Анаксимен (грчки: Άναξιμένης) од Милет (околу 585 п.н.е.[1][2] - околу 525 п.н.е.) бил грчкифилозоф од втората половина на 6 век п.н.е., веројатно помлад современик на Анаксимандар, кој веројатно му бил негов учител[3][4].
Анаксимен е помлад сограѓанин на Талес и Анаксимандар. Според него праосновата и прапричината на сè е воздухот, животодајниот елемент, кој кога се вдишува и издишува се живее, а без тоа се умира. Тој сметал дека предметите и појавите настануват со разредување и згуснување на воздухот. Со разредување настанува огнот, а со згуснување се создава по ред: ветерот, облакот, водата, земјата, каменот и сè друго.