Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Џиро д’Италија 2020

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џиро д’Италија 2020
Детали за трката
Издание103. Џиро д’Италија
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI 2020 2.UWT
Етапи21
Датуми3 – 25 октомври
Растојание3.497,9 км
ДржаваITA Италија
ПоаѓалиштеМонреале
ОдредиштеМилано
Екипи22
Возачи на почеток176
Возачи на крај133
Просечна брзина40,828 км/ч
Добитници на наградите
ПобедникGBR Тео Гејган Харт (Инеос Гренадиерс)
ВторопласиранAUS Џеј Хиндли (Тим ДСМ)
ТретопласиранNED Вилко Келдерман (Тим ДСМ)
БодовенFRA Арно Демар (Групама-ФДЖ)
ПланинскиPOR Рубен Гереиро (ЕФ Едукејшн-ИзиПост)
СпринтерскиSUI Симон Пело (Андрони Џокатоли-Сидермек)
МладинскиGBR Тео Гејган Харт (Инеос Гренадиерс)
БорбеностBEL Томас де Гент (Лото-Судал)
BreakawayITA Матија Баис (Андрони Џокатоли-Сидермек)
ЕкипенGBR Инеос Гренадиерс
◀20192021▶
Документација

Џиро д’Италија 2020 (позната и како Трка околу Италија 2020) — 103. издание на велосипедската голема трка Џиро д’Италија, која се одржала помеѓу 3 и 25 октомври, откако првично била одложена поради пандемијата на КОВИД-19.[1] Првично требало да се одржи од 9 до 31 мај 2020 година, како прва голема трка во сезоната. Почетокот на Џиро 2020 бил планиран да се одржи во Будимпешта, Унгарија, што ќе било 14. пат Џиро да започне надвор од Италија[2] и првпат некоја голема трка да започне во Унгарија.[3]

Трката била нарушена поради пандемијата на КОВИД-19 во Италија[4] и во март 2020 година била одложена, како и останатите трки во раниот дел од сезоната во Италија.[5] Кога владата на Унгарија објавила дека тие нема да дозволат да се случи почетокот на Џиро 2020, организаторот RCS Sport одлучил да ја одложи трката за подоцнежен датум.[6] На 15 април, UCI објавиле дека обете големи трки, Џиро и Вуелта ќе се одржат наесен по Светското друмско првенство.[7] На 5 мај, UCI објавиле дека Џиро ќе се одржи помеѓу 3 и 25 октомври.[1]

Трката била освоена од Тео Гејган Харт од Обединетото Кралство, кој завршил 39 секунди пред Австралиецот Џеј Хиндли.[8]

Бидејќи Џиро д’Италија е настан од Светската турнеја, сите деветнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[9] Дополнително, три професионални континентални екипи биле поканети, со што била заокружена главната група од 22 екипи. Екипите биле објавени на 16 јануари 2020 година.[10] На 13 октомври 2020 година, пред почетокот на десеттата етапа, Мичелтон-Скот и Џамбо-Висма ги повлекле сите преостанати возачи од трката поради позитивни тестови на КОВИД-19.[11]

Екипи од Светската турнеја на UCI (19)ProTeams (3)

Фаворити пред трката

[уреди | уреди извор]

Герајнт Томас (Инеос Гренадиерс), првакот од Тур де Франс 2018, бил сметан за фаворит пред трката. Сајмон Јејтс (Мичелтон-Скот) бил сметан за еден од неговите главни соперници откако го победил Томас на подготвителната трка Тирено-Адријатико. Стевен Краусвејк (Џамбо-Висма), претходен предводник во 2016, бил уште еден фаворит, како и единствниот претходен освојувач во групата – двократниот победник Винченцо Нибали (Трек-Сегафредо). Тројката од Астана на Јакоб Фуглсанг, Мигел Анхел Лопес и Александар Власов биле сметани за можни победници. Други возачи сметани за кандидати за победа биле Рафал Мајка (Бора-Хансгрое) и Вилко Келдерман (Тим Санвеб). Ремко Евенепул (Декојнинк-Квик Степ) бил сметан за фаворит, но не настапил на трката поради повреди здобиени на Џиро ди Ломбардија.

Возачи за кои се верувало дека ќе освојат победи на спринтерските етапи биле Арно Демар (Групама-ФДЖ), Фернандо Гавирија (ОАЕ Тим Емирати), Петер Саган (Бора-Хансгрое), Елија Вивијани (Кофидис) и Мајкл Метјус (Тим Санвеб).[12][13]

Рута и етапи

[уреди | уреди извор]
ЕтапаДатумТекtypeРастојание (км)ПобедникCевкупен лидер
1 3 октМонреале – Палермо
индивидуален хронометар
индивидуален хронометар
15,1ITA Филипо Гана ITA Филипо Гана
2 4 октАлкамо – Агриџенто
ридеста етапа
ридеста етапа
149ITA Диего Улиси ITA Филипо Гана
3 5 октЕна – Етна
планинска етапа
планинска етапа
150ECU Хонатан Кајседо POR Жоао Педро Алмеида
4 6 октКатанија – Вилјафранка Тирена
рамна етапа
рамна етапа
140FRA Арно Демар POR Жоао Педро Алмеида
5 7 октМилето – Камилјателјо Силано
среднопланинска етапа
среднопланинска етапа
225ITA Филипо Гана POR Жоао Педро Алмеида
6 8 октКастровилари – Матера
рамна етапа
рамна етапа
188FRA Арно Демар POR Жоао Педро Алмеида
7 9 октМатера – Бриндизи
рамна етапа
рамна етапа
143FRA Арно Демар POR Жоао Педро Алмеида
8 10 октЏовинацо – Виесте
среднопланинска етапа
среднопланинска етапа
200GBR Алекс Даусет POR Жоао Педро Алмеида
9 11 октСан Салво – Рокаразо
планинска етапа
планинска етапа
207POR Рубен Гереиро POR Жоао Педро Алмеида
10 13 октЛанчано – Торторето
среднопланинска етапа
среднопланинска етапа
177SVK Петер Саган POR Жоао Педро Алмеида
11 14 октПорто Сант’Елпидио – Римини
рамна етапа
рамна етапа
182FRA Арно Демар POR Жоао Педро Алмеида
12 15 октЧезенатико – Чезенатико
среднопланинска етапа
среднопланинска етапа
204ECU Хонатан Нарваес POR Жоао Педро Алмеида
13 16 октЧервија – Монзеличе
ридеста етапа
ридеста етапа
192ITA Диего Улиси POR Жоао Педро Алмеида
14 17 октКонелјано – Валдоббјадене
индивидуален хронометар
индивидуален хронометар
34,1ITA Филипо Гана POR Жоао Педро Алмеида
15 18 октВоздухопловна база Риволто – Пјанкавало
планинска етапа
планинска етапа
185GBR Тео Гејган Харт POR Жоао Педро Алмеида
16 20 октУдине – Сан Даниеле дел Фриули
среднопланинска етапа
среднопланинска етапа
229SLO Јан Тратник POR Жоао Педро Алмеида
17 21 октБасано дел Грапа – Мадона ди Кампилјо
планинска етапа
планинска етапа
203AUS Бен О’Конор POR Жоао Педро Алмеида
18 22 октПинцоло – Бачино ди Сан Џамоко
планинска етапа
планинска етапа
207AUS Џеј Хиндли NED Вилко Келдерман
19 23 октАбијатеграсо – Асти
рамна етапа
рамна етапа
124,5CZE Јосеф Черни NED Вилко Келдерман
20 24 октАлба – Сестриере
планинска етапа
планинска етапа
190GBR Тео Гејган Харт AUS Џеј Хиндли
21 25 октЧернуско сул Навилјо – Милано
индивидуален хронометар
индивидуален хронометар
15,7ITA Филипо Гана GBR Тео Гејган Харт
Поредок по етапа
Етапа Победник Генерален пласман
Бодовен пласман
Планински пласман
Пласман за млад возач
Трофеј Супер екипа Пласман на средни спринтови Награда за борбеност Пласман за бегство Пласман „добра игра“
1 Филипо Гана Филипо Гана Филипо Гана Рик Цабел Филипо Гана Инеос Гренадиерс недоделена Филипо Гана недоделена Инеос Гренадиерс
2 Диего Улиси Диего Улиси Петер Саган Томас де Гент Томас де Гент Бен Гаштауер
3 Џонатан Кајседо Жоао Алмеида Џонатан Кајседо Жоао Алмеида Декојнинк-Квик Степ Џонатан Кајседо Џовани Висконти Декојнинк-Квик Степ
4 Арно Демар Петер Саган Тим Санвеб
5 Филипо Гана Филипо Гана Филипо Гана
6 Арно Демар Арно Демар Матија Баис Матија Баис Трек-Сегафредо
7 Арно Демар Марко Фрапорти Арно Демар
8 Алекс Даусет Инеос Гренадиерс
9 Рубен Гереиро Рубен Гереиро Рубен Гереиро Салваторе Пучо Мовистар Тим
10 Петер Саган Петер Саган
11 Арно Демар Матија Баис
12 Хонатан Нарваес АГ2Р-Ла Мондијал
13 Диего Улиси Симон Пело Симон Пело
14 Филипо Гана
15 Тео Гејган Харт Џовани Висконти
16 Јан Тратник Групама-ФДЖ
17 Бен О'Конор Рубен Гереиро Томас де Гент
18 Џеј Хиндли Вилко Келдерман Џеј Хиндли
19 Јозеф Черни
20 Тео Гејган Харт Џеј Хиндли
21 Филипо Гана Тео Гејган Харт Тео Гејган Харт
На крај Тео Гејган Харт Арно Демар Рубен Гереиро Тео Гејган Харт Инеос Гренадиерс Симон Пело Томас де Гент Матија Баис Групама-ФДЖ
  • На втората етапа, Жоао Алмеида, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел маичка циклама, бидејќи првопласираниот Филипо Гана ја носел розовата маичка како предводник на генералниот пласман. Бидејќи Гана и Алмеида биле исто така првите двајца возачи во пласманот за млад возач, Микел Бјерг, кој бил трет во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка.
  • На третата етапа, Жоао Алмеида, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи првопласираниот Филипо Гана ја носел розовата маичка како предводник на генералниот пласман.
  • На етапите 4–10, Харм Ванхауке, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи првопласираниот Жоао Алмеида ја носел розовата маичка како предводник на генералниот пласман. На етапите 11–14 и 16–18, Џеј Хиндли ја носел белата маичка од истата причина, како Брендон Мекналти на етапата 15.
  • На етапата 21, Тео Гејган Харт, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи првопласираниот Џеј Хиндли ја носел розовата маичка како предводник на генералниот пласман.

Пласмани

[уреди | уреди извор]
Легенда
Розова маичка Го означува предводникот на генералниот пласман Сина маичка Го означува предводникот на планинскиот пласман
A red jersey Го означува предводникот на бодовниот пласман Бела маичка Го означува предводникот на пласманот за млад возач

Генерален пласман

[уреди | уреди извор]
Генерален пласман
ВозачЕкипаВреме
1. GBR Тео Гејган Харт розева маичка за предводникот на генералниот пласманбела маичка за предводникот во пласманот за млад возачИнеос Гренадиерс85ч 40' 21
2. AUS Џеј Хиндли Тим ДСМ+ 39
3. NED Вилко Келдерман Тим ДСМ+ 1' 29
4. POR Жоао Педро Алмеида Судал Квик-Степ+ 2' 57
5. ESP Пељо Билбао Бахреин Викториус+ 3' 09
6. DEN Јакоб Фуглсанг Астана Казахстан Тим+ 7' 02
7. ITA Винченцо Нибали Трек-Сегафредо+ 8' 15
8. AUT Патрик Конрад Бора-Хансгрое+ 8' 42
9. ITA Фаусто Маснада Судал Квик-Степ+ 9' 57
10. AUT Херман Пернштајнер Бахреин Викториус+ 11' 05
11. ITA Доменико Поцовиво НТТ Про Сајклинг+ 11' 52
12. POL Рафал Мајка Бора-Хансгрое+ 20' 31
13. ESP Серхио Самитиер Мовистар+ 35' 29
14. GBR Џејмс Нокс Судал Квик-Степ+ 37' 41
15. USA Брендон Мекналти ОАЕ Емирати+ 38' 10
16. FRA Орелјен Паре-Пентр АГ2Р Ситроен Тим+ 45' 04
17. USA Лоренс Ворбас АГ2Р Ситроен Тим+ 53' 25
18. GBR Бен Свифт Инеос Гренадиерс+ 57' 36
19. ESP Антонио Педреро Мовистар+ 59' 36
20. AUS Бен О’Конор НТТ Про Сајклинг+ 1ч 02' 57
Извор: ProCyclingStats


Победничка екипа

[уреди | уреди извор]
Завршен екипен пласман (1–10)[14]
Место Екипа Време
1 Инеос Гренадиерс 257ч 15' 58"
2 Декојнинк-Квик Степ + 22' 32"
3 Тим Санвеб + 28' 50"
4 Бахреин-Мекларен + 32' 50"
5 Бора-Хансгрое + 1ч 12' 34"
6 НТТ Про Сајклинг + 1ч 49' 59"
7 АГ2Р-Ла Мондијал + 2ч 04' 38"
8 Мовистар Тим + 2ч 08' 26"
9 Астана + 2ч 29' 44"
10 Трек-Сегафредо + 2ч 42' 36"
  1. 1,0 1,1 Farrand, Stephen (5 May 2020). „UCI reveal new men's and women's post-COVID-19 race calendar“. Cycling News. Посетено на 5 May 2020.
  2. „Giro d'Italia to start in Budapest in 2020“. Cycling News. 15 April 2019. Посетено на 11 May 2019.
  3. „Giro d'Italia to start in Budapest in 2020“. Cycling Weekly. 15 April 2019. Посетено на 11 May 2019.
  4. „Milan-San Remo, Tirreno-Adriatico and Giro d'Italia all under threat after Italian coronavirus outbreak“. Cycling Weekly. 24 February 2020. Посетено на 28 February 2020.
  5. „Milan San Remo and Tirreno-Adriatico have been postponed“. Cycling Weekly.
  6. „CYCLING NEWS: FIRST THREE STAGES OF GIRO D'ITALIA IN HUNGARY CANCELLED DUE TO CORONAVIRUS PANDEMIC“. Eurosport. 13 March 2020. Посетено на 13 March 2020.
  7. „Tour de France saved by 29 August shift as Grand Tours jostle for space“. The Guardian. 15 April 2020. Посетено на 30 April 2020.
  8. „Giro d'Italia: Tao Geoghegan Hart wins first Grand Tour“. BBC Sport. Посетено на 25 October 2020.
  9. „UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127“ (PDF). uci.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јули 2015. Посетено на 20 август 2015.
  10. „2020 UCI WorldTour races Wild Cards: RCS Sport choices“. RCS Sport. Архивирано од изворникот на 2020-02-22. Посетено на 16 January 2020.
  11. „Giro d'Italia: Mitchelton-Scott & Jumbo-Visma withdraw after positive Covid results“. BBC Sport. Посетено на 13 October 2020.
  12. de Neef, Matt (1 October 2020). „Preview: Your guide to the 2020 Giro d'Italia contenders, sprinters and more“. Cyclingtips. Посетено на 2 October 2020.
  13. Farrand, Stephen (29 September 2020). „Giro d'Italia 2020 – Preview“. Cyclingnews. Посетено на 2 October 2020.
  14. 14,0 14,1 14,2 14,3 14,4 14,5 14,6 14,7 „Official classifications of Giro d'Italia 2020“. Џиро д’Италија. RCS Sport. Посетено на 25 October 2020.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]