Апетит
Апетитот — желбата за јадење храна, понекогаш поради глад. Привлечноста на храната може да го стимулира апетитот дури и кога гладот е отсутен. Апетитот постои во сите повисоки животни форми, и служи за регулирање на соодветниот внес на енергија за одржување на метаболичките потреби.[1] Тоа е регулирано со тесното заемно дејство помеѓу дигестивниот тракт, масното ткиво и мозокот. Апетитот има врска со однесувањето на секој човек. Апетитивните и консумирните однесувања се единствените процеси кои вклучуваат внесунање на енергија, додека сите други однесувања влијаат врз ослободувањето на енергија. Кога се нагласува, нивото на апетитот може да се зголеми и да резултира со зголемување на внесот на храна. Намалена желба за јадење се нарекува анорексија, додека полифагија (или "хиперфагија") е зголемена желба за јадење[2]. Кога апетитот не е регулиран, придонесува за анорексивна нервоза, булимија нервоза, кахексија, прејадување и пореметување во исхраната.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Egecioglu E, Skibicka KP, Hansson C, Alvarez-Crespo M, Friberg PA, Jerlhag E, и др. (September 2011). „Hedonic and incentive signals for body weight control“. Reviews in Endocrine & Metabolic Disorders. 12 (3): 141–51. doi:10.1007/s11154-011-9166-4. PMC 3145094. PMID 21340584.
- ↑ „Indigestion“. Digestive.niddk.nih.gov. National Digestive Diseases Information Clearinghouse (NDDIC). Архивирано од изворникот на 2014-11-05. Посетено на 2011-12-04.
- ↑ Henkin RI, Levy LM, Fordyce A (2013-09-01). „Taste and smell function in chronic disease: a review of clinical and biochemical evaluations of taste and smell dysfunction in over 5000 patients at The Taste and Smell Clinic in Washington, DC“. American Journal of Otolaryngology. 34 (5): 477–89. doi:10.1016/j.amjoto.2013.04.006. PMID 23731850.