Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Алексо Георгиевски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Алексо Цветанов Георгиевски (20 февруари 1924 во — 12 април 1945 во Илинци, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Во Маџари се доселил во 1941 година. По занимање бил земјоделец. Уште како дете многу читал марксистичка литература. Лично располагал со богата научна, техничка и политичка литература, особено на руски јазик. За време на окупацијата давал црвена помош. Пред да замине во партизани самиот си сошил партизански алишта. На 20 ноември 1944 година стапил во Треттата македонска ударна бригада, со која заминал на Сремскиот фронт. Бил распореден во вториот баталјон. Учествувал во пробивот на германско усташките укрепени позиции кај Товарник - Шид. На 12 април 1945 година при напад на еден германски бункер кај селото Илинци, овој храбар пушкомитралезец бил изрешетан од митралески рафал. Другарите го закопале покрај самиот бункер, на борбената позиција.[1]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 46. На |first= му недостасува |last= (help)