Зајдисонце
Зајдисонце[1], залез[2] или заод[3] – заоѓање на Сонцето зад хоризонтот заради Земјината ротација. Гледано од Екваторот, при рамноденица Сонцето зајдува точно на запад и во пролет и во есен. Гледано од средни географски ширини, локалното летно Сонце зајдува на северозапад во северната полутопка, но на југозапад во јужната полутопка.
Времето на зајдисонце е дефинирано во астрономијата како момент кога горниот крај на Сонцето исчезнува под хоризонтот. Во близина на хоризонтот, рефлексијата на атмосферата предизвикува зраците од сончевата светлина зраци да бидат искривени до тој степен што геометриски сончевиот диск е веќе околу еден пречник под хоризонтот кога се забележува зајдисонце.
Зајдисонцето се разликува од самракот, кој е поделен во три етапи, првиот се нарекува граѓански самрак, започнува откако Сонцето ќе исчезне под хоризонтот и продолжува додека не се спушти до 6 степени под хоризонтот; втората фаза е наутички самрак, помеѓу 6 и 12 степени под хоризонтот, а третиот е астрономски самрак, кој е период кога Сонцето е помеѓу 12 и 18 степени под хоризонтот.[4] "Примрак" е на самиот крај на астрономскиот самрак, и е најтемниот момент на самракот пред ноќта.[5] Ноќта се јавува кога Сонцето достигнува 18 степени под хоризонтот и веќе не го осветлува небото.
Локациите посеверно од Северниот Поларник и појужно од Јужниот Поларник не доживуваат полно зајдисонце или изгрејсонце најмалку еден ден во годината, кога поларниот ден или поларната ноќ продолжува континуирано 24 часа, но целосна поларна ноќ се јавува само на географска ширина од повеќе од 72,5 степени.
Зајдисонцето создава уникатни атмосферски услови како што се често интензивната портокалова и црвена боја на Сонцето и околното небо.
Појава
[уреди | уреди извор]Времето на зајдисонце варира во текот на годината и е определено од позицијата на посматрачот на Земјата, одредена со географската должина и ширина, како и надморската височина. Мали дневни промени и забележливи полугодишни промени во времето на зајдисонце се должат на осниот наклон на Земјата, дневната ротација на Земјата, движењето на планетата во нејзината годишна елиптична орбита околу Сонцето и поврзаните револуции на Земјата и Месечината. Во текот на зимата и пролетта, деновите стануваат подолги и зајдисонцето доаѓа сè подоцна секој ден до денот на најдоцното зајдисонце, што се јавува по летната долгодневица. Во северната полутопка, најдоцното зајдисонце се појавува кон крајот на јуни или во почетокот на јули, но не на долгодневицата на 21 јуни. Овој датум зависи од географската ширина на која се наоѓа посматрачот (поврзан со побавното движење на Земјата, околу афелот, што се случува околу 4 јули). Слично, најраното зајдисонце не се појавува на краткодневицата, туку околу две недели порано, повторно во зависност од географската ширина на посматрачот. Во северната полутопка, се јавува во почетокот на декември или крајот на ноември (под влијание на побрзото движење на Земјата околу перихелот, што се случува околу 3 јануари).
Аналогно, истиот феномен постои во Јужната Полусфера, но со соодветни промени на датумите, со најраното зајдисонце што се случува некое време пред 21 јуни во зима, и најдоцното зајдисонце што се случува некое време по 21 декември во лето, повторно зависно од географската ширина. Неколку недели околу двата сонцестоја, и изгрејсонцето и зајдисонцето се јавуваат малку подоцна секој ден. Дури и на екваторот, изгрејсонцето и зајдисонцето се менуваат неколку минути напред и назад во текот на годината, заедно со сончевото пладне. Овие ефекти се претставуваат со аналема.[6][7]
Занемарувајќи ја атмосферското прекршување и ненуловата големина на Сонцето, кога и каде и да се случи зајдисонце, тоа секогаш е во северозападниот квадрант од мартовската до септемвриската рамноденица, и во југозападниот квадрант од септемвриската до мартовската рамноденица. Зајдисонцата се случуваат речиси точно долж запад на рамноденицата за сите посматрачи на Земјата. Точните пресметки на азимут на зајдисонце на други датуми се комплексни, но со разумна точност може да се проценат со помош на аналема.
Бидејќи изгрејсонцето и зајдисонцето се пресметуваат од водечкиот и крајниот раб на Сонцето соодветно, а не според центарот, времетраењето на денот е малку подолг од ноќта (отприлика 10 минути за умерените географски ширини). Исто така, бидејќи Сончевата светлина се прекршува кога поминува низ Земјината атмосфера, Сонцето е сè уште видливо откако геометриски е под хоризонтот. Рефракцијата исто така влијае на изгледот на обликот на Сонцето кога тоа е многу блиску до хоризонтот. Таа делува така што нештата да изгледаат повисоко на небото отколку што се навистина. Светлината од долниот раб од Сончевиот диск повеќе се прекршува од онаа на горниот, бидејќи рефракцијата се зголемува како што аголот на елевација се намалува. Ова ја поткрева привидната позиција на долниот раб повеќе отколку на горниот, смалувајќи ја привидната висина на Сончевиот диск. Неговата ширина е непроменета, па дискот изгледа поширок отколку што е висок. (Во стварност, Сонцето е скоро точно сферично.) Сонцето исто така изгледа поголемо на хоризонтот, оптичка мамка, слична на Месечевата мамка.
Местата посеверно од Северниот и појужно од Јужниот Поларник барем еден ден во годината немаат зајдисонце или изгрејсонце, кога поларниот ден или поларната ноќ траат непрекинато 24 часа.
Залезот како тема во уметноста
[уреди | уреди извор]- „Залезот на сонцето“ - драма на советскиот писател Исак Бабел од 1928 година.[8]
- „Зајдисонце“ - песна на францускиот поет Пол Верлен.[9]
- „Сончевиот залез“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[10]
- „Залез“ - песна на рускиот поет Александар Прокофјев од 1945 година.[11]
- „Залез“ — песна на македонскиот писател Бошко Смаќоски.[12]
- „Западот на Сонцето“ - песна на германскиот поет Хајнрих Хајне.[13]
- „Залезот на Сонцето“ - песна на германскиот поет Хајнрих Хајне.[14]
- „Зајдисонце“ - книга на македонската писателка Катерина Џатева.[15]
- „Зајдисонце“ (англиски: Sunset) — песна на британската рок-група Рокси Мјузик (Roxy Music) од 1973 година.[16]
- „Зајдисонце“ (англиски: Sunset) — песна на британската рок-група Swervedriver од 1991 година.[17]
- „Зајдисонце, зајдисонце“ (англиски: Sundown, Sundown) - песна на американското дуо Ненси Синатра (Nancy Sinatra) и Ли Хејзелвуд (Lee Hazlewood) од 1968 година.[18]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Пелистер на зајдисонце
-
Скијачката патека на Пелистер
-
Охридско Езеро
-
Галичица
-
Преспанско Езеро
-
Село Мажучиште
-
Нежилови Стени, Солунска Глава
-
Кокино
-
Овче Поле
-
Беровско Езеро
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „зајдисонце“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „залез“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „заод“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „Definitions from the US Astronomical Applications Dept (USNO)“. Архивирано од изворникот на 2015-08-14. Посетено на 2016-06-17.
- ↑ „Full definition of Dusk“.
- ↑ Starry Night Times – January 2007 (explains why Sun appears to cross slow before early January)
- ↑ The analemma Архивирано на 18 октомври 2006 г., elliptical orbit effect. 'July 3rd to October 2nd the sun continues to drift to the west until it reaches its maximum "offset" in the west. Then from October 2 until January 21, the sun drifts back toward the east'
- ↑ Nada Marinković, „Isak Babelj“, во I. E. Babelj, Crvena konjica. Beograd: Rad, 1969, стр. 123-126.
- ↑ Пол Верлен, Есенска песна. Скопје: Македонска книга, 1987, стр. 14.
- ↑ Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 68.
- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 200.
- ↑ Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 51.
- ↑ Hajnrih Hajne, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 75-76.
- ↑ Hajnrih Hajne, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 59-60.
- ↑ „Читај, патувај, уживај – Саем на книга 2016 – програма на активности“, Антолог, 2016.
- ↑ Discogs, Roxy Music – Stranded (пристапено на 5.4.2024)
- ↑ Swervedriver – Raise (пристапено на 7.4.2024)
- ↑ DISCOGS, Nancy & Lee* – Nancy & Lee (пристапено на 1.3.2020)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Зајдисонце“ на Ризницата ? |
- Зајдисонце на Ризницата
- Full physical explanation in simple terms
- The colors of twilight and sunset
- Complete Sun and Moon Data for One Day Архивирано на 6 април 2011 г. by The United States Naval Observatory
|