Артур Конан Дојл
Артур Инганциус Конан Дојл Arthur Ignatius Conan Doyle | |
---|---|
Артур Конан Дојл | |
Роден/а | 22 мај 1859 Единбург, Шкотска |
Починат/а | 7 јули 1930 (на 71 г.) Минстид, Англија |
Занимање | писател, поет и лекар |
Националност | Шкотска |
Жанр | детективски писател, историски новели |
Потпис |
Артур Игнациус Конан Дојл (англиски: Arthur Ignatius Conan Doyle; 22 мај 1859 - 7 јули 1930) — шкотски писател најпознат по детективските приказни за Шерлок Холмс, што се сметани за најголема иновација на полето на криминалистичката научна фантастика, и по авантурите на Професор Челенџер. Исто така тој е автор на историски дела, романи со научна фантастика, драми, поетски дела и реалистични дела.
Животопис
[уреди | уреди извор]Артур Конан Дојл е роден на 22 мај 1859 година во Единбург во Шкотска. Родителите на Конан Дојл се Чарлс Алтмонт Дојл и мајка Мери Фоли, Ирка по националност[1]. Иако Артур бил именуван како Конан Дојл, сепак денес не е сосема јасно за неговото вистинско презиме.[2] Таткото на Конан Дојл бил артист.
Артур бил испратен во католичко училиште на осумгодишна возраст. Тој го продолжил своето образование на Универзитетот Стонихарст, но подоцна тој го напушта образованието (1875), го одбива христијанството и го прифаќа агностицизмот.
Од 1876 до 1881 Конан Дојл студирал медицина на Универзитетот во Единбург, сметајќи го и времето кога работел во гратчето Астон, денес дистрикт на Бирмингем. Додека студирал, Конан Дојл започнал и со пишување на раскази, а неговата прва расказ е објавена во весникот Чемберс Единбург Журналс на 20 годишна возраст. Потоа, Конан Дојл бил лекар на брод што се движел на релација до Западна Африка. Тој го завршил својот докторат во 1885 година.[3]
Во 1882 Конан Дојл отворил мала амбуланта со неговиот партнер и пријател Џорџ Бад, но соработката се покажала неуспешна и набрзо се прекинала. Затоа, Конан Дојл решава сам да отвори мала клиника во Саутси. Додека работел во својата не толку успешна работа, тој повторно започнал со пишување на раскази. Негово прво позначајно дело било Студија во црвено и тогаш за првпат бил создаден ликот Шерлок Холмс, инспириран од поранешниот професор на Конан Дојл, Џозеф Бел. Приказните за Шерлок Холмс почнал да ги објавува во магазинот Стренд.
Додека Артур Конан Дојл живеел во Саутси, играл фудбал како аматер, поточно бил голман. Тој исто така се занимавал и со крикет и играл за Марилбоун Крикет Клаб.
Во 1885 година, се оженил со Луиза, која боледувала од туберкулоза и умрела на 4 јули 1906 година [4]. Потоа, Конан Дојл се оженил повторно со Џин Леки во 1907. Конан Дојл имал 5 деца - две со првата жена (Мери Луис и Алејн Кингсли) и три со втората жена Џин Конан Дојл, Денис Перси Стјуарт и Адријан Конан Дојл.
Смрт
[уреди | уреди извор]На 7 јули, Конан Дојл имал болки во градите и стегање што набрзо резултирало со смрт од срцев удар на 71 година од својот живот. Тој бил погребан на гробиштата во Минстид во Њу Форест во Хемпшир, Англија. Неговите последни зборови биле посветени на неговата жена: "Ти си прекрасна." На неговиот гроб стои епитафот:
ВЕРЕН КАКО ЧЕЛИК
ПРАВ КАКО СЕЧИВО
АРТУР КОНАН ДОЈЛ
ВИТЕЗ
ПАТРИОТ, ЛЕКАР И КНИЖЕВНИК
Творештво
[уреди | уреди извор]Книги со Шеролк Холмс
[уреди | уреди извор]- Студија во светлоцрвено (1887)
- Знакот на четворицата (1890)
- Авантурите на Шерлок Холмс (1892)
- Мемоарите на Шерлок Холмс (1894)
- Баскервилскиот пес (1902)
- Враќањето на Шерлок Холмс (1904)
- Долината на стравот (1915)
- Неговото последно поклонување (1917)
- Архивот на Шерлок Холмс (1927)
Приказни со Челенџер
[уреди | уреди извор]- Изгубениот свет (1912)
- Отровниот каиш (1913)
- Земјата на маглата (1926)
- Машина за дисинтеграција (1927)
- Кога светот вресна (1928)
Историски новели
[уреди | уреди извор]- Мика Кларк (1888)
- Белото друштво (1891)
- Големата Сенка (1892)
- Белгалците (објавена. 1893, напишана 1892)
- Родни Стоун (1896)
- Чичко Бернак (1897)
- Сер Нигел (1906)
- Британската кампања во Франција и Фландрија: 1914 (1916)
Останати дела
[уреди | уреди извор]- "Изјавата на Џ. Хабакук Џефсон" (1884), заснована на приказната за бродот Марија Селеста
- Мистеријата од Клумбер (1889)
- Фирмата од Гирдлстоун (1890)
- Капетанот на Полстар, и други приказни (1890)
- Големиот Кајнплац Експеримент (1890)
- Случките на Рафлс Хау (1891)
- Подалеку од градот (1892)
- Џејн Ени (1893)
- Мојот пријател убиецот и останати мистерии и авантури (1893)
- Околу црвената ламба (1894)
- Паразитот (1894)
- The Stark Munro Letters (1895)
- Песни од акција (1898)
- Трагедијата на Короско (1898)
- Дует (1899)
- Големата Бурска Војна (1900)
- Зеленото знаме и Останати приказни за војна и спорт (1900)
- Бригадир Жерард (1903)
- Низ магичната врата (1907)
- Околу огнените приказни (1908)
- Криминалот во Конго (1909)
- Изгубената галерија (1911)
- Теророт на Блу Џон Геп (1912)
- Опасност! и останати приказни (1918)
- Новото откритие (1918)
- Хоророт од височините (1918)
- Виталната порака (1919)
- Приказни за хорор и мистерија (1923)
- Црниот лекар и останати приказни за терор и мистерија (1925)
- Договорите на Капетан Шарки (1925)
- Човекот од Архангел и останати авантуристички приказни (1925)
- Историјата на спиритуализмот (1926)
- Длабината Маракот (1929)
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Lellenberg, Jon; Daniel Stashower and Charles Foley (2007). Arthur Conan Doyle: A Life in Letters. HarperPress. стр. 8–9. ISBN 978-0-00-724759-2. Stashower, Daniel (2000). Teller of Tales: The Life of Arthur Conan Doyle. Penguin Books. стр. 20–21. ISBN 0-8050-5074-4.
- ↑ Според Стешауер името потекнувало од неговиот чичко Мајкл Конан, новинар, па така Артур и неговата сестра го наследиле името Конан Дојл.
- ↑ Available at the Edinburgh Research Archive.
- ↑ Leeman, Sue, "Sherlock Holmes fans hope to save Conan Doyle's house from developers", Associated Press, 28 јули 2006.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Биографски
- Артур Конан Дојл - живот, творештво, и повеќе
- Друштво Артур Конан Дојл Архивирано на 27 септември 2007 г.
- Музејот Шерлок Холмс
- Изложба на Артур Конан Дојл
- Конан Дојл во Бирмингем
- Хроника на Артур Конан Дојл
Вистински живот
- Конан Дојл и Парсоновиот син Архивирано на 18 октомври 2005 г.
- Случајот Џорџ Едалџи
- Случајот Оскар Скарлет
- Вистинската легенда за Баскервилскиот пес. Архивирано на 14 мај 2006 г.
Дела
- Дела на Артур Конан Дојл достапни за презенање од Универзитетот во Вирџинија
- Дела од Проектот Гутенберг во Австралија
- Достапни дела од Универзитетската библиотека во Аделаида Архивирано на 6 март 2008 г.
- Шерлок Холмс: аудио книги Архивирано на 24 мај 2007 г.
- Авантурите на Шерлок Холмс Архивирано на 15 март 2010 г., цел текст (PDF Архивирано на 13 април 2012 г.).
- Слободни дела за телефон - дела на Артур Конан Дојл.
|
|
|