Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Вторичен извор

Од Википедија — слободната енциклопедија

Вторичен извор или секундарен извор[1][2][3] — поим во информациската наука и науката воопшто кој претставува документ или запис во кој се пренесени информации со кои може да се дојде до првичните извори, а делумно и во третичните.

Причината за настануање на овој тип на извори на информации лежи во тоа што пребарувањето по потребните научни информации може да биде макотрпно со оглед на огромниот број изводи на првични информации. За да се олесни пребарувањето низ првичните извори на информации развиени се посебен вид на публикации кои се нарекуваат реферативни списанија (реферираат, односно ги пренесуваат најбитните информации од првичните извори) или реферативни бази на податоци. Нивната задача е да служат како водич низ литературата.

Во вторичните извори на информации обично се пренесуваат најбитните информации со кои може да се дојде до дадениот првичен извор на информации.

Некои видови на вторични извори на информации во науката

[уреди | уреди извор]

Најчесто вторичните извори на научни информации се делат на:

  1. Регистри на наслови,
  2. Регистри на изводи,
  3. Прегледи (или ревии),
  4. Каталожни картички и библиотечни каталози,
  5. Експресни информации и тековни предупредувања.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Primary, Secondary and Tertiary Sources, UM Libraries“. Архивирано од изворникот на 2009-12-30. Посетено на 2009-02-13.
  2. „JCU - Primary, Secondary & Tertiary Sources“. Архивирано од изворникот на 2005-02-12. Посетено на 2009-02-13.
  3. Л. Шоптрајанова, М. Стефова, И. Кузмановски, Извори и користење на хемиски информации, Просветно дело, Скопје, 1999, 24.