Бернско планинско куче
Бернско планинско куче | ||||||||||||||||||||||||||||
Други називи | Бернер Бернски овчар | |||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Прекари | "Бернер" | |||||||||||||||||||||||||||
Потекло | Швајцарија | |||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||
куче (Canis lupus familiaris) |
Бернското планинско куче (германски: Berner Sennenhund) припаѓа на крупната раса на кучиња, со потекло од Швајцарските Алпи.Се нарекува и Бернер (англиски назив: Berner или Bernese) поради подрачјето од каде потекнува, имено, од кантонот на Берн. Ова планинско куче отпрвин се чувало како чувар на фармите а во минатото биле користени и како запрежни кучиња а понекогаш служел за влечење на млекарските колички. Расата официјално била воспоставена во 1907.[3] Во1937 било признато од страна на Американскиот кинолошки сојуз;[4] Денес истото се рангира како работно куче.[5] Најмногу ги имало јужно од Берн, во подрачјето Дурбах, па луѓето го нарекувале Дурбахлер[6]. Во 1990 година било прогласено за Швајцарско национално куче, а во 1908 година го добило името Бернско планинско куче.
Особености
[уреди | уреди извор]Изразената глава на делот на челото му е сплескана. Има силна муцка. Кафените очи пленат со палав поглед. Опашката му е доста влакнеста, но не е свиткан. Влакната му се меки, мазни и долги, лесно брановити, но не кадрави. Има сјајна црна боја, со кафени полиња по лицето, над очите и на долните делови на нозете. На градите, на крајот на опашката и на шепите има бели пеги. Заради својата раскошност влакната бараат грижлива нега.
Темперамент
[уреди | уреди извор]Кучето има добар темперамент, добродушно е и се приврзува за семејството. Пријателски е расположено кон домашните животни кои ги чува. Ги извршува послушно зададените обврски и лесно се дресира. Добро го поднесува студот и може да спие на отворено. Сака отворен простор и затоа не е погоден за урбани средини и чување внатре во домот. Но поради благиот карактер умее да се прилагоди на секакви услови.
Здравје
[уреди | уреди извор]Спаѓа во издржливите раси на кучиња но има релативно краток животен век. Кога ќе наполни 7-8 години веќе се смета за зтаро. Некои слични раси имаат поголем животен век, над 10 години.[7] најчесто се разболува од рак, но и ревмата е доста застапена.[8]. Во САД и Канада, скоро половина Бернски планински кучиња умираат од рак.[9] Најдолг век на некој Бернер е забележан во 2004, во Англија (15,2години).[10] Артритис кај Бернското куче се појавува и кога е млад, 4-5 години.
Накусо, Бернското планинско куче е со нежно здравје така да му треба нега и внимание.
Староста на Бернското планинско куче | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
Старост на човекот | 14 | 22 | 31 | 40 | 49 | 58 | 67 | 76 | 85 | 94 | 100 |
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Бернско планинско куче“ на Ризницата ? |
- Кинолошки сојуз на Република Македонија
- Бернско планинско куче (на српски) Архивирано на 7 декември 2015 г.
- Швајцарија - Клуб на Бернски планински кучиња
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Borge, K. S.; Tønnessen, R.; Nødtvedt, A.; Indrebø, A. (2011). „Litter size at birth in purebred dogs—A retrospective study of 224 breeds“. Theriogenology. 75 (5): 911–919. doi:10.1016/j.theriogenology.2010.10.034. PMID 21196028. "n=137 litter size=6.4 range 1-15"
- ↑ Leroy, G. G.; Phocas, F.; Hedan, B.; Verrier, E.; Rognon, X. (2015). „Inbreeding impact on litter size and survival in selected canine breeds“. The Veterinary Journal. 203: 74–8. doi:10.1016/j.tvjl.2014.11.008. PMID 25475165. litter size=5.51 ± 2.7, longevity mean=7.74 ± 3.03 median=8.15
- ↑ „100th Anniversary“. Swiss Club for Bernese Mountain Dogs. 2007. Архивирано од изворникот на July 6, 2011. Посетено на January 5, 2011.
- ↑ „Bernese Mountain Dog History“. American Kennel Club. Посетено на December 5, 2010.
- ↑ „AKC Working Group“. American Kennel Club. Посетено на December 5, 2010.
- ↑ „Historical photos of the Berner Sennenhund (Bernese Mountain Dog)“. Природно-историски музеј во Берн. Архивирано од изворникот на 11 јануари 2011. Посетено на 5 јануари 2011.. Notice the variety in appearance of the original type
- ↑ http://users.pullman.com/lostriver/survey_comparisons.htm Dog Longevity Web Site, Survey Comparisons page. Compiled by K. M. Cassidy., Посетено на 5. 7. 2007.
- ↑ http://users.pullman.com/lostriver/breeddata.htm Dog Longevity Web Site, Breed Data page. Compiled by K. M. Cassidy., Посетено на 8. 7. 2007.
- ↑ http://www.bmdca.org/health/Miscellaneous/Health_Report.php 2000 BMDCA Health Survey, Bernese Mountain Dog Club of America, Посетено на 8. 8. 2007.
- ↑ http://www.thekennelclub.org.uk/item/570 Архивирано на 13 август 2013 г. Kennel Club/British Small Animal Veterinary Association Scientific Committee. 2004. Purebred Dog Health Survey., Посетено на 5. 7. 2007.