или −209 или −981
    — до —
阳火马年
(машки оган-коњ)
173 или −208 или −980

46 (XLVI) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 46 година од новата ера, 46. од првиот милениум, 46. од I век и седма од 40-тите.

Други календари

[уреди | уреди извор]

Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.

Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 5554 и 5555 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 4796 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 3806 и 3807 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 799.

Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 46 година се протега во 2682 и 2683, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 2742 и 2743 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 589. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 594 и 593 година пред хиџра.

Починале

[уреди | уреди извор]