Бранислав Ангеловски
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Роден(а) |
21 февруари 1977 Битола, СР Македонија, СФРЈ | ||
Националност | Македонец | ||
Спорт | Ракомет | ||
Висина | 1,92 м | ||
Тежина | 85 кг | ||
Позиција | Средишен бек | ||
Клупски податоци | |||
Број | 18 | ||
Сениорски клубови | |||
1997-2000 2000 2000-2001 2002 2002-2004 2004-2005 2005-2007 2007-2008 2008-2009 2009-2010 2010-2015 2015-2017 |
РК Вардар Ватростална РК Пролет Бадел 1862 Загреб РК Фади Винтерхур РК Загреб РК Пелистер Битола РК Металург Скопје РК Феникс Тулуза РК Ал Ајн РК Вардар ПРО РК Констанца РК Доброгеја | ||
Репрезентација | |||
Македонија | 159 (392)[1] | ||
Бранислав Ангеловски (роден на 21 февруари 1977 во Битола) — македонски ракометен тренер и поранешен ракометар кој својата играчка кариера ја завршил во екипата на РК Доброгеја од Романија.[2]
Бранислав својата ракометна кариера ја започнал во РК Вардар во 1997 година. Откако во 2000 година настапувал на позајмица во РК Тинекс Пролет тој направил трансфер во Хрватска во шампионот РК Загреб. Во 2004 година се вратил во Македонија во РК Пелистер од Битола. Потоа од 2005 до 2007 настапувал за РК Металург. Потоа една година игра во првенството на Обединетите Арапски Емирати и во 2009 повторно се вратил во Македонија во РК Вардар. По една сезона помината во РК Вардар во 2010 потпишал за романскиот шампион РК Констанца, кае се задржалл до 2015 година, по кое потпишал за РК Доброгеја и по две одиграни сезони ставил крај на својата ракометна кариера.
За ракометната репрезентација на Македонија има одиграно 159 натпревари и има постигнато 392 погодоци.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „XI European Championship 2014. Team Roster, Macedonia“ (PDF). EHF. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04. Посетено на 12 January 2014.
- ↑ Профил на ЕХФ
|
|
|