Камин
Камин — архитектонски елемент кој се состои од место во кое се наоѓа оган, обично за огрев но понекогаш и за готвење. Местото во кое седи оганот се нарекува ложиште; за издув на гасови се користи оџак или друг пламеник. Додека највеќето камини се направени за соби, има итн. надворешни камини за вечерна топлина, готвење на отворено или за украсни цели.
Употреба
[уреди | уреди извор]Во поладни клими низ светот, каминот или огништето отсекогаш биле централен елемент во домаќинствата, бидејќи на луѓето им дава топлина и опстанок низ зимата. Чувството на директна топлина, како и хипнотичните јазици на дрвениот оган, даваат пријатна атмосфера во ладни услови и денес.
Како резултат на ова луѓето се собираат околу камин за разговор и зацврстување на семејните врски. По работниот ден, ова често е местото каде семејството се собира навечер пред спиење.
Наткаминската полица е централен елемент во украсувањето на една соба. Ова уште одамна овозможувало уникатна можност за архитектот/дизајнерот да создаде личен израз во ентериерот. Историски, наткаминската полица го дефинира стилот во која е уредена целата соба.
Видови камини
[уреди | уреди извор]На многу места јагленот, дрвото и тресет како гориво се заменуваат со почист и побезбеден природен гас или струја. Гасните камини согоруваат по малку од горивото на игрив начин кој го имитира дрвениот оган. Во последно време се користат и самостојни камини без огниште и оџак, кои сепак даваат амбиент и добро и грејат собите.
Многу од новите домови од средна или пониска вредност воопшто не се опремени со камини, бидејќи греењето уште одамна е централно или електрично, а неговата друштвена функција ја имаат заменето медиумите. Некои камини се затворени за да не се користат, со табла врз отворот или плоча врз оџакот, за да не излегува топлиот воздух. Постојат и префабрикувани камини кои се набавуваат заради помалата цена, но се со ограничен избор на стилови и големини. Најтрајни се камините од тули и камен и можат да се направат според точните барања за големина на отворот, длабочина и украсување. Затоа овие се и значително поскапи.
Еден камин може да се состои од некои од или сите следни елементи: основа, огниште, ложиште, наткаминска полица, отвор за пепел, котлен држач, испусник, решетка, надвратник, решетка, натполичник, придушувач, димна комора, грло, пламеник, калаисување, капа и искрофат.
Видови камини се:
- Ѕидан: (камини и оџаци од тула или камен) со или без внатрешно поплочување. Се врши поплочување за да се задржат нагризливите материјали да не го јадат оџакот однатре. Незајакнати ѕидани оџаци не поднесуваат земјотреси.
- Префабрикуван: (произведен) камин со ложиште од лим и метална шипка со двојни или тројни ѕидови која се протега во шасија дрвена рамка со покривка и капа/искрофат за да не упаѓаат птици и да не излегуваат искри. Во полупречник од околу 100 м од солена вода овој тип на камин се нагризува.
Историја
[уреди | уреди извор]Најразлични форми на камин постоеле кај секој народ веќе најмалку 1 милион години. Најпрвите биле огништа во дупки во средиштето на едно живеалиште. Чадот одел низ дупка во покривот. Илјадници години потоа, со развојот на двокатните градби, каминот бил преместен од надворешната страна. Во ова време камините сѐ уште се луфтирале хоризонтално, па чадот го оддувувал ветар нанадвор, но и навнатре. Со цел да се регулира овој проблем измислен е оџакот.
Во 1678 принцот Руперт, внук на Чарлс I, ја подигнал решетката на каминот, и сот тоа го подобрил воздушниот тек и вентилацијата. Во 1700-тите пак гледаме важен напредок на таа технологија. Бен Френклин направил комора со која во голема мера се подобрила ефикасноста на каминот и дрвената печка. Исто така тој го подобрил воздушното струење со тоа што влечење на воздух од подрумот, па вентилирајќи подолг простор при врвот. Во доцниот XVIII век, гроф Румфорд направил камин со високо, но плитко ложиште кое многу подобро го вадело чадот надвор. Ова е основата за современиот камин.
Алатки
[уреди | уреди извор]За камин се користат разни помошни алатки. За внатрешното лежиште на огнот, најчесто среќаваме решетки, труподржач, андирони и лежишта, кои се колевка за горивото. За потпала и средување на оганот, користиме алатки како ожег (за буричкање), мев (дува воздух за распалување), маша (за фаќање жар), кација (лопатка за оргевниот материјал), метла и закачалка за алатите.
Веројатно најважен дел од каминот е железната плоча зад оганот. Добрата плоча не само што го штити ѕидот, туку и ја зголемува ефикасноста на огништето до 50%. Ова е бидејќи плочата од лиено железо зрачи топлина во собата, особено ако е дебело.
Денес има сочувани вакви алатки изработени во Европа пред 1550.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|