Кримски Татари
| ||||||
Вкупен број | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
500.000 - 6.500.000 | ||||||
Подрачја со значајно население | ||||||
Украина | 300.000[1] | |||||
Узбекистан | 188.772[2] | |||||
Турција | 150.000 - 6.000.000[3] | |||||
Романија | 24.137[4] | |||||
Русија | 2.449[5] | |||||
Бугарија | 1.803[6] | |||||
Казахстан | 1.532[7] | |||||
Јазици | ||||||
кримскотатарски, руски, турски, украински | ||||||
Вероисповед | ||||||
ислам (сунити) |
Кримски Татари (кримскотатарски: qırımtatarlar, qırımlar, украински: кримськi татари, кримці, руски: крымские татары) — туркиски народ кој претежно живее во Украина (264.000), Узбекистан (235.000), Романија (22.000), Таџикистан (9.200), Бугарија (5.800), Русија (3.900) итн. Говорат кримскотатарски јазик од групата на туркиските јазици. Во XIII век ја примиле исламската вера, за подоцна Крим да стане еден од најважните исламски центри во светот. Во време на Втората светска војна, Сталин ги раселил по светот.
Прогон
[уреди | уреди извор]Прогонот на Кримските Татари (sürgünlik) е организирана насилна депортација на Кримските Татари од страна на државата во 1944 г. Советските власти организирано ги раселувале Кримските Татари во Узбекистан и останатите делови на државата. Симбол на оваа депортација е парната машина.
Обиди да иселување на Кримските Татари од Крим се појавиле на неколку наврати, дури и пред Крим да биде припоен кон Русија во 1783 година, но сепак тие обиди не биле успешни.[8] Во 1944 г. советските власти одлучиле да ги иселат Кримските Татари од Крим по наредба на Сталин и Лаврентиј Берија, поради активното учество на Татарите во Втората светска војна како колаборационисти на нацистичка Германија. Имено, во јануари 1942 г. Татарите ја формираат Einsatzgruppen 11 која влегува во составот на СС бригадите и е одговорна за етничко чистење во руралните предели на Крим и јужна Украина.[9][10]
Во 2012 г. во Украина постоеле 500.000 муслимани, од кои 300.000 се Кримски Татари.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „2012 Report on International Religious Freedom - Ukraine“. United States Department of State. 20 мај 2013. Посетено на 16 декември 2013.
- ↑ Попис на населението на СССР 1989 — Узбекистан (руски)
- ↑ Crimean Tatars and Noghais in Turkey
- ↑ „Recensamant Romania 2002“. Agentia Nationala pentru Intreprinderi Mici si Mijlocii. 2002. Архивирано од изворникот на 2007-05-13. Посетено на 5 август 2007.
- ↑ Серуски попис на населението 2010: Население по етничка припадност Архивирано на 4 декември 2013 г. (руски)
- ↑ Bulgaria Population census 2001
- ↑ Агентство Республики Казахстан по статистике. Перепись 2009. Архивирано на 1 мај 2012 г. (Национальный состав населения Архивирано на 11 мај 2011 г..rar)
- ↑ Ukraine: A History. University of Toronto Press. 2000. стр. 78. ISBN 0-8020-8390-0.
- ↑ Yitzhak Arad (2009). "The Holocaust in the Soviet Union". U of Nebraska Press, p.211, ISBN 080322270X
- ↑ https://books.google.se/books?id=opCqCwAAQBAJ&pg=PA227&lpg=PA227&dq=tatar+einsatzgruppen&source=bl&ots=ba8WOPI7qF&sig=fEnlnFXcCuLfUIYGt4qLRkDIx0M&hl=sv&sa=X&ved=0ahUKEwjIwOmuhd7MAhWKJSwKHZvDD5wQ6AEILDAD#v=onepage&q=tatar%20einsatzgruppen&f=false
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Оваа статија за народ е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|
|