Инуитски јазици
Инуитски јазици | |
---|---|
Народност: | Инуити |
Географска распространетост: | Алјаска, Северна Канада, Нунавут, Нунатсјавут, Гренланд |
Класификација: | ескимско-алеутски
|
Гранки: | |
Инуитските јазици се американски староседелски јазици кои традиционално се зборуваат во северноамериканскиот Северен Поларник и во одредени делови во Лабрадор, Канада. Сродни јазици на инуитските се јупичките јазици, кои се зборуваат во западна и јужна Алјаска и Рускиот Далечен Исток. Инуитите воглавно живеат во три држави: Гренланд, Канада и САД.
Вкупниот број на Инуити кои ги зборуваат своите мајчини јазици е тешко да се одреди, бидејќи сите пребројувања се засноваат на самоизјаснување при пописите, кои пак може несоодветно да ја прикаже употребата на јазикот. Според пописните проценки на Греналанд, овие јазици (дијалекти) во рамките на државата ги зборуваат околу 50.000 жители. Според проценките во Канада, во државата овие јазици ги зборуваат околу 35.000 жители. Во овие две држави живее мнозинското инуитско население, а има уште околу 7.500 жители во Алјаска кои зборуваат инуитски[1] од вкупно 13.000 Инуити.
Овие јазици се зборуваат од неколку стотина жители во Русија. Додадтно на тоа, се проценува дека има околу 7.000 гренландски Инуити во Данска, најголема инуитска заедница надвор од Гренланд и Канада. Глобално гледано, се проценува дека овие јазици ги зборуваат околу 90.000 луѓе.
Зборовен фонд
[уреди | уреди извор]Зборови за снег
[уреди | уреди извор]Популарно верување е дека Инуитите имаат невообичано голем број зборови за снег. Сепак, ова не е точно и тоа произлегува од несфаќањето на природата на полисинтетичките јазици. Всушност, во инуитските јазици има само неколку основни коренски збиорови за снег: 'qanniq-' ('qanik-' во некои дијалекти), кој често се користи како глаголот „снежи“, и 'aput', што значи „снег“. Инуитските јазици може да создадат многу големи зборови со додавање на повеќе афикси. Овие афикси (наставки) може да модифицираат синтаксни и семантички особини на основниот збор, или пак да функционираат како придавки или прилози.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Indigenous Languages Spoken in the United States (by Language)“. yourdictionary.com. Архивирано од изворникот на 2017-07-23. Посетено на 2012-02-20.
- Alia, Valerie (1994) Names, Numbers and Northern policy: Inuit, Project Surname and the Politics of Identity. Halifax NS: Fernwood Publishing.
- Collis, Dirmid R. F., ed. Arctic Languages: An Awakening ISBN 92-3-102661-5 Available in PDF via the UNESCO website PDF (2.68 MB).
- Greenhorn, Beth Project Naming: Always On Our Minds, Library and Archives Canada, Canada Архивирано на 10 јули 2007 г..
- Mallon, Mick Inuktitut Linguistics for Technocrats Архивирано на 24 мај 2005 г..
- Mallon, Mick (1991) Introductory Inukitut and Introductory Inuktitut Reference Grammar. ISBN 0-7717-0230-2 and ISBN 0-7717-0235-3.
- Okpik, Abe. Disk Numbers. (Okpik received the Order of Canada for his work on Project Surname) [1] Архивирано на 26 јули 2008 г.
- Project Naming Website Архивирано на 10 јули 2007 г..
- Spalding, Alex (1998) Inuktitut: A Multi-dialectal Outline Dictionary (with an Aivilingmiutaq base). ISBN 1-896204-29-5.
- Spalding, Alex (1992) Inuktitut: a Grammar of North Baffin Dialects. ISBN 0-920063-43-8.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Речници
[уреди | уреди извор]- Инуктитутско-англиски речник Архивирано на 29 август 2005 г.
- Нунавутски речник
- Интерактивен инупијачки речник
- Инуктитутски морфолошки список PDF
Општо
[уреди | уреди извор]- Кратка историја на инуктитутската писмена култура Архивирано на 26 септември 2007 г.
- Инуктитутски слогови
- Наш јазик, ние себеси Архивирано на 11 ноември 2005 г.
- Ескимскиот мит за повеќе зборови за снегот. Архивирано на 2 август 2005 г.
- Извештај на третата данска чукотска експедиција Архивирано на 4 јули 2010 г.
- Уникод кодови за слоговите
Оваа статија за ескимско-алеутските јазик е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|