Location via proxy:   [ UP ]  
[Report a bug]   [Manage cookies]                
Прејди на содржината

Илцен

Координати: 52°57′53″N 10°33′57″E / 52.96472° СГШ; 10.56583° ИГД / 52.96472; 10.56583
Од Википедија — слободната енциклопедија
Илцен

Uelzen

Железничката станица во Илцен
Железничката станица во Илцен
Железничката станица во Илцен
Грб на Илцен
Илцен во рамките на Германија
Илцен
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Илцен
Градски единици 16
Градоначалник Јирген Маркварт (независен)
Основни податоци
Површина 135,84 км2
Надм. височина 43 м
Население 33.934 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 250 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. UE
Пошт. бр. 29525
Повик. бр. 0581
Портал www.uelzen.de
Местоположба на градот Илцен во рамките на округот Илцен
Карта
Карта
Координати 52°57′53″N 10°33′57″E / 52.96472° СГШ; 10.56583° ИГД / 52.96472; 10.56583

Илцен (службено наречен: Ханзин град Илцен; германски: Uelzen; долногермански: Ülz’n[2]) — град и административно седиште на истоимениот округ, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Претставува дел од метрополитенската област на Хамбург.

Кога ги добил градските права во 1270 година, Илцен бил познат по името „Левенвалде“. Како член на Ханзата поставен на реката Илменау изградил добра положба со меѓународната трговија. Стариот град поседува многубројни фахверк куќи и има извонредни примери на северногерманската тулна готика.

Окружниот град стекнал регионална слава кога Фриденсрајх Хундертвасер бил избран да ја обнова железничката станица. Градбата била отворена во 2000 година и денес привлекува многубројни туристи.

Географија

[уреди | уреди извор]

Местоположба

[уреди | уреди извор]
Илцен се наоѓа помеѓу бањските места Бад Бевензен и Бад Бодентајх во Линебуршкото Поле

Илцен се наоѓа на работ на Линебуршкото Поле. Поради својата местоположба, градот претставува важен железнички јазол и тука се вкрстуваат линиите Хамбург-Хановер и Бремен-Берлин. Од стопанство значење е и положбата на Страничниот канал на Елба.

Градот е распослан на бреговите на реката Илменау. Околу градот се наоѓаат големи области на природни паркови, шуми, езера и голети.

Градски единици

[уреди | уреди извор]

Кон Ханзиниот град Илцен припаѓаат местата Грос Лидерн, Халигдорф, Хамброк, Ханзен, Ханштет II, Холденштет, Кирхваје], Клајн Зиштет, Мазендорф, Мере, Молцен, Олденштат, Риштет, Рипдорф, Татерн, Ферсен, Вестерваје и Волтерсбург.

Исто така, постојат уште три места во градското јадро, кои имаат статус „други места“: Борне, Клајн Лидерн и Пиперхефен.

Просечната годишна температура изнесува 9,6 °C, а просечните врнежи изнесуваат 660 мм. Просечната температура во јули изнесува 18,6 °C, а во јануари 1,4 °C. Помеѓу април и август има просечно 201 сончев час месечно. Во јули, највисоката температура е до 36,5 °C, а во декември најниската температура до −17,3 °C. Најсув месец е април, додека најмногу врнежи има во јули.

Историја

[уреди | уреди извор]
Илцен од Матојс Меријан Помладиот, околу 1654 година

Градот бил основан околу 1250 година. Во 1270 година, војводата Јохан од Брауншвајг-Линебург, член на велфската династија кој владеел со Кнежевството Линебург од 1252 до 1277 година, му доделил градски права на Илцен.[3] Во средниот век станал активен член на Ханзата.[4] Градските бедеми, изградени во текот на XIV век, првично имале 3 градски порти, ѕидини и ендек. Делови од бедемите се зачувани и ден денес.

Додека Илцен играл мала улога во рамките на Ханзата, постојат докази дека вршел трговија со Ливонија и Шпанија. На 21 октомври 1470 година, Илцен бил домаќин на конвенцијата на Ханзата. Настанот бил особен, бидејќи вообичаено овие годишни настани се одржувале главно во Либек.[5]

Градот станал дел од Изборното кнежевство Хановер во 1708 година, во Кралството Вестфалија во 1807 година, во Кралството Хановер во 1814 година и на пруската покраина Хановер во 1866 година.

Во Илцен се наоѓал нацистички концентрациски камп до 17 април 1945 година. Кампот претставувал подкамп на концентрацискиот камп Нојенгаме.[6]

Политика

[уреди | уреди извор]
Новото Градско собрание

Градски совет

[уреди | уреди извор]

Градскиот совет се состои од 38 избрани членови. Ова е поставениот број за град со големина помеѓу 30.001 и 40.000 жители.[7] Се бираат на локални избори со мандат од 5 години. Тие припаѓале на следниве партии односно здруженија:

Градоначалник

[уреди | уреди извор]
Старото Градско собрание

Градоначалник на Ханзиниот град Илцен од 2014 година е независниот Јирген Маркварт.[8]

  • 1865–1869: Карл Хугенберг
  • 1869–1910: Ернст Ото фон Линзинген
  • 1910–1913: Вилхелм Теодор Мицелбург
  • 1913–1946: Јохан Марија Фарина
  • 19460000: Хајнц Лике (CDU)
  • 1946–1948: Адолф Хохгрефе (SPD)
  • 1948–1950: Хајнц Лике
  • 1950–1952: Адолф Хохгрефе
  • 1952–1961: Хајнц Лике
  • 1961–1963: Адолф Хохгрефе
  • 1963–1964: Хајнц Лике
  • 1964–1972: Алфред Кригер (CDU)
  • 1972–1979: Руди Шретер (SPD)
  • 1979–1981: Ханс-Александер Дрекслер (SPD)
  • 1981–1991: Рудолф Фројн (CDU)
  • 1991–1997: Гинтер Лајферт (SPD)
  • 1997–2001: Гинтер Лајферт
  • 2001–2014: Ото Лукат (SPD)
  • 2014–0000: Јирген Маркварт (независен)

Претставник во Бундестагот

[уреди | уреди извор]

При гласање на претставници во Бундестагот, градот припаѓа на изборната единица Целе-Илцен.

За долносаксонскиот парламент (Landtag), градот припаѓа на единицата Целе-Штат со околината.

Збратимени градови

[уреди | уреди извор]

Илцен е збратимен со следниве градови:

Музејот „Замок Холденштет“

Бројот на културни настани согласно големина на градот е голем и разновиден. Има бројни кина, театар на Илменау (Theater an der Ilmenau), салата Јабелман и куклени театри на Розенмауер.

Вреден за посета е музејот „Замок Холденштет“ (Museum Schloss Holdenstedt), каде се наоѓа музејот за локалната историја. Постојаните изложби вклучуваат мебел од средниот век до арт-нуво, збирка на чаши, дела на сликари и археолошки пронајдоци.

Стопанство

[уреди | уреди извор]
Шеќераната во градот

Најголемата шеќерана на групацијата Нордцукер се наоѓа во Илцен. Обработување околу 20.000 тони шеќерна репка секој ден. Други големи работодавци во градот се „Нестле Шелер“ и млекарницата „Илцена“.

Инфраструктура

[уреди | уреди извор]

Железница

[уреди | уреди извор]

Железничката станица „Хундертвасер“ во градот се наоѓа на источниот крај на Линебуршкото Поле. Одржува линии до градовите Хамбург, Хановер, Линебург, Целе, Брауншвајг, Бремен и Берлин.

Првичната станица била обновена за Експо 2000 по плановите на австрискиот сликар и архитект Фриденсрајх Хундертвасер. Денес, претставува туристичко одредиште на градот.

Во градот се наоѓа окружен суд, кој потпаѓа под надлежност на покраинскиот суд во Линебург и Високиот суд во Целе.

Образование

[уреди | уреди извор]

Во градот се наоѓаат две гимназии, повеќе стручни училишта и шест основни училишта.

Познати луѓе

[уреди | уреди извор]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
  2. Eduard Kück: Lüneburger Wörterbuch. Wortschatz der Lüneburger Heide und ihrer Randgebiete, seit 1900 zusammen mit vielen Mitarbeitern gesammelt und sprachwissenschaftlich sowie volkskundlich erläutert von Professor Dr. Eduard Kück. Dritter Band: S–Z. Neumünster: Karl Wachholtz 1967
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-09-26. Посетено на 2019-11-22.
  4.  Chisholm, Hugh, уред. (1911). „Uelzen“ . Encyclopædia Britannica. 27 (11. изд.). Cambridge University Press. стр. 556.
  5. „Uelzen“. www.hanse.org. Архивирано од изворникот на 2016-06-10. Посетено на 23 април 2018.
  6. Кампот службено се води под број 1491 во официјалниот германски список.
  7. Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., 1 декември 2014.
  8. Einzelergebnisse der Direktwahlen am 25. Mai 2014 in Niedersachsen Архивирано на 3 март 2016 г., abgerufen am 1. Dezember 2014.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]