Волф–Рајеова маглина
Изглед
Волф–Рајеова маглина маглина која ја опкружува Волф-Рајеовата ѕвезда. Волф-Рајеовите маглини се класифицирани на различни начини. Еден од првите бил според природата и потеклото на маглината:[1]
- HII-подрачјето
- Изблични маглини
- Ветрооднесени меури
Оваа класификација бара детално изучување на секоја маглина и направени се неодамнешни обиди за да се овозможи брза класификација на маглините заснована само врз нивниот изглед. Волф-Рајеовите маглини честопати се во облик на прстен, понекогаш и сферични. Другите се неправилни, или нарушени школки или се создадени од групирани исфрлања.[2]
Примери на овој вид маглини се: NGC 6888, NGC 2359 и NGC 3199. Некои Волф-рајеови маглини имаат истакната спирална структура, на пример WR 104, маглини кои порано биле класифицирани како вртелешки .
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Chu, Y.-H. (1981). „Galactic ring nebulae associated with Wolf-Rayet stars. I - Introduction and classification“. Astrophysical Journal. 249: 195. Bibcode:1981ApJ...249..195C. doi:10.1086/159275.
- ↑ Toalá, J. A.; Guerrero, M. A.; Ramos-Larios, G.; Guzmán, V. (2015). „WISE morphological study of Wolf-Rayet nebulae“. Astronomy & Astrophysics. 578: A66. arXiv:1503.06878. Bibcode:2015A&A...578A..66T. doi:10.1051/0004-6361/201525706.
|