Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Вес Хулахан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вес Хулахан
Лични податоци
Роден на 20 мај 1982(1982-05-20)(42 г.)
Роден во Даблин, Ирска
Држава Ирска Ирска
Висина &100000000000001680000001,68 м
Играчки податоци
Позиција среден ред
Младинска кариера
Белведере
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2001–2006 Шелбурн 133 (11)
2006–2007 Ливингсон 16 (0)
2006–2008 Блекпул Блекпул 87 (13)
2008–2018 Норич Сити Норич Сити 323 (47)
Репрезентација
2002-2003 Ирска Република Ирска 21 9 (1)
2008-2017 Ирска Република Ирска 43 (3)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Весли "Вес" Хулахан (роден на 20 мај 1982 година) — поранешен ирски фудбалер, играч од средниот ред.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Кариерата ја започнал во Шелбурн во 2001 година и со овој клуб ја освоил ирската лига трипати во 2002, 2003 и 2004 година. Во 2006 го напуштил Шелбурн, а по краток период во шкотскиот Ливингсон, дошол во екипата на Блекпул на едногодишна позајмица. Откако оставил добар впечаток во клубот, Хулахан потпишал две-годишен договор со Блекпул во јуни 2007 година. Откако со клубот неуспеал да избори промоција во Премиер лигата во сезоната 2007-08 решил да ја смени клупската средина.

На 26 јуни 2008 Хулахан потпишал за Норич Сити, во размена во која бил вклучен резервниот голман на Норич, Матју Џилкс плус доплата на одредна сума. Во својата прва сезона Вес имал 31 настап и 2 постигнати гола во Чемпионшип, но неговиот придонес не бил доволен па клубот му испаѓа од лигата. Следната сезона по доаѓањето на новиот менаџер Пол Ламберт, клубот дошол до две промоции едноподруго, а Хулахан експлодирал. Најпрво Норич се враќа во Чемпионшип во сезоната 2009-10, а Хулахан бил еден од најважните играчи со 37 настапи и 11 гола. Потоа во сезоната 2010-11, Хулахан во 41 настап посигнал 10 гола и придонел за освојување на промоција и враќање на клубот во Премиер лигата за првпат по сезоната 2004-05.

Својот прв гол во Премиер лигата го постигнал во првото коло од сезоната 2011-12, на гостувањето против Виган Атлетик во натпревар што завршил 1-1.[1] Првата сезона во Премиер лигата ја завршил со 33 настапи и 4 гола.

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Како еден од најталентираните фудбалери во првенството на Ирска во неговото време, тој бил повикан во репрезентацијата на Република Ирска до 21 година. За две години направил 9 настапи и постигнал еден гол.

Своето деби за сениорската репрезентација го направил на 29 мај 2008 против Колумбија, во победата со 1-0.

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Ирска
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
29-05-2008 Лондон Ирска Ирска 1 – 0 Колумбија Колумбија Пријателска - влегол во игра 90'
14-11-2012 Даблин Ирска Ирска 0 – 1 Грција Грција Пријателска - влегол во игра 46'
06-02-2013 Даблин Ирска Ирска 2 – 0 Полска Полска Пријателска 1 влегол во игра 62'
22-03-2013 Солна Шведска Шведска 0 – 0 Ирска Ирска Квал. за СП 2014 - влегол во игра 76'
02-06-2013 Даблин Ирска Ирска 4 – 0 Грузија Грузија Пријателска - заменет 76'
07-06-2013 Даблин Ирска Ирска 3 – 0 Фарски Острови Фарски Острови Квал. за СП 2014 - добил жолт картон во 73-тата минута 73'
15-06-2013 Даблин Ирска Ирска 3 – 1 Казахстан Казахстан Квал. за СП 2014 - влегол во игра 87'
14-08-2013 Кардиф Велс Велс 0 – 0 Ирска Ирска Пријателска - заменет 69'
15-11-2013 Даблин Ирска Ирска 3 – 0 Латвија Латвија Пријателска - заменет 73'
19-11-2013 Познањ Полска Полска 0 – 0 Ирска Ирска Пријателска - влегол во игра 73'
05-03-2014 Даблин Ирска Ирска 1 – 2 Србија Србија Пријателска - добил жолт картон во 45-тата минута 45', заменет 61'
Вкупно Настапи 11 Голови 1

Хулахан има постигнато еден Хет-трик во кариерата, на натпреварот Норич-Шефилд Јунајтед 4-2 во 24-тото коло од Чемпионшип лигата во сезоната 2010-11. Неговите три гола (од кој два од пенал) му помогнале на Норич да се избори со негативата и на крајот да забележи победа.

Англија Норич Сити

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]