Буквата Б (кирилица: , глаголица: ) е втората буква во старата кирилица и во денешните кирилски азбуки. Кирилската буква Б има иста вредност, име и значење со глаголската буква . Буквата се користи во сите кирилски азбуки, како на пример во македонската азбука, руската азбука, српската азбука, украинската азбука, белоруската азбука и монголската азбука. Според МФА, буквата има вредност /b/ и нема бројчена вредност. Формата на буквата Б веројатно потекнува од грчката буква бета. Во старословенскиот јазик оваа буква се нарекувала боукы или буки што во превод значи букви.[1]