Камерон Дијаз
Камерон Дијаз Cameron Diaz | |
---|---|
Камерон Дијаз во Лондон, 2007 | |
Роден(а) | Камерон Мишел Дијаз |
Занимање | Глумица и модел |
Активен | 1988–1993 (модел) 1993– (глумица) |
Камерон Дијаз (на англиски: Cameron Diaz, родена на 30 август 1972 во Сан Диего, Калифорнија, САД) со целосно име Камерон Мишел Дијаз, е американска филмска актерка и поранешен модел.
На 16 година заминала од својот дом и работела како фото модел, а во следните пет години живеела на различни локации низ целиот свет. Иако без глумечко искуство, во 1944 година дебитира на филмското платно со филмот Маска (Mask), каде што ја толкува понежната половина на глумецот и комичар Џим Кери. После неколку улоги во нискобуџетни и непопуларни филмови нејзината популарност почнала да расте во 1998 кога ја одигра главната улога во романтичната комедија Сите се луди за Мери (There's Something About Mary). Две години подоцна ја игра главната улога во филмот Чарлиевите ангели (Charlie's angels), а во 2001 учествува во филмот „Небо со боја на ванила“ заедно со Том Круз, за подоцна да го даде гласот на принцезата Фиона во популарниот анимиран филм Шрек.
Денеска е една од најплатените глумици во Холивуд, добивајќи 20 милиони долари за продолжението на „Чарлиевите ангели“ со што стана втората глумица, после Џулија Робертс, со толку голема заработка за само еден филм.
Избрана филмографија
[уреди | уреди извор]- Маска (1994) - Тина Карлајал
- Вкусот на Минесота (1996) - Фреди Клејтон
- Глава над водата (1996) - Џим Витсон
- Полошо не може (1998) - Лора Герити
- Сите се луди за Мери (1998) - Мери Џенсен
- Чарлиевите ангели (2000) - Натали Кук
- Небо со боја на ванила (2001) - Џули Џани
- Шрек (2001) - Принцеза Фиона (глас)
- Најслатко суштество (2002) - Кристина Волтерс
- Чарлиевите ангели 2 (2003) - Натали Кук
- Шрек 2 (2004) - Принцеза Фиона (глас)
- Шрек 3 (2007) - Принцеза Фиона (глас)
- Што се случува во Вегас (2008) - Џој Фулер
- Шрек - Forever After (2010) - Принцеза Фиона (глас)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Камерон Дијаз“ на Ризницата ? |
|