Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Ауе

Координати: 50°35′17″N 12°42′2″E / 50.58806° СГШ; 12.70056° ИГД / 50.58806; 12.70056
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ауе
Поглед на Ауе
Поглед на Ауе
Поглед на Ауе
Грб на Ауе
Ауе во рамките на Германија
Ауе
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ Рудни Планини
Градоначалник Хајнрих Кол (ДХС)
Основни податоци
Површина 20,94 км2
Надм. височина 320−564 м
Население 18.065  (30 јуни 2007)
 - Густина 863 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. ERZ
Пошт. бр. 08280
Повик. бр. 03771
Портал www.aue.de
Местоположба на градот Ауе во рамките на округот Рудни Планини
Карта
Карта
Координати 50°35′17″N 12°42′2″E / 50.58806° СГШ; 12.70056° ИГД / 50.58806; 12.70056

Ауе (германски: Aue) — мал град во Германија на вливот на реката Шварцвасер во реката Мулде во Рудните Планини и има околу 18.000 жители. Ауе бил административно седиште на поранешниот округ Ауе-Шварценберг во Саксонија и дел од новиот округ Рудни Планини од август 2008 година. Припаѓа на Лигата на градови Зилберберг (Städtebund Silberberg).

Рударскиот град бил познат по неговиот бакар, титан и каолинит. Градот бил производствен центар за разни видови машини и прибор за јадење во Источна Германија, додека сега развива туризам, бидејќи Сребрениот пат (Silberstraße) поминува низ градот. Градот е познат и по фудбалскиот клуб ФК Ерцгебирге Ауе, кој играл во втората Бундеслига во 2003 и 2010 година.

Ауе до 1991 бил центар на Sowjetisch-Deutsche Aktiengesellschaft Wismut („Советско-германската корпорација Визмут).

Географија

[уреди | уреди извор]

Соседни заедници

[уреди | уреди извор]

Заедници со кои се граничи се Бад Шлема, Бернсбах, Бокау, Чорлау, градовите Лаутер, Лесниц и Шнеберг во округот Рудни Планини, како и градот Хартенштајн во Цвикау.

Климатски дијаграм за Ауе[1]

Просечна температура на воздухот во Ауе е 8,0 °C, а годишното ниво на врнежи е 790 mm.

Мостови над Цвикауер Мулде

Историја

[уреди | уреди извор]

Првото спомнување на градот било во 1219, кога бил именуван во документ како Bertoldus prepositus de Owa. Owa, подоцна исто така Awe или Aw се однесувало на ливада (иако Aue на германски всушност означува „поплавена низина“) на тековите на Шварцвасер и Цвикауер Мулде, каде се населиле првите жители, веднаш до малата опатија Целе, основана во 1173. Во 1479, почнало ископувањето на калај и сребро, доведувајќи до порастот на градот. Во 1526, Auerhammer (челичарница), подоцна наречена Eisenwerk, а сега е дел од Ауе, првпат е спомената во документите.

Првата црква Свети Никола, од која не е пренесен ниеден детаљ, се наоѓала на поранешниот црковен плоштад, Kirchplatz (денешниот Neumarkt) и морала да биде заменета со нова зграда помеѓу 1625 и 1628. На 4 август 1633 оваа зграда, заедно со голем дел од градот, била уништена во напад на царските трупи. До 1636, црквата била привремената обновена.

Во 1627, Ауе ги добил пазарните права од изборниот кнез на Саксонија Јохан Георг I за годишен пазар на Денот на Свети Вартоломеј (27 август), а во 1632 за втор, на Katharinenmarkt, на 25 ноември. Во 1635, Фајт Ханс Шнор ги основал првите работилници за сина боја во Саксонија во Нидерпфаненштил, сега исто така составен дел на Ауе. Од 1711 каолин бил испраќан до Мајсен за подготовка на порцелан. Од средината на 18. век, документите говорат дека Ауе е град. Во 1897, Целе бил припоен со Ауе, додека Алберода во 1929. Веќе од 1901, кралскиот Амтски суд бил одржуван во градот.

Едно од најстарите уметнички дела е на сликата на источниот ѕид на малиот манастир, која ги прикажува царот Фридрих I Барбароса, Богородица и епископот. Во 1930-тите, била преместена поради обнова, и сега се наоѓа во St.-Annen-Kapelle, близу катедралата во Фрајберг. Копија може да се најде во Friedenskirche Aue-Zelle („Мировната црква“).

Во текот на Втората светска војна, постоел подкамп на концентрациониот логор Флосенбирг.[2]

Како и Шварценберг, градот останал неокупиран извесно време по Втората светска војна на крајот во 1945.

До 1994, градот бил административно седиште на округот Ауе. Со окружната реформа во Саксонија таа година, Ауе станал административно седиште на поранешниот округ Ауе-Шварценберг.

Од 1996 член е на Лигата на градови Зилберберг (Städtebund Silberberg), на која покрај Ауе, исто така припаѓаат Шнеберг, Шварценберг, Бад Шлема, Лаутер и Лесниц. Во ноември 2006, градоначалниците на Ауе, Лесниц, Шнеберг и Бад Шлема изразиле намера за спојување на нивните општини во еден обединет град Зилберберг.

Население

[уреди | уреди извор]

Развој на население (од 1960, на 31 декември):

1839 до 1939

  • 1839 – 1.106
  • 1875 – 2.677
  • 1880 – 3.523
  • 1885 – 8.442
  • 1933 – 25.836
  • 1939 – 25.445

1946 до 1984

  • 1946 – 25.567 1
  • 1950 – 35.785 2
  • 1960 – 31.182
  • 1971 – 32.000
  • 1981 – 28.914
  • 1984 – 28.523

1995 до 2002

  • 1995 – 19.251
  • 1998 – 19.933
  • 1999 – 19.707
  • 2000 – 19.422
  • 2001 – 19.124
  • 2002 – 18.961

2003 до 2006

  • 2003 – 18.759
  • 2004 – 18.611
  • 2005 – 18.327
  • 2006 – 18.029
  • 2007 – 18.000 (јуни)
  • 2009 – 17.533
Извор од 1998: Statistisches Landesamt des Freistaates Sachsen

1 29 октомври
2 31 август

Политика

[уреди | уреди извор]

Градски совет

[уреди | уреди извор]
  • CDU/FDP: 7 членови
  • FBA/SPD: 5 членови
  • PDS: 5 членови
  • FWA: 3 членови
  • LdU: 2 членови

Економија и инфраструктура

[уреди | уреди извор]

Градот има железничка станица на раскрсницата на линијата Цвикау-Шварценберг и е опслужуван од регионалните возови, управувани од Erzgebirgsbahn (подружница на Deutsche Bahn) помеѓу Цвикау и Јохангеоргенштат.

Градскиот грб прикажува два дрвени моста, еден преку друг, во златна боја на сина позадина со сребрена водена површина, секој мост со две мали знамиња на секоја страна.

Партнерства

[уреди | уреди извор]

Ауе има партнерства од 1990 со градот Золинген и од 30 ноември 2003 до чешкиот град Кадањ. Генган во Франција, е третиот партнер од 2011.

Познати луѓе

[уреди | уреди извор]

Почесни граѓани

[уреди | уреди извор]
  • Ернст Папст (р. 1843), сопственик на фабрика, основач на јавниот гимнастички клуб и доброволен противпожарникар
  • Ото фон Бизмарк, (1815–1898), царски канцелар, почесен граѓанин од 1 април 1895
  • Густав Хилтман (1850–1931), сопственик на фабриката Hiltmann & Lorenz (HILO), градски советник од 1920
  • Емил Тојбнер (1877–1958), резбар и вајар
  • Петер Кох, директор на Nickelhütte Aue GmbH
  • Александер Бауер, поранешен партнер во фабриката Curt Bauer KG

Родени во градот

[уреди | уреди извор]

Други познати

[уреди | уреди извор]
  • Ернст Август Гајтнер (1783–1852), хемичар, физичар, ботаничар и пронаоѓач на германското сребро, ги основал Auerhammer во 1829, претходник на денешниот Auerhammer Metallwerk GmbH.
  • Клеменс Винклер (1838–1904), хемичар, пронаоѓач на хемискиот елемент германиум, ја поминал неговата младост во заедницата Нидерпфаненштил; именувана е гимназијата во Ауе во негова чест.

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. Deutscher Wetterdienst, Normalperiode 1961-1990
  2. Кристин О'Киф. „Концентрациони логори“.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]