Јаде (општина)
Јаде | |
Велепоседничка куќа Швајбург | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Везермарш |
Градоначалник | Хенинг Карс (UWG) |
Основни податоци | |
Површина | 93,57 км2 |
Надм. височина | 5 м |
Население | 5.897 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 63 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | BRA |
Пошт. бр. | 26349 |
Повик. бр. | 04454, 04455 |
Портал | gemeinde-jade.de |
Местоположба на Јаде во рамките на округот Везермарш | |
Координати | 53°20′40″N 8°14′25″E / 53.34444°N 8.24028°E |
Јаде (германски: Jade) — општина во округот Везермарш, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на истоимената река, околу 23 километри северно од Олденбург и 50 километри северозападно од Бремен.
Географија
[уреди | уреди извор]Местоположба
[уреди | уреди извор]Општината Јаде е најзападната општина во округот Везермарш. Се наоѓа 25 километри северно од Олденбург и околу 30 километри јужно од Вилхелмсхафен. Окружниот град Браке е оддалечен 20 километри. Се граничи 12 километри во должина со Јадскиот Залив. Малата река Вапел се влива кај Јаде во реката Јаде, која поминува низ општината и го носи нејзиното име.
Соседни општини
[уреди | уреди извор]Општината се граничи на север со Јадскиот Залив, на североисток со општината Штадланд и на југоисток со општината Овелгене. Обете општини припаѓаат на истиот округ како Јаде, округот Везермарш. На запад се граничи со општината Раштеде од округот Амерланд и на северозапад се граничи со градот Фарел во округот Фризија.
Општински единици
[уреди | уреди извор]Општината Јаде се состои од следниве места:
- Јадерберг (околу 3.200 жители)
- Швајбург (околу 750 жители)
- Јаде (околу 360 жители)
- Менцхаузен (околу 335 жители)
- Дикмансхаузен (околу 290 жители)
Административното седиште на општината е во Јаде.
Покрај овие места, постојат и имотите Ахтермер, Боленхаген, Јадераусендајх, Кројцмор, Нордершвајбург, Зеештет, Аугустхаузен, Ренелмор, Вапелерзил и Вапелергроден.
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|
|