Јан Јансен
Јан Јансен во 1967 година | ||||||||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Јоханес Адријанус Јансен | |||||||||||||||||
Роден | 19 мај 1940 Нодорп, Холандија | |||||||||||||||||
Податоци за клубот | ||||||||||||||||||
Мом. клуб | пензиониран | |||||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | |||||||||||||||||
Улога | возач | |||||||||||||||||
Вид на возач | универзален возач | |||||||||||||||||
Значајни победи | ||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||
|
Јоханес Адријанус „Јан“ Јансен (холандски: Jan Janssen; 19 мај 1940 година) — поранешен холандски професионален велосипедист, активен од 1962 до 1972 година. Најголемиот успех го постигнал во 1968 година, кога го освоил Тур де Франс. Една година порано ја освоил Вуелта а Еспања.
Детство и аматерска кариера
[уреди | уреди извор]Јансен е роден во Нодорп, мал град во близина на Хаг, само пет дена откако нацистите ја окупирале Холандија. Подоцна се преселиле во селото Пут, кај Розендал и Антверпен. Работел со неговите родители, копајќи ја земјата низ Западна Холандија, за објектите што ги граделе нивната семејна фирма. Тој се приклучил на велосипедскиот клуб во Делф на 16-годишна возраст и за две години остварил 25 победи. Како аматер возел во Холандија на трката Тур Авенир (аматерска верзија на Тур де Франс), која била отворена за аматери и полупрофесионалци. 1960 година учествувал Олимписките игри.
Професионална кариера
[уреди | уреди извор]Јансен станал професионалец во 1962 година по шест години во аматерски велосипедизам, каде победил на многу холандски класики.
Во 1963 година, тој го возел својот прв Тур де Франс и освоил една етапа, но морал да го напушти Тур поради несреќа. Во 1964 година победил на трката Париз-Ница, а на Тур де Франс освоил две етапи и пласман по бодови. По Тур, тој го освоил Светското првенство.
Исто така, тој го по пласманот на бодовите го освоил Тур де Франс во 1965 година, а во 1966 година, тој бил близу до освојување на Тур, завршувајќи на второто место, зад Лисјен Емар. Во 1967 година победил во трката шест дена во Мадрид, по што следел престижниот класик Париз-Рубе, по што возел за првпат Вуелта а Еспања и победил, со освоена една етапа и пласман на бодови, со што станал првиот Холанѓанец кој ја освоил Вуелта, додека на Тур де Франс завршил на седмото место и по третпат по класификација на бодови.
Во 1968 година, тој конечно го освоил Тур де Франс, победувајќи го Белгиецот, Херман Ван Спрингел, за 38 секунди, што била и најмала разлика, до 1989 година кога Грег Лемонд го победил Лоран Фињон за осум секунди. Јансен со тоа станал првиот холандски победник на Тур де Франс.
На Тур де Франс во 1968 година повторно се пронашле државни репрезентации, како експеримент. За да се одмаздат на организаторот на Тур, Феликс Левитан, некои спонзори започнале штрајк против допинг-тестот направен претходната година. Ставањето на едниот тим возачите кои возеле во остатокот од сезоната на соперничките спонзори, предизвикало проблеми и внатрешни соперници. Тоа го поделило холандскиот тим повеќе од другите и Јансен морал да ги надмине внатрешните проблеми за да победи. Неговата победа во портокаловата маичка на Холандија, наместо боите на неговиот тим, му донела голема популарност дома по неговата прва победа на Трката околу Холандија.
Во 1969 година, тој победил на трката во Вуелта Мајорка, како и по една етапа на Критериумот ди Дофине и на Париз-Ница.
Крај на кариерата и личен живот
[уреди | уреди извор]Последната трка во кариерата на Јансен била Тур Луксембург, каде освоил една етапа. „Знам дека сум Јан Јансен, победник на Тур де Франс и светски шампион и тогаш дојде време да кажам стоп“, изјавил Јан Јансен.
По завршувањето на кариерата, тој започнал компанија за производство на рамки за велосипеди во селото југозападно од селото Пут, кое е поделено со границата со Белгија. Компанијата го носи неговото име денес.
Јансен продолжил да вози велосипед по крајот на кариерата, заедно со други холандски велосипедисти од тоа време.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Профил на архивата за велосипедизам Архивирано на 28 февруари 2024 г.
- Матична страница
- Резултатите од Јан Јансен Архивирано на 5 ноември 2014 г.
- Резултати на Јан Јансен на Тур де Франс