Година на спокојното сонце
„Година на спокојното сонце“ (полски: Rok spokojnego słonca) - полски филм од 1984 година во режија на Кшиштоф Зануси, кој е и автор на сценариото. Улогите ги играат: Маја Коморовска, Скот Вилсон, Хана Скарзанска, Ева Далковска итн. На Венецијанскиот филмски фестивал, Зануси ги освоил наградите „Пазинети“ и „Златен лав“.[1]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Дејството на филмот се одвива во Полска по Втората светска војна. Норман (го игра Вилсон) е американски војник кој е испратен во мисија да ги пронајде закопаните тела на американските војници кои биле заробени и убиени од нацистите за време на војната. Случајно, тој ја забележува Емилија (ја игра Коморовска), веднаш се вљубува во неа и ја посетува во нејзиниот дом. На почетокот, таа се колеба, но ја прифаќа неговата љубов. Норман сака да ги префрли Емилија и нејзината болна мајка (ја игра Скарзанска) во САД, но посредникот кој треба да го организира бегството преку границата одбива да ја пренесе старицата. Поради тоа, мајка ѝ намерно ја предизвикува својата смрт, но Емилија ја открива нејзината жртва и поради тоа останува во Полска, а своеот место ѝ го отстапува на сосетката. По заминувањето на Норман, остатокот од животот таа го минува во женски манастир. Еден ден, таа добива известување дека Норман ѝ пратил пари за да отпатува во САД. Тогаш, Емилија веднаш се подготвува за патувањето, но чувствува силна болка во градите...[2]