681 п.н.е.
< 8 век п.н.е. | 7 век п.н.е. | 6 век п.н.е. > | |||||||
100 | 99 | 98 | 97 | 96 | 95 | 94 | 93 | 92 | 91 |
90 | 89 | 88 | 87 | 86 | 85 | 84 | 83 | 82 | 81 |
80 | 79 | 78 | 77 | 76 | 75 | 74 | 73 | 72 | 71 |
70 | 69 | 68 | 67 | 66 | 65 | 64 | 63 | 62 | 61 |
60 | 59 | 58 | 57 | 56 | 55 | 54 | 53 | 52 | 51 |
50 | 49 | 48 | 47 | 46 | 45 | 44 | 43 | 42 | 41 |
40 | 39 | 38 | 37 | 36 | 35 | 34 | 33 | 32 | 31 |
30 | 29 | 28 | 27 | 26 | 25 | 24 | 23 | 22 | 21 |
20 | 19 | 18 | 17 | 16 | 15 | 14 | 13 | 12 | 11 |
10 | 9 | 8 | 7 | 6 | 5 | 4 | 3 | 2 | 1 |
681 п.н.е. — година според општоприфатениот календар. Тоа била 681. година пред нашата ера, 681. од првиот милениум п.н.е., 81. од 7 век п.н.е. и втора од 680-тите п.н.е.
Други календари
[уреди | уреди извор]Годината е броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 4827 и 4828 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во градот Асур, станува збор за 4069 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 3079 и 3080 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 72.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 681 година се протега во 1955 и 1956, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 2015 и 2016 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, па така годината е 138 пред Буда да ја достигне блажената состојба. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1342 и 1341 исламска година пред хиџра.
Настани
[уреди | уреди извор]Азија
[уреди | уреди извор]Асирија
[уреди | уреди извор]- Кралот Сенахериб од Асирија, по 24-годишното владеење со Асирија, бил убиен од еден или двајца од неговите синови, во храмот на богот Нинурта во Калах (северна Месопотамија). За време на неговото владеење ги освоил Вавилонија и Јудеја; околу 700 г. п.н.е. ја изградил Нинива во величествен град со нови улици, плоштади и прекрасна палата; ги пренасочил водите на реката Тигар во огромен аквадукт кој служел за иригација.[1]
Јудеја
[уреди | уреди извор]Елам
[уреди | уреди извор]- Умрел царот на Елам Хума-Халдаш I (689/8-681 г. п.н.е.), а наследник на престолот бил Хума-Халдаш II (681-675 г. п.н.е.).[3]
Кина
[уреди | уреди извор]- Кралот Кси од династијата Џоу (кинески: 周 僖 王; пинјин: Zhōu Xī Wáng) станал шеснаесеттиот крал на кинеската династија Џоу и четвртиот од источниот Џоу.
Африка
[уреди | уреди извор]Египет
[уреди | уреди извор]Родени
[уреди | уреди извор]Починати
[уреди | уреди извор]- Сенахериб, царот на Асирија, починал 681 г. п.н.е. Најверојатно бил убиен од неговите синови наследници.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ The Cambridge Ancient History Volume III, Part 02 ,The Assyrian and Babylonian Empires and other States of the Near East, from the Eighth to the Sixth Centuries B.C. Cambridge University Press. 1991. стр. 119.
- ↑ E. Mills, Roger Aubrey Bullard. „Mercer Dictionary of the Bible. Mercer University Press. 1991. стр. 544 и 379.
- ↑ The Cambridge Ancient History Volume III, Part 02 ,The Assyrian and Babylonian Empires and other States of the Near East, from the Eighth to the Sixth Centuries B.C. Cambridge University Press. 1991. стр. 38 и 748.