Ју Несбе
Ју Несбе Jo Nesbø | |
---|---|
Несбе во 2008 | |
Роден/а | Jon Nesbø 29 март 1960 Осло, Норвешка |
Занимање | Романописец, музичар, фудбалер |
Јазик | Норвешки, англиски |
Жанр | криминалистички, хорор, мистериозни романи, книги за деца |
Предмет | Крими, трилер, мистерија |
Значајни дела | Серија „Хари Хуле“ |
Значајни награди | Награда Ривертон |
Деца | 1 |
мрежно место | |
jonesbo.com |
Ју Несбе Jo Nesbø | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 29 март 1960 | ||
Роден во | Осло, Норвешка | ||
Позиција | Напаѓач | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1977–? | Молде | ? | (?) |
Ју Несбе (Осло, 29 март 1960) — норвешки писател и музичар. Тој е најпознат по неговите криминалистички романи за детективот Хари Хуле, кои му донеле бројни награди и светска слава. Тој е пејач и текстописец на норвешката поп-рок група Ди Дере.
Животопис
[уреди | уреди извор]Ју Несбе е роден во Осло, но неговото семејство се преселило во Молде кога тој имал осум години.[1] Како тинејџер играл за прволигашкиот фудбалски клуб Молде, но откако ги повредил лигаментите на коленото морал да се откаже од фудбалот.[2] Се пријавил во војска и служел три години, по што се запишал на Норвешкиот економски универзитет (Norges Handelshøyskole) во Берген. По дипломирањето, работел како независен новинар и брокер на акции.[2] Денес живее и работи во Осло.[1]
Кариера
[уреди | уреди извор]Првиот во серијата романи за детективот Хари Хуле е романот Лилјак (Flaggermusmannen) од 1997 година. За тој роман, Несбе ја добил наградата „Ривертон“ за најдобар норвешки криминалистички роман и наградата „Стаклен клуч“ за најдобар нордиски криминалистички роман. По нив следувале многу други награди, од кои последната била наградата „Пер Гинт“ „за меѓународен успех и ставање на Норвешка на мапата на светската книжевност“.[2] Покрај романите за Хари Хуле, објавил и четири романи за деца во серијата Доктор Проктор, како и неколку независни романи и збирки раскази.[2] Врз основа на романот „Ловци на глави“ (Hodejegerne), во 2011 година снимен е истоимен филм во Норвешка, во режија на Мортен Тилдум.[3]
Библиографија
[уреди | уреди извор]Романи со детективот Хари Хуле
[уреди | уреди извор]- 1997 – Flaggermusmannen: Лилјакот
- 1998 – Kakerlakkene: Лебарки
- 2000 – Rødstrupe: Црвеношијка
- 2002 – Sorgenfri: Немеза
- 2003 – Marekors: Ѓаволова ѕвезда
- 2005 – Frelseren: Спасителот
- 2007 – Snømannen: Снешко
- 2009 – Panserhjerte: Леопард
- 2011 – Gjenferd: Сеништето
- 2013 – Politi: Полиција
- 2017 – Tørst: Жед
- 2019 – Kniv: Нож
- 2022 – Blodmåne: Крвава месечина
Романи со доктор Проктор
[уреди | уреди извор]- 2007 – Doktor Proktors Prompepulver
- 2008 – Doktor Proktors Prompepulver: tidsbadekaret
- 2010 – Doctor Proktor og verdens undergang. Kanskje.
- 2012 – Doktor Proktor og det store Gullrøveriet: Доктор Проктор и големата кражба на злато
Романи со Олаф Јохансен
[уреди | уреди извор]- 2014 – Blod på snø: Крв на снегот (роман)
- 2015– Mere blod: Полноќно сонце (роман)
Други
[уреди | уреди извор]- 1999 – Stemmer fra Balkan/Atten dager i mai (документарна проза )
- 2001 – Karusellmusikk (раскази)
- 2007 – Det hvite hotelel (роман)
- 2008 – Hodejegerne: Ловци на глави (роман)
- 2014 – Sønnen: Син (роман)
- 2018 – Macbeth: Макбет (роман)
- 2020 – Kongeriket: Кралството (роман)
- 2021 – Sjalusimanen og andre fortellinger: Стручњак за љубомора и други раскази:(збирка раскази)
- 2021 – Rotteøya og andre fortellinger: Остров на стаорците и други приказни (збирка раскази)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Ekskluzivni intervju: Jo Nesbø Архивирано на 10. lipnja 2015.., Lana Bunjevac, bestseller.jutarnji.hr, 24.srpnja 2013., пристапено на 6 октомври 2013
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Официјално мрежно место, пристапено на 6 октомври 2013.(англиски)
- ↑ IMDb: Hodejegerne (2011), пристапено на 6 октомври 2013.(англиски)