Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Ел Салвадор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Република Ел Салвадор
República de El Salvador  (шпански)
Знаме Грб
Гесло„Dios, Unión, Libertad“  (шпански)
македонски: „Господ, Единството, Слободата“
ХимнаHimno Nacional de El Salvador
(македонски: Државна химна на Ел Салвадор)

Местоположба на Ел Салвадор
Местоположбата на Ел Салвадор
Главен град
(и најголем)
Сан Салвадор
Службен јазик шпански
Народности 
Демоним Салвадорци

(Салвадорец/Салвадорка)

Уредување Унитарна претседателска република
 •  Претседател Најиб Букеле
 •  Потпретседател Феликс Улоа
Законодавство Законодавно собрание
Независност
 •  објавена од шпанска управа 15 септември 1821 
 •  објавена од
ФРСА
12 јуни 1824 
 •  меѓународно признавање[2] 18 февруари 1841 
Површина
 •  Вкупна 21,041 км2 (148-та)
 •  Вода (%) 1.5
Население
 •  проценка за 2024 г. 6,868,000 
 •  Густина 303.1 жит/км2 (47-ма)
БДП (ПКМ) проценка за 2024 г.
 •  Вкупен $79.2 милијарди 
 •  По жител $14,178 
БДП (номинален) проценка за 2024 г.
 •  Вкупно $41.2 милијарди 
 •  По жител $6,728 
Џиниев коеф. (2019)positive decrease 38.8[3]
среден
ИЧР (2024) 0.707[4]
висок
Валута
Часовен појас ЦВЗ (UTC−6)
Се вози на десно
НДД .sv
Повик. бр. +503
а. Во употреба е американскиот долар. Финансиските информации може да се изразат во американски долари и салвадорски колон, но колонот не е во оптег.[8]

Ел Салвадор или само Салвадор (шпански: El Salvador), службено Република Ел Салвадор (República de El Salvador) е независна држава во копнениот дел на Средна Америка. Ел Салвадор е најмалата држава во копнениот дел од овој регион, а воедно е и најгусто населена средноамериканска држава. Ел Салвадор се граничи со Хондурас на североисток, со Гватемала на северозапад, а на југ излегува на Тихиот Океан. Главен град на Ел Салвадор е градот Сан Салвадор, кој воедно е и најголем град во државата. Според податоците од 2016 година, Ел Салвадор имал население од околу 6.34 милиони жители.[9] Службен и најзборуван јазик во државата е шпанскиот.

Со векови територијата на Ел Салвадор била населена од американски староседелци, особено народите Пипилци, Ленканци и Маи. На почетокот на 16 век, Шпанската Империја веќе презела конкретни воени походи за освојување на, за нив, новооткриениот континент. Така, набрзо територијата на Ел Салвадор била анектирана од страна на Шпанската Империја и влегла во состав на Вицекралството Нова Шпанија со седиште во Мексико. Сепак, иако административно дел од вицекралството, сепак Мексико немал значаен удел или влијание во секојдневниот живот на луѓето од Средна Америка. Во 1609 година се реорганизирала административната поделва на Империјата и се основала Генералната капетанија Гватемала. Ел Салвадор бил дел од оваа капетанија сè до независноста од Шпанија во 1821 година. Сепак, Ел Салвадор не бил сосема независен од туѓо влијание бидејќи првично бил дел од Првата Мексиканска Империја, а со распадот на оваа Империја се создала Федералната Република на Средна Америка во 1823 во која Ел Салвадор бил рамноправен член. Федерацијата се распаднала во 1941 година и Ел Салвадор станал независна држава. Многу набрзо, Ел Салвадор, Хондурас и Никарагва направиле сојуз и нова политичка формација наречена Голема Република на Средна Америка. Оваа република траела од 1895 до 1898 година.[10][11][12] Од тогаш државата функционира како независна суверена република.

Од кон крајот на 19 век па до средината на 20 век, Ел Салвадор трпел хронична политичка и економска нестабилност, која била испреплеена со државни удари, револти и авторитарни управители. Постојаната социјална и економска нееднаквост во државата кулминирала со разорната Салвадорска граѓанска војна која траела од 1979 до 1992 година. Оваа граѓанска војна била воглавно помеѓу владата предводена од военото раковоство на Ел Салвадор и коалицијата на левоориентираните герилски групи. Конфликтот завршил со потпишувањето на мировниот договор од Чапултепек. Со овој договор се воспоставил повеќепартиски уставен систем.

Економијата на Ел Салвадор историски гледано била под доминација на земјоделството. За време на колонијалниот период најзначаен производ или култура која се одгледувала во државата било растението индигофера.[13][14] Покрај тоа растение, во државата (тогаш колонијата) се одгледувало и кафето, а тоа производство до средината на 20 век сочинувало околу 90% од вкупниот извоз на државата.[15][16] Во скоро време Ел Салвадор ја намалил зависноста од производството на кафе и државата презела мерки за зголемување на разновидноста на економијата преку отворање на трговски и финансиски врски и преку проширувањето на прозиводството.[17]

Ел Салвадор се рангира на 16 место помеѓу латиноамериканските држави во поглед на Индексот на човеков развој и четврта во Средна Америка, воглавно поради тековната нагла индустријализација.[18]

Потекло на поимот

[уреди | уреди извор]

Освојувачот (Конкистадор) Педро де Алварадо ја именувал новата покраина на тогашната Шпанска Империја во чест на Исус Христос Спасителот (El Salvador значи „Спасителот). Целосното име на покраината на шпански јазик било „Provincia De Nuestro Señor Jesus Cristo, El Salvador Del Mundo“ или на македонски „Покраина на нашиот Господ Исус Христос, Спасителот на Светот“. Подоцна ова име било скратено само на „Ел Салвадор“[19]

Историја

[уреди | уреди извор]

Шпанците пристигнале во оваа област во 1524 година и го покориле кралството на Индијанците Куѕатлан и Пипил до 1539 година. Земјата била поделена на две облaсти: Сан Салвадор и Сонсонат кои биле присоединети кон Гватемала. Со крајот на шпанското владеење во 1821 година, Сан Салвадор станал дел од Мексиканската Империја. Со пропаѓање на оваа империја во 1823 г. Сонсонат и Сан Салвадор се здружиле и формирале нова држава Ел Салвадор во рамките на Обединетите Покраини на Средна Америка. Земјата се здобила со независност во 1841 година. Од нејзиното основање Ел Салвадор има долга историја на политичка нестабилност. Моќните економски интереси ја контролирале земјата во текот на XIX и почетокот и почетокот на XX век, но биле заменети со воена диктатура, која траела од 1931 до 1979 г. Новата влада била формирана по изборите кои се одржале во 1982 година, и иако новиот Устав бил усвоен во 1983 година граѓанската војна продолжила во текот на 80-тите години на XX век. Спогодбата од 1992 г. донела мир, но насилството станало голем проблем. И покрај обидите за економски реформи, земјата во XXI век влезе во голема инфлација и невработеност.

Географија

[уреди | уреди извор]

Релјефни одлики

[уреди | уреди извор]
Топографска карта на Ел Салвадор.

Ел Салвадор се наоѓа во средноамериканскиот теснец, на брегот на Тихиот Океан. Вкупната површина на државата е 21.041 километар квадратен. Во правец север-југ државата има максимална ширина од 142 километри, а во правец запад-исток 270 километри. Ел Салвадор е најмалата држава на копнениот дел од Средна Америка. Највисока точка во државата е Серо Ел Пита со 2.730 метри надморска височина, планински врв кој се наоѓа на границата со Хондурас. Главен град, а воедно и најголем град во државата е Сан Салвадор. Ел Салвадор се граничи со Гватемала и Хондурас и вкупната државна копнена граница е 546 километри. Интересен е податокот дека Ел Салвадор е единствената средноамериканска копнена држава која нема излез на Карипското Море. Вкупниот тихоокеански брег на Ел Салвадор изнесува 307 километри.

Ел Салвадор има долга историја на деструктивни земјотреси и вулкански ерупции. Главниот град Сан Салвадор бил уништен двапати, во 1756 и 1854 година, а значително оштетен во 1919, 1982 и 1986 година. На територијата на Ел Салвадор се наоѓаат над дваесет вулкани, од кои Сан Мигел и Изалко биле активно во скоро време. Од раниот 19 век па до средината на 1950-те многу често бил активен што пак резултирало со популарниот прекар „Светилник на Тихиот Океан“.

Низ Ел Салвадор течат над 300 реки, од кои најважна е Рио Лемпа. Реката извира во Гватемала и го сече северниот планински венец, потоа тече низ централните предели на државата кога го пресекува јужниот планински венец и се влева во Тихиот Океан. Оваа е единствена пловна река во Ел Салвадор. Останатите реки во Ел Салвадор се мали, и во однос на километража и во однос на вкупна водена маса.

Покрај реките, во Ел Салвадор има и неколку значајни езера, воглавно опколени од вулкански кратери. Најзначајни езера во државата се езерото Лјопанго (најголемо кратерско езеро) и езерото Коатепенге. Најголемо природно езеро во државата е езерото Гуиха со вкупна површина од 44 км2. Дополнително на тоа, Ел Салвадор има неколку вештачки езера на реката Лемпа, од кои се истакнува Серон Гранде со вкупна површина од 135 км2.

Во Ел Салвадор има два планински венца кои се одделени со централната салвадорска висорамнина. Брегот на Ел Салвадор е тесен. Планинските венци заземаат околу 855 од вкупната површина на Ел Салвадор.

Поглед кон заливот Фонсека од вулканот Кончагва.

Ел Салвадор има тропска клима со изразени влажни и сушни сезони. Температурите во државата може да варираат, но немаат некоја голема разлика од сезона во сезона. Тихоокеанските низини се топли, додека пак средишните предели на земјата имаат поблаги температури. Дождливата сезона во државата започнува од мај до октомври и овој период таму се нарекува „зима“.

Од туристичка гледна точка, најповолен период за посета на државата е за време на сушната сезона или „лето“. Понекогаш се појавуваат и урагани поради Тихиот Океан.

Административна поделба

[уреди | уреди извор]
Области во Ел Салвадор

Ел Салвадор е поделен на 14 области (departamentos), кои се делат на 262 општини (municipios).

Областите со кратенки:

  1. AH Ахуачапан
  2. CA Кабањас
  3. CH Чалатенанго
  4. CU Кускатлан
  5. LI Ла Либертад
  6. PA Ла Паз
  7. UN Ла Унион
  8. MO Моразан
  9. SM Сан Мигел
  10. SS Сан Салвадор
  11. SV Сан Висенте
  12. SA Санта Ана
  13. SO Сонсонате
  14. US Усулутан

Демографија

[уреди | уреди извор]

Бројот на населението на Ел Салвадор бил 6.344.722 во 2016,[9]. Во 1950 година, Ел Салвадор имал само 2,200,000 жители. Процентот на населението помладо од 15 години во 2010 изнесувал 32.1%, 61% биле на возраст од 15 и 65 години, а само 6.9% биле постари од 65 години.[20]

Главниот град на Ел Салвадор, Сан Салвадор, има население од 2.1 милиони луѓе. Се проценува дека околу 42% од населението на Ел Салвадор живее во руралните средини. Сепак, во скоро време се забележува забрзана урбанизација на населението.

Во Ел Салвадор живеат околу 100.000 Никарагвајци.[21]

Етнички групи

[уреди | уреди извор]

Населението на Ел Салвадор е составено од местици, белци и староседелци. Околу 86 проценти од населението се местици, односно луѓе со мешано потекло од белци и староседелци.[22] Во салвадорски контект, местици се сметаат луѓе кои имаат европско, африканско потекло, кои не зборуваат на некој староседелски јазик или имаат староседелска култура.[23]

12.7% од Салвадорците се белци. Голем дел од ова бело население се доселеници од Средна Европа, по Втората светска војна, особено од државите Чехија, Германија, Унгарија, Полска и Швајцарија. Покрај нив, во Ел Салвадор дошле и Евреи, арапски христијани и Палестинци.

Само 0.23% од салвадорското население е чисто староседелско. Мал е бројот на староседелци кои целосно ги задржале културните обичаи и традиции поради претопувањето во доминатното местичко население.[24]

Службен јазик на територијата на Ел Салвадор е шпанскиот, кој воедно се зборува од скоро сите жители во државата. Некои староседелци зборуваат староседелски јазик како мајчин, но тој број е многу мал.[25] Локалниот дијалект на шпанскиот во Ел Салвадор разговорно се нарекува „каличе“. Салвадорците користат „voseo“, заедничка одлика со Аргентина, Костарика, Никарагва и Уругвај. .

Религија

[уреди | уреди извор]
Религија во Ел Салвадор
религија %
Католици
  
58 %
Протестанти
  
35 %
нема
  
6 %
други
  
2 %

Мнозинството од населението на Ел Салвадор се Христијани. 58% од Христијаните се Католици, а 35% од Христијаните се Протестанти. Католичката црква е најголема христијанска деноминација во земјата.[26] Бројот на населението кое не припаѓа на ниту една верска определба изнесува 6%.[26] Остатокот од населението, околу 2%, се Јеховини Сведоци, Харе Кришна, Муслимани, Евреи, Будисти и следбеници на локални староседелски религии.[26]

Населени места

[уреди | уреди извор]

Најголемите градови во Ел Салвадор се прикажани во подолната табела.

 
Најголеми градови во Ел Салвадор
Порценки за 2007 глодина.[27]
Бр. Департмани Нас. Бр. Департмани Нас.
Сан Салвадор
Сан Салвадор
Санта Ана
Санта Ана
1 Сан Салвадор Сан Салвадор 540,989 11 Колон Ла Либертад 96,989 Сојапанго
Сојапанго
Сан Мигел
Сан Мигел
2 Санта Ана Санта Ана 245,421 12 Тонакатепеке Сан Салвадор 90,896
3 Сојапанго Сан Салвадор 241,403 13 Опико Ла Либертад 74,280
4 Сан Мигел Сан Мигел 218,410 14 Чалчуапа Санта Ана 74,038
5 Санта Текла Ла Либертад 164,171 15 Усулутан Усулутан 73,064
6 Мехиканос Сан Салвадор 140,751 16 Сан Мартин Сан Салвадор 72,758
7 Апопа Сан Салвадор 131,286 17 Сонсонате Сонсонате 71,541
8 Делгадо Сан Салвадор 120,200 18 Изалко Сонсонате 70,959
9 Ауачапан Ауачапан 110,511 19 Кускатанкинго Сан Салвадор 66,400
10 Лјопано Сан Салвадор 103,862 20 Метапан Санта Ана 65,826

Музиката во Ел Салвадор е под влијание на музиката на повеќе држави, пред сѐ на шпанската музика. Музиката содржи и религиозни песни (песни кои најмногу се пеат при славењето на Божиќ и на останатите празници). Сатиричните елементи се многу често застапени во музиката. Исто така кубанската, колумбиската и мексиканската музика имаат големо влијание врз музиката во Ел Салвадор. При изведба на музиката се користат инструменти како што се флејти, тапани, гитара и други многубројни инструменти.

Најпопуларен спорт во Ел Салвадор е фудбалот. Фудбалската репрезентација на Ел Салвадор се квалификувал на светското фудбалско првенство во 1970 и 1982 година. Квалификациите за светското првенство 1970 година била нарушени поради фудбалската војна, војната со Хондурас, тим кој бил поразен од Ел Салвадор. Репрезентацијата домашните натпревари ги игра на стадион во Сан Салвадор. Стадионот е изграден во 1976 година и има 53.400 седишта, што го прави најголем стадион во Средна Америка и Карибите.

Ел Салвадор како мотив во популарната култура

[уреди | уреди извор]
  1. „CIA The World Factbook: People and Society – El Salavador“. Архивирано од изворникот на 2018-12-27. Посетено на 2008-11-25.
  2. David Scott FitzGerald (22 April 2014). Culling the Masses. Harvard University Press. стр. 363. ISBN 978-0-674-36967-2.
  3. „GINI index (World Bank estimate)“. data.worldbank.org. World Bank. Посетено на 7 March 2019.
  4. „2018 Human Development Report“. United Nations Development Programme. 2018. Архивирано од изворникот на 2018-09-14. Посетено на 14 September 2018.
  5. „Main Aspects of the Law“. Архивирано од изворникот на 8 July 2007. Посетено на 8 July 2007.
  6. „Bitcoin, now legal tender in El Salvador, greeted with tech problems, volatility concerns“. AP News. 7 September 2021. Посетено на 12 September 2021 – преку CBC News.
  7. „Bitcoin suffers hefty loss after chaotic El Salvador debut“. Reuters. 8 September 2021. Посетено на 12 September 2021 – преку Global News.
  8. „Main Aspects of the Law“. Архивирано од изворникот на July 8, 2007. Посетено на 2007-07-08.. bcr.gob.sv
  9. 9,0 9,1 „Изгледи за светското население: Преработка за 2017 г.“. ESA.UN.org. Оддел за економски и социјални работи на ООН, Отсек за население. Посетено на 10 September 2017. (англиски)
  10. Roy Boland (1 January 2001). Culture and Customs of El Salvador. Greenwoo Publishing Group. стр. 2. ISBN 978-0-313-30620-4.
  11. Maureen Ihrie; Salvador Oropesa (20 October 2011). World Literature in Spanish: An Encyclopedia [3 volumes]: An Encyclopedia. ABC-CLIO. стр. 332. ISBN 978-0-313-08083-8.
  12. Jeanne M. Haskin (2012). From Conflict to Crisis: The Danger of U.S. Actions. Algora Publishing. стр. 152. ISBN 978-0-87586-961-2.
  13. Tommie Sue Montgomery (1995). Revolution in El Salvador: From Civil Strife to Civil Peace. Westview Press. стр. 27. ISBN 978-0-8133-0071-9.
  14. Kevin Murray (1 January 1997). El Salvador: Peace on Trial. Oxfam. стр. 8–. ISBN 978-0-85598-361-1.
  15. Roy Boland (1 January 2001). Culture and Customs of El Salvador. Greenwood Publishing Group. стр. 8. ISBN 978-0-313-30620-4.
  16. Thomas L. Pearcy (2006). The History of Central America. Greenwood Publishing Group. стр. 43. ISBN 978-0-313-32293-8.
  17. Erin Foley; Rafiz Hapipi (2005). El Salvador. Marshall Cavendish. стр. 43. ISBN 978-0-7614-1967-9.
  18. Jeni Klugman (2010). „Human Development Report 2010“ (Report). Palgrave Macmillan. стр. 152. Посетено на 18 October 2013.
  19. El Salvador: The People and Culture, by Greg Nickles, pg.6
  20. Population Division of the Department of Economic and Social Affairs of the United Nations Secretariat, World Population Prospects: The 2012 Revision Архивирано на 6 мај 2011 г.
  21. „The Nicaragua case_M Orozco2 REV.doc“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-05-11. Посетено на 2010-05-02.
  22. „CIA – The World Factbook – El Salvador“. CIA. Архивирано од изворникот на 2018-12-27. Посетено на 2013-10-12.
  23. EL SALVADOR Visa Application – Tourist Visas, Business Visas, Expedited Visas – El Salvador Page Архивирано на 1 декември 2010 г.
  24. „Jose Napoleon Duarte, Hernandez Martinez, Ungo, Matanza, Central American Common Market, CACM, urban middle class, Christian Democratic Party, powerful families, death squads, Organization of American States, PRUD, International Court Of Justice, urban center, rapid population growth“. countriesquest.com. Архивирано од изворникот на 2015-05-18. Посетено на 2019-09-19.
  25. Ethnologue report for language code:kek. Ethnologue.com. Retrieved 2012-07-28.
  26. 26,0 26,1 26,2 „International Religious Freedom Report for 2012“. U.S. State Department. Посетено на 2014-03-27.
  27. „2007 El Salvador Bureau of Statistics estimate“ (PDF). General (Salvadoran) Institute of Statistics and Census. April 2008. Посетено на 2 September 2011.[мртва врска]
  28. Minutemen – The Punch Line (пристапено на 9.4.2023)

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Background Notes: El Salvador
  • Bonner, Raymond. Weakness and Deceit: U.S. Policy and El Salvador. New York: Times Books, 1984.
  • CIA World Factbook Архивирано на 27 декември 2018 г., "El Salvador", February 28, 2008. Retrieved March 6, 2008.
  • "Country Specific Information", U.S. State Department, October 3, 2007. Retrieved March 6, 2008.
  • Danner, Mark. The Massacre at El Mozote: A Parable of the Cold War. New York: Vintage Books, 1994.
  • Foley, Erin. 'Cultures of the world, El Salvador. 1995
  • Montgomery, Tommie Sue. Revolution in El Salvador: From Civil Strife to Civil Peace. Boulder, Colorado: Westview Press, 1995.
  • Rosa, Audrey Celeste (1998). The courage to change: Salvadoran stories of personal and social transformation (El Salvador) (M.A. thesis). Wilfrid Laurier University.
  • Stadler, Sidney. It Started with an Oyster: The Memoirs of Sidney M. Stadler, CBE. Penna Press 1975. Autobiography of a British businessman and diplomat in El Salvador, with much on Salvadoran society and politics from the 1920s to 1950s.
  • Vilas, Carlos. Between Earthquakes and Volcanoes: Market, State, and the Revolution America. New York: Monthly Review Press. 1995.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]


Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>.