Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Алпско скијање на Зимските олимписки игри

Од Википедија — слободната енциклопедија
Алпско скијање на Зимските олимписки игри
Раководен орган FIS
Дисциплини 10 (мажи: 5; жени: 5)
Игри
1924 1928 1932 1936 1948 1952
1956 1960 1964 1968 1972 1976
1980 1984 1988 1992 1994 1998
2002 2006 2010 2014
Освојувачи на медали

Алпското скијање се одржува на секои Зимски олимписки игри од 1936, кога алпската комбинација била одржана на игрите во Гармиш-Партенкирхен, Германија.

Од 1948 до 1980, Зимските олимписки игри исто така служеле како Светско првенство во алпско скијање во олимписките години. За време на овој период, освојувачите на олимписки медал добивале дополнителен медал со иста боја од страна на Меѓународната скијачка федерација (FIS).

Натпреварите по велеслалом биле воведени на Светското првенство во 1950 година и на игрите во 1952 година; двете програми ја отстраниле алпската комбинација, но оваа дисциплина се вратила на Светското првенство во 1954 година како трка на "хартија", користејќи ги резултатите од слаломот, велеслаломот, и спустот. На игрите од 1956 до 1980, медалите за алпска комбинација ги доделувала Меѓународната скијачка федерација. Како посебна дисциплина (една трка спуст, две трки слалом), алпската комбинација се вратила на игрите во 1988 година, на кои исто така била воведена трката во супервелеслалом. На игрите во 2010 во Ванкувер, на официјалната програмата била воведена супер комбинацијата која се состои од една трка спуст и една трка слалом и се одржува во еден ден.

На врвот на табелата на медали на сите времиња во машка конкуренција се наоѓа норвежанецот Кјетил Андре Омот кој има освоено вкупно осум олимписки медали (од кои четири златни), а во женска конкуренција водач на табелата е хрватката Јаница Костелиќ која има освоено вкупно шест олимписки медали (од кои четири златни).

Домаќини

[уреди | уреди извор]
Година Град Држава Друго натпреварување
1936 Гармиш-Партенкирхен Германија
1948 Сент Мориџ  Швајцарија Светско првенство во апско скијање 1948
1952 Осло  Норвешка Светско првенство во апско скијање 1952
1956 Кортина д’Ампецо  Италија Светско првенство во апско скијање 1956
1960 Сква Вали  САД Светско првенство во апско скијање 1960
1964 Инсбурк  Австрија Светско првенство во апско скијање 1964
1968 Гренобл  Франција Светско првенство во апско скијање 1968
1972 Сапоро Јапонија Светско првенство во апско скијање 1972
1976 Инсбурк  Австрија Светско првенство во апско скијање 1976
1980 Лејк Пласид  САД Светско првенство во апско скијање 1980
1984 Сараево  Југославија
1988 Калгари  Канада
1992 Албервил  Франција
1994 Лилехамер  Норвешка
1998 Нагано Јапонија
2002 Солт Лејк Сити  САД
2006 Торино  Италија
2010 Ванкувер  Канада
2014 Сочи  Русија

Дисциплини

[уреди | уреди извор]
Дисциплина 24 28 32 36 48 52 56 60 64 68 72 76 80 84 88 92 94 98 02 06 10 14 Години
Алпска комбинација за мажи                         10
Спуст за мажи         18
Слалом за мажи         18
Велеслалом за мажи           17
Супервелеслалом за мажи                             8
Алпска комбинација за жени                         10
Спуст за жени         18
Слалом за жени         18
Велеслалом за жени           17
Супервелеслалом за жени                             8
Вкупно       2 6 6 6 6 6 6 6 6 6 6 10 10 10 10 10 10 10 10

Табела на медали

[уреди | уреди извор]

Националните олимписки комитети напишани со коси букви повеќе не се натпреваруваат на Зимските олимписки игри

Место Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1  Австрија (AUT) 34 39 41 114
2  Швајцарија (SUI) 20 19 20 59
3  САД (USA) 16 19 9 44
4  Франција (FRA) 15 15 15 45
5  Италија (ITA) 13 9 8 30
6  Германија (GER) ^ 12 7 7 26
7  Норвешка (NOR) 10 9 10 29
8  Шведска (SWE) 5 2 9 16
9  Хрватска (CRO) 4 6 0 10
10  Канада (CAN) 4 1 6 11
11  Западна Германија (FRG) ^ 3 5 1 9
12  Лихтенштајн (LIE) 2 2 5 9
13  Словенија (SLO) 2 2 3 7
14  Германија (EUA) ^ 2 1 2 5
15  Шпанија (ESP) 1 0 1 2
16  Луксембург (LUX) 0 2 0 2
 Југославија (YUG) 0 2 0 2
18  Финска (FIN) 0 1 0 1
 Јапонија (JPN) 0 1 0 1
 Нов Зеланд (NZL) 0 1 0 1
 Русија (RUS) 0 1 0 1
22  Австралија (AUS) 0 0 1 1
 Чешка (CZE) 0 0 1 1
 Чехословачка (TCH) 0 0 1 1
 СССР (URS) 0 0 1 1
Вкупно 143 144 141 428

^ Германија се натпреварувала на Зимските олимписки игри под различни имиња; сите од нив се истакнати посебно. На Германија и било забрането да настапува на игрите во 1948, а во 1952 настапила како Германија, иако со само натпреварувачи од Западна Германија. Од 1956 до 1964, Западна Германија и Источна Германија се натпреварувале под името Обединета екипа на Германија. Од 1968 до 1988, двете држави настапувале посебно. По обединувањето на Германија во 1990 година, бил возобновен германскиот тим кој обединет се појавил на игрите во 1992 година. До 2014, Германија има освоено вкупно 40 медали во алпско скијање (17 златни, 13 сребрени, 10 бронзени).

Неколку рекорди во поглед на годините биле поставени на Зимските олимписки игри 2014:

Останати претходно поставени рекорди:

  • Микела Фигини (17) најмлада освојувачка на златен медал во алпско скијање; освоила златен медал во спуст во 1984.
  • Траудл Хехер (16) најмлад освојувач на олимписки медал во алпско скијање; освоил бронзен медал во спуст во 1960.
  • Тони Зајлер (20) најмлад освојувач на златен медал во алпско скијање; освоил златни медали во слалом, велеслалом и спуст во 1956.
  1. „Bode Miller becomes oldest Olympic Alpine skiing medallist with bronze“. The Guardian. Reuters. 16 February 2014.
  2. Holpuch, Amanda (21 February 2014). „USA's Mikaela Shiffrin youngest-ever gold medal winner in slalom“. The Guardian.
  3. 3,0 3,1 Pennington, Bill (22 February 2014). „Slalom Champion Sets an Age Record“. New York Times.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]