Белоушка
Белоушка | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Потколено: | ’Рбетници |
Класа: | Влекачи |
Ред: | Лушпари |
Подред: | Змии |
Семејство: | Смокови |
Потсемејство: | Барски змии |
Род: | Барски змии |
Вид: | Белоушка |
Научен назив | |
Natrix natrix (Linnaeus, 1758) | |
Синоними | |
|
Белоушка или „барска змија“ (науч. Natrix natrix) — змија од потсемејството на барските змии (Natricinae) во состав на семејството смокови (Colubridae). Овој вид на змија не е отровен. Присутна е во Македонија.
Опис
[уреди | уреди извор]Зад главата од двете страни има бело-жолти дамки во полумесечеста форма. Бојата на телото варира, но најчесто е сива со мали црни дамки, додека на долниот дел е бел и исто така е прекриен со црни дамки. Исто така, постои и целосно црн вид.
Максималната должина може да изнесува од 2-3 метри, но најчесто растат од 1-1,5 метри.
Исхрана
[уреди | уреди извор]Се хранат со мали риби, жаби, додека со глувци и помали птици се хранат откако најпрво ќе ги задават. Кога лови се прикрадува и набрзина го фаќа својот плен.
Размножување
[уреди | уреди извор]Женките во лето положуваат јајца на топло и влажно место. За таа цел може да послужи депонијата на зеленчук во фаза на распаѓање, бидејќи распаѓањето формира топлина која е потребна за развој на потомството. Јајцата се обвиткани со мека мембрана, и често меѓусебно се залепени заедно. Постои верување дека јајцата имаат чудотворни својства, и се нарекуваат петлови јајца.
Распространетост
[уреди | уреди извор]Белоушката е една од најраспространетите змии во Европа, исто така може да се сретне и во западна Азија и северна Африка. Живее во мирни и слатки барски води, а поретко може да се види и во човечки населби. Се брани од луѓето така што се свиткува во куп и напаѓа со заби или со изметот.
Подвидови
[уреди | уреди извор]- N. n. cetti
- N. n. helvetica
- N. n. natrix
- N. n. persa
- N. n. schweizeri
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Рибарка (Natrix tesselata) — друга змија од истиот род присутна во Македонија
- Змии во Македонија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ European Reptile & Amphibian Specialist Group (1996). „Natrix natrix“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 август 2012.
|