Балтичко Море
Балтичко Море | |
---|---|
Батиметриска карта на Балтичкото Море | |
Подрачје | Европа |
Координати | 58°N 20°E / 58° СГШ; 20° ИГД |
Најг. должина | 1600 км |
Најг. ширина | 193 км |
Површина | 377.000 км2 |
Прос. длабочина | 55 м |
Зафатнина | 20000 км3 |
Балтичкото Море — море во северна и североисточна Европа и со Северно Море е поврзано со тесните протеци Скагерак и Категат кои се наоѓаат помеѓу Данска од една и Скандинавскиот Полуостров од друга страна.
Поради неговата голема географска ширина, малите протоци со Северно Море кои не дозволуваат голема размена на вода, големиот прилив на слатка вода и ладната клима, ова море е едно од најслатките мориња на светот. Поедини негови делови во текот на годината се замрзнати. На неговите брагови излегуваат Данска, Шведска, Финска, Русија, Естонија, Летонија, Литванија, Полска и Германија. Според важноста на земјите кои овде се наоѓаат, како и според обемот на сообраќајот кој овде се одвива, Балтичкото Море може да се нарече „Северно“ Средоземно Море.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Балтичко Море I Архивирано на 15 ноември 2005 г.
- Балтичко Море II
- Балтичко Море III Архивирано на 1 јуни 2020 г.
|