Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Извичник

Од Википедија — слободната енциклопедија

Извичник (се пишува и бележи со !) — интерпункциски знак[1]. Со него се бележи извичната интонација, односно различниот интензитет на покачување на тонот[1]. Тонот го покачуваме при изразени чувствени состојби или реакции, повикување, нагласена заповед, забрана, поттик или желба за вршење некое дејство итн[1]. Извичникот не се употребува како правописен знак[1].

Употреба

[уреди | уреди извор]

Извичник се пишува:

  • на крајот од извичните реченици со кои се изразува чувствена состојба или реакција (возбуда, радост, чудење, воодушевеност, изненадување, предупредување, страв, лутина, гнев, итн.);

Примери: Земјо моја, татковино мила!

Оди си!

Каква убавина!


  • на крајот од речениците со кои се искажува заповед или забрана за вршење некое дејство;

Пример: Дојди ваму веднаш! Немој да излегуваш!


  • на крајот од извични реченици со кои се изразуваат желба или поттик за вршење (или невршење) на некое дејство;

Пример: А да дојдеше кај мене! Ајде да работиме!


  • за изразување благослови и клетви;

Пример: Живи и здрави! Од убаво да не куртулите! Оган да ги изгори!


  • на крајот или во средина на реченица преземена во директен говор;

Пример: Во училната се слушаше: „Фати го! Грабни го!“ и трескање на вратата на крајот.


  • во нагласени форми за обраќање или повикување;

Примери: Еј! Дојди ваму!

Ученици! Потивко малку!


  • по поздрави и зборови со значење на учтивост, љубезност, предупредување, погрдност;

Пример: Здраво! Добар ден! Мило ми е! Внимавај! Срамота!


  • ад извици со кои се искажуваат разни чувства или служат за имитирање на звуци или животински гласови;

Пример: Оф!, Леле!, Муу!, Мјау!



Извичник може, но не мора да се напише

[уреди | уреди извор]

Во наслови на уметнички дела и медиумски содржини;

пример: Никогаш не оставај ме

Браво! Мини библиотека на отворено!


Повеќе од еден извичник (а најмногу три) се употребуваат

[уреди | уреди извор]

за истакнување на значењето на извичната содржина;

Пример: Врати се, веднаш!!!


Извичник со прашалник се употребува

[уреди | уреди извор]

за зголемување на изразноста на извичната содржина и да се означи чудење. Во зависност од тоа што се истакнува, зачуденоста или прашалноста, тие го менуваат своето место.

Пример: Навистина!? Што зборуваш!?

Зарем и ти не доаѓаш?!



Извичник не се употребува

[уреди | уреди извор]

по заповед или молба прекажани во исказна реченица;

Примери: Ги замолив да ја напишат домашната.

Му свика на детето да не трча.


  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Извичник (!)“. Македонски јазик и литература. Посетено на 30 ноември 2018.