Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Ескилстуна

Координати: 59°21′59″N 16°30′30″E / 59.36639° СГШ; 16.50833° ИГД / 59.36639; 16.50833
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ескилстуна
Реката Ескилстунаон со стариот град
Реката Ескилстунаон со стариот град
Ескилстуна is located in Шведска
Ескилстуна
Ескилстуна
Координати: 59°21′59″N 16°30′30″E / 59.36639° СГШ; 16.50833° ИГД / 59.36639; 16.50833
Држава Шведска
ПокраинаСедерманланд
ОкругСедерманланд
ОпштинаЕскилстуна
Основан1659 година
Површина[1]
 • Вкупна31,05 км2 (1,199 ми2)
Надм. вис.&1000000000000002600000026 м
Население (јануари 2016 г.)[1]
 • Вкупно102,157
 • Густина2.083/км2 (5,390/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски факс630 03 to 638 21
Повик. бр.(+46) 16
Мреж. местоМатична страница

Ескилструна — град и седиште на истоимената општина, во округот Седерманланд, во Шведска.

Во 2016, во градот живееле 102 157 лица.[1] Ескилстуна има голема финска популација.[2] Градот се наоѓа на реката Ескилстунаон, која ги спојува езерата Јелмарен и Меларен.

Ескилстуна е член на европската мрежа на градови Eurotowns.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]
Црквата Клостерс во Ескилстуна

Историјата на градот датира од средниот век кога англискиот монах Свети Ескил во селото „Туна“ основал свое живеалиште и епархија на јужниот брег на езерото Меларен. Свети Ескил бил каменуван до смрт од пагани викинзи од соседниот град Стренгнес, 30 километри источно од Ескилстуна, обидувајќи се да ги претвори во христијани. Свети Ескил бил погребан во својата манастирска црква во Туна. Подоцна паганскиот град Стренгнес бил христијанизиран и ја добил привилегијата да стане епархија на јужното езеро Меларен. Подоцна „Ескил“ бил додаден на зборот „Туна“. Сепак, градот Ескистуна не добил општински привилегии поради блискоста до средновековниот град Торшхела. Манастирот на Свети Ескил бил целосно уништен од шведскиот крај Густав I во текот на протестантската реформација и бил заменет со кралскиот замок на династијата Ескилстуна.

Првите градски привилегии на градот му бие доделени во 1659 година, и во неговите граници биле вклучени Тунафорс и новосоздадениот град Карл Густав Стад („Karl Gustavs Stad“), сместен на западниот брег од реката. Карл Густав Стад бил изграден околу железните ковачници на мајстор ковачот Реинхолд Радемахер, во чест на кралот Карл V Густав.

Реката Ескилстунаон

Карл Густав Стад бил слободен град од 1771 година, каде на произведувачите и занаетчиите им било дозволено да основаат работилници без да плаќаат данок. Градот бил споен со остатокот од Ескилстуна во 1979 година.

Градот се зголемил енормно во текот на индустриската револуција и станал еден од најважните индустриски градови во Шведска, добивајќи го прекарот „Stålstaden“ („град на челик“). Настрана од оружјето, градот исто така произведувал прибор за јадење, ножици, клучеви и алати. Во чест на челичната индустрија, лик на работник во челичарница е вклучен во грбот на градот. Ескилстуна понекогаш се нарекува Шведски Шефилд, споредена со Шефилд кој бил (многу поголем) индустриски град познат по квалитетот (и квантитетот) на произведениот челик.

Економија

[уреди | уреди извор]

Ескилстуна сè уште е важен индустриски град и во градот функцонираат меѓународно познати компании како Волво (производство на товарачи), Аса (производство на брави, клучеви), и Оутокумпу (производство на не’рѓосувачки челик).

Универзитетот Мелардален (Mälardalens högskola), основан во соработка со соседниот град Вестерос, има кампус во градот. Во градот исто така има золошка градина и забавен парк - Parken Zoo, кој е во сопственост на општината.

Болницата во градот е една од најголемите во регионот, вработувајќи околу 3000 лица.

Климатски податоци за Ескилстуна
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 8
(46)
10
(50)
19
(66)
23
(73)
27
(81)
32
(90)
35
(95)
33
(91)
27
(81)
21
(70)
15
(59)
10
(50)
35
(95)
Прос. висока °C (°F) −2
(28)
−1
(30)
2
(36)
10
(50)
15
(59)
20
(68)
22
(72)
19
(66)
14
(57)
8
(46)
4
(39)
−1
(30)
10
(50)
Сред. дневна °C (°F) −4
(25)
−3
(27)
−1
(30)
6
(43)
10
(50)
14
(57)
18
(64)
16
(61)
11
(52)
5
(41)
2
(36)
−3
(27)
6
(43)
Прос. ниска °C (°F) −6
(21)
−7
(19)
−3
(27)
3
(37)
6
(43)
10
(50)
15
(59)
13
(55)
8
(46)
3
(37)
0
(32)
−5
(23)
4
(39)
Најниска забележана °C (°F) −37
(−35)
−27
(−17)
−20
(−4)
−12
(10)
−6
(21)
−1
(30)
5
(41)
3
(37)
−1
(30)
−13
(9)
−23
(−9)
−30
(−22)
−37
(−35)
Извор бр. 1: SMHI
Извор бр. 2: Swedish Wikipedia

Население

[уреди | уреди извор]

Ексилстуна е денес град со средна големина за шведски услови. Градот има околу 65.000 жители (податок од 2010 г.), а градското подрачје, т.е. истоимената општина има околу 98.000 жители (податок од 2012 г.). Последните децении бројот на жители во градот расте.

До средината на 20. век, Ескилстуна бил населуван главно од етнички Швеѓани. Меѓутоа, со порастот на преселбите во земјата, населението во градот станало мешано. Посебно се бројни Финците, кои сочинуваат 15% од градското население (најголем процент од сите општини во Шведска). Денес Ескилстуна е еден од космополитиските градови во Шведска.

  1. 1,0 1,1 1,2 „Tätorternas landareal, folkmängd och invånare per км2 2005 och 2010“ (шведски). Statistics Sweden. 14 December 2011. Архивирано од изворникот 2012-01-10. Посетено на 10 January 2012.
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2007-12-19. Посетено на 2016-10-10.
  3. „Eurotowns“.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]