Југ
Изглед
Југ е правец во географијата и една од четирите страни на светот. Се наоѓа на спротивната страна од север и на 90 степени од исток и запад. Во навигацијата со компас, југ е означен со агол од однос 180°.
Географски југ е во правецот на јужниот крај на оската околу која се врти Земјината топка, завршувајќи со Јужниот Пол.
Магнетен југ е во правецот на јужната магнетна точка која е обично далеку од јужниот географски пол.
Југ како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]- „Југ“ - расказ на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес.[1]
- „Оди на југ“ (Go South) - песна на американската хард-кор група „Воид“ (Void) од 1981 година.[2]
- „Север, југ, исток и запад“ (North, South, East and West) - песна на австралиската рок-група „Чрч“ (The Church) од 1988 година.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Horhe Luis Borhes, Маštarije. Beograd: Paidea, 2006, стр. 112-117.
- ↑ YouTube, VOID - Sessions 1981-83 (FULL ALBUM) (пристапено на 22.8.2017)
- ↑ YouTube, The Church - Starfish (Full Album) 1988 - 480P.mp4 (пристапено на 15.10.2017)
|